Потребно е да ми пристигне една пратка како подарок од човек кој живее и испраќа од Лондон до мене во Македонија.
Е сега, никогаш не сум имал потреба за пратка од странство да ми пристигне и не знам како е најдобра опција за да организирам.
Се работи за пратка која е подарок од таа личност од Лондон, се работи за предмет со кој се игра еден спорт кој не е баш популарен кај нас во државава. Се работи за оној стапот со кој се игра спортот снукер, е тој стапот и футрола заштитна за стапот како награда од една страница го освоив, и сега човекот ми кажа да организирам начин на кој сакам да ми биде тоа испратено од Лондон.
1. Кој е начинот тоа да ми стигне од Лондон?
Преку Македонска пошта? Или преку некоја друга пошта?
Ама она ДХЛ сум само слушнал дека се многу скапи како услуга.
Ако одам преку Македонска пошта, секако е посигурно со препорачана пратка да ми испрати човекот.
Дали треба јас одовде од МК да пишам димензии на пакетот, или димензиите ќе ги напише човекот во Лондон кога ќе испраќа?
2. Која е точно вредноста на тој стап не сум сигурен, можам да го прашам човекот. 100 евра р сигурно вредноста а може и накај 200 евра.
3. Тој кога ќе ми испрати од Лондон, внатре ли во пакетотот во пратката ли треба да напише дека е подарок?
И на Англиски и плус и на Македонски јазик ли е потребно е да напише дека е подарок?
Ова во смисла ако е можно да избегнам некои давачки и царини, затоа прашувам.
4. Кога ќе ми стигне пратката во државава, дали треба да одам во некоја царина, царинска испостава, царинска шпедиција?
Или пратката ќе ми јават од пошта да одам директно во пошта да ја подигнам?
5. Колку време е потребно да пристигне од Лондон пратката?
Молам за некој да сподели искуства и информации.

Од она кое ми е познато:
- испраќачот ја впишува вредноста од пратката на пакувањето од пратката, на налепницата врз самата пратка, на која стојат и други податоци за пратката (подарок, ово, оно...), секако на англиски јазик,
- кога пратката ќе пристигне, веројатно ќе биде спакувана соодветно и од „Пошта„ или друг оператор за доставување пратки низ земјава, ќе ти стигне писмо со известување за примената пратка, која ќе треба сам да си ја превзенеш,
- ако операторот бара да платиш се‘ што е потребно (царнина, данок, лежарина...), после праќањата одиш кај операторот да си ја презвемеш пратката,
- „Пошта„ не ги занима дали пратката е подарок или не, едноставно ја контролираат на прием (со скенирање) и проценуваат дали треба и колку треба да платиш,
- и нормално, немој да бидеш изненаЃен ако треба да платиш давачки кои на памет не ти паднале, како што е на пример „лежарината„ во магацинот кај операторот кој ќе ти ја прими пратката.

1. Каде ќе ми пристигне тоа известување за примената стока?
На телефон ќе ми се јават? Или на домашна адреса ќе ми пратат писмено известување?
2. Каде ќе треба да ја преземам пратката?
Дали кај операторот ( Македонска пошта, ДХЛ и слични поштенски сервиси)?
Или ќе треба да одам на цариснки склад?
Ова прашувам, ако во случај ја царинат пратката, дали дури и на царински склад ќе треба да одам.
3. Тоа за плаќање лежарина сум слушнал дека оние од ДХЛ сервисот биле безобразни и повеќе денови оставале пратките да бидат во магацин, за клиентите поскапо да плаќале после.
Затоа и некако не сакам преку тоа ДХЛ да ја организирам работата, и мислев некој од членовите ќе сподели повече искуства со ДХЛ и со таа фамозна лежарина.

1. Ако пратката дојде преку „Пошта„, ќе добиеш (хартиено) писмо од поштарот, со известување и со инструкции што треба да сториш за да си ја земеш праката. Обично пратки се подигаат во „пакерско„ под жел, станица.
2. Пратката се превзема зависно од операторот. Ако е од „Пошта„ одиш во „пакерско„, ако е преку некој приватен оператер, одиш во неговите канцеларии и магацини, кои обично се некаде на периферијата од Шкупими.
3. Лежарината, колку знам, не зависи од тоа колку долго „лежи„ пратката во магацинот од операторот, туку е паушал, зависен од вредноста од примената пратка.
Ако пратката е вредносна, обично автоматски се праќа преку некој од белосветските служби (DHL и сл.) а тие наплаќаат дебело за услугата...
Ја мислам дека со ова треба да се замара тој шо подарува. Затоа и е подарок.
А и фер е он да ти плати достава за подарокот. Ако више ти праќам поклон, ќе бидам госпожа до крај ќе ти платам и достава до дома. Без навреда сеа на испраќачот.
Нека ти прати по обична пошта ако не ти се брза, не по DHL, мене по тоа нивното Royal Mail или како и да се викаше ми имале праќано и за 10-15 дена стига кај нас.
А царина може да јадеш, јас еднаш лаптоп освоив на натпревар и 300 евра си платив царина. Нека пише некоја помала вредност па можда ќе пројде така ако имаш среќа.

Ако немаш тракинг бројче да пратиш каде е пратката ќе чекаш додека не те исконтактираат од царина преку писмо, да им пратиш документ некаков околу предметот па да ти ја пуштат до локална пошта.
Ако е преку брзиве пошти ко ДХЛ може плаќаш нешто но они ги бркаат тие ствари.
Мој совет само не преку ДХЛ. Пред да платиш нешто, прво ќе ти кажат да си бркаш работа бидејќи тие се во страшна гужва (не само за празниците туку скоро секогаш) и кога ќе си избркаш работа ќе ти наплатат нешто мааааалку повеќе.
1. Ако пратката дојде преку „Пошта„, ќе добиеш (хартиено) писмо од поштарот, со известување и со инструкции што треба да сториш за да си ја земеш праката. Обично пратки се подигаат во „пакерско„ под жел, станица.
2. Пратката се превзема зависно од операторот. Ако е од „Пошта„ одиш во „пакерско„, ако е преку некој приватен оператер, одиш во неговите канцеларии и магацини, кои обично се некаде на периферијата од Шкупими.
3. Лежарината, колку знам, не зависи од тоа колку долго „лежи„ пратката во магацинот од операторот, туку е паушал, зависен од вредноста од примената пратка.
Ако пратката е вредносна, обично автоматски се праќа преку некој од белосветските служби (DHL и сл.) а тие наплаќаат дебело за услугата...
Не сум од Скопје, од Куманово сум.
Бев вчера во ДХЛ канцеларијата во Куманово и му кажав на вработениот што е целата работа дека е подарок стап за снукер од Лондон пратката.
Вработениот ми кажа дека испраќачот во Лондон треба да оди во ДХЛ и таму во пратката да пополни мои лични податоци, и да напише на Англиски дека е подарок ,, Gift "' ,, for personal use only " и да напише вредност до 10 долари, и да се надеваме дека овде на нашата царина нема да го царинат подарокот.
Вработениот кажа дека нема правила, некогаш цариниците не ставаат царина на очигледно скапи подароци и производи и ги пуштаат без царина, а некогаш на подароци и производи кои се баш со ниска вредност им ставаат царина за плаќање. И потоа од ДХЛ ќе ми се јават кога кај нив во канцеларија да дојдам по пратката да земам.
Кажа и дека државна пошта биле несигурни и не секогаш стигнувале пратките преку Македонска пошта и дека и самиот директор на Македонска пошта соработувал со ДХЛ и праќал пратки преку ДХЛ, може е и самобендисаност и фалење сето тоа.
И кога го прашав вработениот колку пари јас треба да платам на ДХЛ за таа услуга, тој зачудено ме погледна и ми кажа зошто јас на него и на ДХЛ тука во Македонија да платам било што, тоа се што треба кон ДХЛ ќе плати испраќачот на подарокот во Лондон кога ќе ја испрати пратката. Ми кажа штом ти е наградна игра и награда, тогаш тој што е испраќач од наградната игра, фер е тој да плати поштарина, ние тоа го викаме на Англиски ,, shipping''.
Јас тогаш му кажав дека овој испраќачот од Лондон не сака да плати поштарина, туку јас да платам поштарина.
На тоа повторно вработениот кажа дека не е тоа во ред, фер е и е поштено ако е некој организатор на наградна игра да тој организаторот да плати ,, shipping ''.
Јас прашав колку би ме чинело јас да платам трошоци за транспорт ако е до 2 килограми тежина на пратка ( бидејкќи стапот и футролата и пакетот не би требало да се повеќе од 2 килограми), и вработениот погледна таму во компјутерот и кажа ако јас од Македонија плаќам, до 2 килограми ако е пакетот подарок, цената е 150 евра кон ДХЛ, плус мој е ризикот за царина ако треба и царина.
Ми кажа вработениот, ако испраќачот од Лондон таму во Лондон плати кон ДХЛ трошоци за транспортот тогаш е поефтино и испраќачот ќе плати помалку, ми кажа дека во Лондон е помала цената за ,, shipping'' и дека во Лондон е пола од цената во Македонија и во Лондон испраќачот би платил 70 до 80 евра за пратката.
Самиот вработен ми кажа да му се обратам на испраќачот и да му побарам тој испраќачот во Лондон да плати трошоци за транспорт. Ми кажа, тоа е многу ти да платиш транспорт трошоци од 150 евра и плус има големи шанси и царина да платиш на овој производ.
Цело време беше фин тој во ДХЛ вработениот, ама сепак не ми се верува дека и да прифати испраќачот во Лондон да плати трошоци кон ДХЛ, овде во Македонија освен евентуалната царина, пак мислам дека овие во ДХЛ Македонија може да бараат дополнителни трошици за лежарината.
Бев после и во банка кај сум клиент со трансакциска сметка во денари, ми кажаа ако уплатувам пари во Лондон, треба да имам девизна сметка, и до 300-40о евра уплата провизијата е 1 500 денари. Ова во случај на компромис, ако испраќачот прифати да тој плати 70 - 80 евра во ДХЛ во Лондон, а после јас нему откако ќе добијам производот да му уплатам пари од МК.
Му пишав сето тоа сега на тој потенцијалниот испраќач и организатор на наградната игра на фејсбук страницата и чекам повратен одговор. Се му објаснив што ми кажаа во ДХЛ Македонија.
Страницата е на Српски јазик, се пишуваат на Српски јазик, и наградната игра беше се на Српски јазик, и ми пишаа на Српски јазик дека сум добитник на наградата, и потоа одеднаш ми пишува ,, брате ја живим у Лондону, и из Лондона треба да ти пошањем поклон. Ти организуј око плачања поштарине''.
Мизерија. Ако прифати тој да плати 70 до 80 евра за поштарина, и ако ми стигне производот, дури тогаш ќе му платам 70 до 80 евра, тоа е компромис од моја страна.
За 150 евра кон ДХЛ Македонија, плус извесна царина да платам, за тие пари ќе купам два стапови за снукер во Гранд Клуб во Скопје, ги гледав цените и а и за 20 денови имам работа во Скопје и може и ќе отидам во Гранд клуб, и тоа плус и вработениот вчера во ДХЛ ми кажа дека за тие пари два стапови ќе се купат во Скопје.
Ја мислам дека со ова треба да се замара тој шо подарува. Затоа и е подарок.
А и фер е он да ти плати достава за подарокот. Ако више ти праќам поклон, ќе бидам госпожа до крај ќе ти платам и достава до дома. Без навреда сеа на испраќачот.
Сосема сте во право.
Му пишав на испраќачот, ако прифати компромис, тој да плати ако е до 80 евра во Лондон, па откако мене ќе ми стигне пратката и ја подигнам, тогаш јас ќе му уплатам до 80 евра на сметка. Се над 80 евра трошоци нема да платам ниту цент повеќе на негова трансакциска сметка, му пишав и чекам одговор.
Ако прифати прифати. Ако не прифати, јас ќе си купам во Гранд клуб, и така во Скопје имам работа, одам за 20 денови и ќе си купам стап.
Му предложив уште едно компромисно решение на испраќачот, тој е Србин преселен и живее во Лондон, му пишав дека и јас сум Србин, имам државјанство, лична карта, пасош и пријавена адреса на живеење во Србија ( таму и гласам на избори во Србија).
Нека си организира дали преку пријатели негови или познаници, кој од Лондон патува кон Србија, а за празниците сигурно многумина од Лондон ќе одат кон Србија, нека даде стапот и футролата на некого да пренесе во авион, а тој некој нека каже дека е тоа негова сопственост и дека игра рекреативно снукер, и никој на царина на аеродроми нема да побара царина за личен предмет.
Потоа тој кој ќе донесе стапот во Србија, нека однесе во Државна пошта на Србија во Белград и нека испрати пакетот со препорачана пратка или на мојата адреса во Србија кај мојот роднина, или уште една опција: на тие пакетоматите на Државна пошта на Србија. Таму се исто испраќаат пакети и пратки.
Еве пример: пред неколку месеци бев во Србија, купував енергетски пијалоци ,, Ultra Energy'' имаа наградна игра, главна награда беше патување на 5 или 7 денови за двајца во САД и авионски карти во два правци и хотелско сместување, и главното гледање НБА натпревар на Богдан Богдановиќи, дружење и фотографии со кошаркарот, јас имам и Српски мобилен број, испраќав кодови и добив пакет со производи од енергетскиот пијалок, ми кажаа за испорака, јас им кажав што им е полесно или кај мој роднина или во пакетоматот на пошта на Србија во Врање и од организаторот на наградната игра кажаа сеедно каде мене повеќе ми одговара, ( мене адресата во Србија ми е во општина што е планинско место, има многу ридови и кривини додека таму да се стигне, на страна е од автопат, и не ми се оди баш секогаш таму во тие кривини). Затоа им дадов адреса од таа поштата во Врање, тие напишаа може, и на 10 Декември ми стига смс порака на мојот Српски мобилен број дека мојата пратка од Белград е стигната во пошта на Србија во Врање и имам рок од 30 денови да подгинам пакетот во поштата во Врање, плус во смс пораката имаше и тој бројот со многу цифри за следење на пратката, и на страницата на поштата на Србија го искуцав бројот и се имаше од датуми кога е пратката спакувана во Белград во компанијата и организаторот на наградната игра, па датум кога е пратена кон поштата во Врање и датум кога е пристигната во поштата во Врање.
И отидов во поштата во Врање, покажав Српска лична карта, бројот за следење на пратка не ми го побараа, се потпишав и земав пакетот од енергетски пијалоци ,, Ultra Energy'' . Баш за пред празнициве добро ми дојде пакетот од енергетски пијалоци, алкохол не пијам, само енергетски пијалоци повремено.
И ништо не платив, сите трошоци ги плати организаторот, и тоа е фер коректно.
dokolku ides so DHL tie ke ti naplatat customs clearance i admin charges sekako iako pratkata ti e klasificirana kako Gift.
Neka ti ja ispratat pratkata so Royal Mail International Tracked & Signed, isprakacot plaka shipping charges i ne e korektno od DHL sto ti kazhale da pratkite ne pristignuvale vo Makedonija preku Makedonska posta? Koja glupost. Koga prakam od London za Makedonija nikogash sum nemal problem, pratkite pristignuvale na vreme.
Isprakacot neka ti go dade brojceto sto zapochnuva so RM XXXX XXXXGB vednas po prakanjeto, od prilika pratkite pristignuvaat vo rok od 5-7 rabotni denovi, ovoj service e prioriteten.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.