Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Во Новиот Завет никаде не е запишан начинот на изведување на Светата тајна исповест.
Во Црквата, таа тајна е точно уредена.

Во Новиот Завет никаде не е запишан начинот на изведување на Светата тајна причест.
Во Црквата, таа тајна е точно уредена.

Во Новиот Завет никаде не е запишан патот на душата од покојникот.
Црквата ги поседува тие вонтелесни искуства.

И тн...
Сакаш да кажеш дека покрај библијата постои паралелна линија на знаење? Ако во библијата сите овие работи не се запишани, од каде ги поседува црквата?
 
Да: грците се први, ако воопшто можеме да кажеме „грци„ во првиот век од н.е., но прв лик кој е покрстен на Балканов па и во Европа, не е грк (елин) туку е Лидија од Македонија...:D

Расуди и самиот...
Реков од денешните европски држави. Знам дека живееле во полиси (град-држава), војувале меѓу себе (хм, ако беше само ова факт, дефинитивно ќе беа македонци), верувале во Зевс, Посејдон, Ад... А мислеле дека тие се потомци на Титаните, нивни водач бил Крон, нивниот татко, кој ги изел Посејдон и Ад, Зевс ги спасил и живееле среќно до моментот кога Лидија се покрстила. :rolleyes:

Расудив. :)
 
Сакаш да кажеш дека покрај библијата постои паралелна линија на знаење? Ако во библијата сите овие работи не се запишани, од каде ги поседува црквата?
Покрај св. писмо има и свето предание.
 
Јако расудување, признавам.

Ако педерастијата и идолопоклоничките оргии ги сметаш за начин за среќен живот, тогаш О.К.: не морам да е согласам со тебе, нели...[DOUBLEPOST=1406302066][/DOUBLEPOST]
Сакаш да кажеш дека покрај библијата постои паралелна линија на знаење? Ако во библијата сите овие работи не се запишани, од каде ги поседува црквата?

Не се работи за паралелност, туку се работи за компактност во учењето од Црквата, кое со едно име се нарекува „катихизиз/катихезис„, а кое го вклучува и Писмото и Преданието и се надоградува и ден-денес, од денешните теолози и православни публисисти.

Светото Писмо не е обликувано „од прва„, ниту е паднато од Небесата, ниту е напишано од Бога, туку обликувањето на Писмото е вршено подолг период, се‘ до крајот од 7-от век од н.е.

Светото Писмо во денешниот облик било непознато во првите векови, а учењето Христово било достапно за Црквата преку усмени и писмени преданија.[DOUBLEPOST=1406302166][/DOUBLEPOST]
Соломон во Стариот Завет зборува за смртта а Исус во Новиот.

Посочи каде е тоа забележано.
 
Последно уредено:
Јако расудување, признавам.

Ако педерастијата и идолопоклоничките оргии ги сметаш за начин за среќен живот, тогаш О.К.: не морам да е согласам со тебе, нели...
Ако не разбирам што сакаш да ми кажеш, смеам да прашам нели?

Јас убаво ти го опишав почетокот на падот на старата религија на хелените. По Лидија, монгумина се согласиле на теквиот чекор (кои не бил погрешен) пред се затоа што биле возрасни (а не бебиња) и свесно можеле да одлучат дали сакале или не да се покрстат.
И ако приметуваш, секоја револуција започнува од класата која е понижена т.е. која не е рамноправна со останатите класи. Така и тогаш. Сиромашните први започнале да се крштеваат. Лидија припаѓала кон тој слој. А ако ме разбираш ќе извлечеш поучен заклучок.

И без навреди во иднина, шала да. Но навреди не. Во ред? :)
 
Јако расудување, признавам.

Ако педерастијата и идолопоклоничките оргии ги сметаш за начин за среќен живот, тогаш О.К.: не морам да е согласам со тебе, нели...
Значи ако нешто за тебе не е среќен начин на живот, тогаш никој не смее да го практикува?!
Не се работи за паралелност, туку се работи за компактност во учењето од Црквата, кое со едно име се нарекува „катихизиз/катихезис„, а кое го вклучува и Писмото и Преданието и се надоградува и ден-денес, од денешните теолози и православни публисисти.

Светото Писмо не е обликувано „од прва„, ниту е паднато од Небесата, ниту е напишано од Бога, туку обликувањето на Писмото е вршено подолг период, се‘ до крајот од 7-от век од н.е.

Светото Писмо во денешниот облик било непознато во првите векови, а учењето Христово било достапно за Црквата преку усмени и писмени преданија.
Дали твојата убеденост дека земјата е стара 8000 години е производ на оваа компактност?
 
И без навреди во иднина, шала да. Но навреди не. Во ред? :)

Кај ја виде навредата од моја страна?[DOUBLEPOST=1406308908][/DOUBLEPOST]
Значи ако нешто за тебе не е среќен начин на живот, тогаш никој не смее да го практикува?!

Дали твојата убеденост дека земјата е стара 8000 години е производ на оваа компактност?

- Ако некое/нечие однесување е гадост и надвор од умот, дали тоа однесување е „среќен живот„?
- Да: црковната проценка за староста од Светов/Вселената е 7500-8000 г., броејќи ретроспективно од Христа до Адама, со 77 генерации, и од Христа до денес, уште 2000 г.
 
Педерастија, пример.

Ај прочитај уште еднаш, цитирам:

„...Јако расудување, признавам.

Ако педерастијата и идолопоклоничките оргии ги сметаш за начин за среќен живот, тогаш О.К.: не морам да е согласам со тебе, нели...„.

Да појаснам: педерастијата и оргиите биле редовна и „нормална„ појава, со кои античките грци (елините) си имале ептееееен среќен живот...
 
Посочи каде е тоа забележано.
Заборавив да спомнам дека никаде во Библијата не пишува дека има некаков ''пат'' по смрта.

Духот му излегува,и тој се враќа во својот прав, во тој ден пропаѓаат неговите мисли. Псалм 146:4

Живите се свесни дека ќе умрат, а мртвите не се свесни за ништо,и за нив повеќе нема плата, зашто споменот за нив е заборавен.И љубовта нивна, и омразата нивна, и љубомората нивна ја снема, и никогаш повеќе нема да имаат дел во ништо што ќе се прави под сонцето. Проповедник 9:5

Живите се свесни дека ќе умрат,а мртвите не се свесни за ништо,и за нив повеќе нема плата, зашто споменот за нив е заборавен.Проповедник 7:21
 
Ај прочитај уште еднаш, цитирам:

„...Јако расудување, признавам.

Ако педерастијата и идолопоклоничките оргии ги сметаш за начин за среќен живот, тогаш О.К.: не морам да е согласам со тебе, нели...„.

Да појаснам: педерастијата и оргиите биле редовна и „нормална„ појава, со кои античките грци (елините) си имале ептееееен среќен живот...
Ај прочитај го и мојот. Никаде не мислев (нит пишав) за животот на хелените (освен војните и живеењето во полиси) туку животот на таа политеистичка религија.
И во претходниот пост ти појаснив.

Сега запрашај се од каде го извлеков тој заклучок.
 
Светото Писмо не е обликувано „од прва„, ниту е паднато од Небесата, ниту е напишано од Бога, туку обликувањето на Писмото е вршено подолг период, се‘ до крајот од 7-от век од н.е.
Така е не ниту паднато од Небесата, ниту физички пишувано од Бог, НО е пишувано од луѓе во кои бил вселен Божјиот дух.
 
- Ако некое/нечие однесување е гадост и надвор од умот, дали тоа однесување е „среќен живот„?
Ако за тебе тоа е гадост, тогаш за тебе неможе да биде среќен живот, но за тој што не е гадост може и е. Или можеби ти мислиш дека сите имаат исти интереси, потреби и вкусови како тебе?
- Да: црковната проценка за староста од Светов/Вселената е 7500-8000 г., броејќи ретроспективно од Христа до Адама, со 77 генерации, и од Христа до денес, уште 2000 г.
Не згрешила многу црквава со проценкава....само едно 4 милијарди години.
 
Заборавив да спомнам дека никаде во Библијата не пишува дека има некаков ''пат'' по смрта.

Духот му излегува,и тој се враќа во својот прав, во тој ден пропаѓаат неговите мисли. Псалм 146:4

Види во посланиието до евреите, 9.27. Тука е спомената смртта, после која следи суд. Значи, смртта не е никаков конечен крај, оти веднаш по смртта, на душата и‘ следи поединечното судење.[DOUBLEPOST=1406312486][/DOUBLEPOST]
Ај прочитај го и мојот. Никаде не мислев (нит пишав) за животот на хелените (освен војните и живеењето во полиси) туку животот на таа политеистичка религија.
И во претходниот пост ти појаснив.

Сега запрашај се од каде го извлеков тој заклучок.

Па јас токму за таа политеистичка религија, т.е. митологија и пишувам: дека токму таа митологија ги произведе и педерастијата и баханилиите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom