Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Е да, имаш право - ќе го туркам христијанството од незаслуженото место на столбот на обожувањето преку форум! :facepalm:

Не постои ропска Волја, постојат робски желби кои ти го трујат животот со надеж и верувања. Не знам од каде овие ставови... ги има во црквата истите? :rolleyes:

И ќе ми дадете одговори на прашањата или... да ги повторувам постојано? :)
Од твојата позиција невозможно е да произлезат прашања, за жал.
 
Верувај во што сакаш, барем за тоа имаш слобода на избор и одлучување..
По се изгледа различна библија сме читале :)

Настан кој што се случил ми велиш? Ти забораваш „како бил повикан“ овој Павле „од македонецот во Македонија“! Де ако сакаш потсети се...
Или еве јас ќе те потсетам во секој случај, за да видиме дали треба да се шпекулира или не!

„И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!” “- Дела апостолски, Глава 16-че

Како да не шпекулираме и да не веруваме во овие изјави? Павле не намислил сам да оди во Македонија, ами си нашол оправдување преку „ноќно видение“? Интересен концепт е „ноќното видение“. Го има кај Цепенков се мислам...

Но ајде ќе речеме дека е „историски валиден настан“ за да си го кажам мислењето:
Павле е еврејски секташ кој што исто така си го напуштил верувањето дадено од татковците! Исто така „бил повикан“ од македонец кој што бега од своите корени...
Двајца секташи, не може да направат ништо добро!

Христијаните први скокаат кога некој ќе каже не е христијани и веднаш мешаат „татковата религија од дамнина“. Така сум читал, не секој но многумина тоа го велат...[DOUBLEPOST=1393785463][/DOUBLEPOST]
Од твојата позиција невозможно е да произлезат прашања, за жал.
Диши ти и читај - не мислам дека си во можност да одговориш тоа што те прашувам, седи мирен и верувај, доста е тоа за твојот дух :)
Се изнаприкажавме денес, доста е ;)
 
По се изгледа различна библија сме читале :)

Настан кој што се случил ми велиш? Ти забораваш „како бил повикан“ овој Павле „од македонецот во Македонија“! Де ако сакаш потсети се...
Или еве јас ќе те потсетам во секој случај, за да видиме дали треба да се шпекулира или не!

„И на Павла му се јави ноќно видение: некој Македонец застана пред него и му се молеше, велејќи: „Дојди во Македонија - помогни ни!” “- Дела апостолски, Глава 16-че

Како да не шпекулираме и да не веруваме во овие изјави? Павле не намислил сам да оди во Македонија, ами си нашол оправдување преку „ноќно видение“? Интересен концепт е „ноќното видение“. Го има кај Цепенков се мислам...

Но ајде ќе речеме дека е „историски валиден настан“ за да си го кажам мислењето:
Павле е еврејски секташ кој што исто така си го напуштил верувањето дадено од татковците! Исто така „бил повикан“ од македонец кој што бега од своите корени...
Двајца секташи, не може да направат ништо добро!

Како што веќе реков: верувај во што сакаш, а според постовиве, очигледно е дека веруваш само во своето мнение, кое не можеш да го поткрепиш со ништо друго, освен со друго свое мнение.
 
Зарем не е ова обвинувањето кое го упатуваат луѓето кон христијаните дека своето верување можат само да го поткрепуваат со зборови од книга во која веруваат и која е ставена под знак прашалник?
Зошто мене ми ги префрлаш сега обвинувањата?

Не е убаво така...
 
Рисјаните својата вера ја поткрепуваат и со дела и со духовен опит, кои се најдобриот показател за точната од рисјанската теорија.
Дали и Ти можеш да го кажеш истото за своите убедувања или ќе ги оставиш убедувањата само на ниво од лична вистина, од можност и од пусти желби?
 
Рисјаните својата вера ја поткрепуваат и со дела и со духовен опит, кои се најдобриот показател за точната од рисјанската теорија.
Секако секако... :)
Уште да ти верував читајќи ги твоите размисли тука... духовен опит? Дела? Најдобар показател? Де бре Мики1, та не сме од вчера :)
Ех, ова за млади луѓе кои „трагаат по вистината“, не е ова муабет за мене...
 
Како што веќе реков: веруј у ш‘о сакаш, немаш ничија забрана за тоа, а како што гледам од Твоиве постови, не кажуваш ништо ново, освен што наоѓаш оправдување за своите убедувања, но на туѓа сметка а не на своја, оти Твојата, убеден сум, е онаа вистинската...
 
Од моиве постови и да гледаш, од ничии други! ;)
За да се каже нешто ново, мора да се најде одговор на старото, што ќе правиме со постојано ново прашување кога на старото не се дава одговор ами тука гимнастики ми удирате...

Зборуваме за христијанското верување, не за убедувања...
За христијаните верувањето е убедување?
Црковно, лично - какво убедување?
За што зборуваме сега? :)

Јас прашав зошто Исус а не Шломо или Шинбет... не знаете како верници? Добро, кажете не знаеме така е дадено и ние веруваме - доста е тоа.

Не тука вртење во круг... :(
 
Ме интересира како господ Бог си ги чува своите верници кога низ целиот свет има случаеви на убиства на Христијани поради своето верување?
И дали паганството е застапено во Библијата? (искрен став или мислење)
 
Јас прашав зошто Исус а не Шломо или Шинбет... не знаете како верници? Добро, кажете не знаеме така е дадено и ние веруваме - доста е тоа

Зашто Исус а не Јанко, Петко, Трајко или Дете Голомеше?

Многу едноставно (нели): кој во Исуса Христа Го препознал својот Творец и Спасител, нема што да бара понатаму... :sneaky:[DOUBLEPOST=1393789305][/DOUBLEPOST]
Ме интересира како господ Бог си ги чува своите верници кога низ целиот свет има случаеви на убиства на Христијани поради своето верување?

Господ ги чува своите во закрилата од Црквата, а оние кои ја гонат Црквата, односно ги убиваат рисјаните, Го гонат и Господа...[DOUBLEPOST=1393789359][/DOUBLEPOST]
И дали паганството е застапено во Библијата? (искрен став или мислење)

Да: Св. Апостол Павле е Апостолот на незнабожците од целото тогашно Средоземје.
 
Нема што да бара понатаму? Значи сепак не знаете зошто е Исус... добро е тоа.

Се читаме во иднина, доста беше за денешен ден прашања и муабети :)
 
Зашто Исус а не Јанко, Петко, Трајко или Дете Голомеше?

Многу едноставно (нели): кој во Исуса Христа Го препознал својот Творец и Спасител, нема што да бара понатаму... :sneaky:[DOUBLEPOST=1393789305][/DOUBLEPOST]

Господ ги чува своите во закрилата од Црквата, а оние кои ја гонат Црквата, односно ги убиваат рисјаните, Го гонат и Господа...[DOUBLEPOST=1393789359][/DOUBLEPOST]

Да: Св. Апостол Павле е Апостолот на незнабожците од целото тогашно Средоземје.
Значи сепак ги штити, само од закрилата на црквата, но не и од другите. Добро во мојот изграден реален свет самите треба да се штитиме од непријателите. Гледам дека не е многу поразлично.
Но кога душата ќе отиде во небесата, како тој ќе ја заштити од сатанистичките сили? Нели тој треба да е твојот заштитник ако веруваш и си наклонет кон него!? Гревовите ако имаат позначаен фактор, од вербата тогај рајот би бил празен!

Еве мене често ме прашуваат, кој те создал, зошто постоиш, како е создадена љубовта, како е создаден живиот, зошто сме ние поразумни и попаменти од другите суштества, како е создадена земјата............
Јас ќе прашам. Како и кој го создал Бог? Јас мислам самиот човек со својот разум и со својот страв, но ме интересира и твое мислење!?
 
Нема што да бара понатаму? Значи сепак не знаете зошто е Исус... добро е тоа.

Не ми ги извртуј зборојте, жив Ти све...:sneaky:[DOUBLEPOST=1393790373][/DOUBLEPOST]
Значи сепак ги штити, само од закрилата на црквата, но не и од другите. Добро во мојот изграден реален свет самите треба да се штитиме од непријателите. Гледам дека не е многу поразлично.

Црквата Христова била, е и ќе биде гонета и по тоа ќе биде препозналива.
На верните не им е забранета самоодбраната, туку напротив.[DOUBLEPOST=1393790562][/DOUBLEPOST]
Но кога душата ќе отиде во небесата, како тој ќе ја заштити од сатанистичките сили? Нели тој треба да е твојот заштитник ако веруваш и си наклонет кон него!? Гревовите ако имаат позначаен фактор, од вербата тогај рајот би бил празен!

Душата човекова, дур‘ да дојде до Христа, треба да го прими поединечниот суд. На тој пат од душата од Земјава кон Небесата, душата ќе биде клеветена за се‘ и сешто, а нејзин бранител ќе биде ангелот-чувар, односно добрите дела кои душата ги сторила во својот овоземен живот.
Гревоите од душата се ептен битен фактор, оти ради тие гревови, душата може да се „лизне„, а демоните да ја повлечат во пеколот.[DOUBLEPOST=1393790639][/DOUBLEPOST]
Еве мене често ме прашуваат, кој те создал, зошто постоиш, како е создадена љубовта, како е создаден живиот, зошто сме ние поразумни и попаменти од другите суштества, како е создадена земјата............
Јас ќе прашам. Како и кој го создал Бог? Јас мислам самиот човек со својот разум и со својот страв, но ме интересира и твое мислење!?

Сам Бог е беспочетен/нестворен, бескраен и неограничен, а Ти си створен, ограничен и смртен.
 
Последно уредено:
Не ми ги извртуј зборојте, жив Ти све...:sneaky:[DOUBLEPOST=1393790373][/DOUBLEPOST]

Црквата Христова била, е и ќе биде гонета и по тоа ќе биде препозналива.
На верните не им е забранета самоодбраната, туку напротив.

Реков дека не е различно дека и ние и вие имате право да се браните! Мислам дека не кажав ништо контроверзно или погрешно. Патем истото и ти го напиша.
Па нормално кога си направила многу непријатели благодарение на црковните политики, закони, мислења и ставови.
 
Не бе, чедо Божјо, во криво си: не се во прашање црковните закони, мислења и ставови, кои пред се‘ ги засегаат верните, туку се работи за ставот од неверните кон верните. Имено, неверните не можат да Го смислат Христа и затоа Го гонат на секој можен начин...

Ти текнуе?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom