Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Класична екстерна проекција на персоналната потсвесна реализација, произлезена од теолошката индоктринираност чиј причинител е заблудата за улогата на страдањето кон патот до спиритуалноста.
Никако неможеш да излезеш од протолошката сенка на критизирање, оттука ти е мазохизмот.
Аналогно тоа е антрополошка претпоставка на танатичната состојба од која не си и ти исклучен и покрај супстенцијалната Суштина на која се надеваш.
Страдањето не е христијански принцип на безлична спиритуалност, туку икономиско, сотириолошка категорија..., својата пневматологија ја црпи од есхатонот.
 
Ни севкупната вулканизерска пневматологија не го елиминира фактот дека основните критериумски начела на христијанската теологија поаѓаат од асоцирањето на блаженството со бедноста, немоќта, слабоста....итн, кои не се ништо друго туку терминолошки асоцијации на мазохизмот. Со оглед на ова, мојата предходна констатација воопшто не го губи својот кредибилитет.
 
Кредибилитет на детски инает да биде по мое, иако не разбирам?!
Нека ти биде законот, прави како ти е Волја!
 
Глупости...
Нормално, зарем мислиш дека очекувам да ми одговориш потврдно на муабетот?
Ма не, само муабетиме тука, нафрламе, критикуваме, прашуваме, се чудиме, веруваме... таква е темата, такво ми е христијанството :)
Ако грешам поправи ме... :)

Вашите ритуали (наречени литургии) кои имаат призиви (кои ги имало од многу одамна кога се призивале други богови и кои се призиваат и денес, далеку од очите на мнозинството, бидејќи не се бара бројност) ќе се обидувате да ги отргнете од било која претходна религија, мистична школа и симболите ќе ги објаснувате според вашето верување (не и знаење) далеку од универзалноста на тој симбол.... Тоа се глупости, а не друго (зборувам за вашите бедни обиди на кинењето на врските на вашите ритуали со нечии други).
Ако не е така, покажи ми знаење стекнато преку твојата вера... слободно. :) До сега гледам по темата самоперење на стари излитени завеси кои не дозволуваат сонцето да пројде во целосен сјај кон човекот (завеси кои од едни се нарекувани секта бидејќи не се дел од гломазните корпоративни религии, завеси кои од секти се нарекувани неверници... Најдете си го крајот, а не да го браните богот и верувањето кога целите сте во распад).
Критики едне куп, вера еден куп - бог, никаде - светот чека кој знае кој спасител...

Зошто му го дадоа името יהושע или יהשוה? И зошто секогаш за името ја користите грчката транскрипција? Зошто не ова второто кое е многу добро поврзано со богот од стариот завет, ако го погледнете на еврејски истиот, нормално - нема да ве касне - многу! :)

Се расправате тука со оние кои прашуваат и се тегавите... а ве прашуваат за религијата, верувањето и богот кој што го нема никаде и кој што е евреин распнат на крст и воскреснал - да дадете објаснување како тоа МАкедонец станал христијанин и си ги заборавил корењата!
Колективно перење ум од III век наваму? Мислам проста раја имало, ама до толку? Да се заборавиш кој си и од каде си и зошто и да сметаш дека си потомок и спасен од евреин и еврејското верување?
Чудно е тоа...

П.С. Имам периоди кога едноставно уживам да муабетам со ревносни христијани кои даваат разумски одговори за нивната религија и верување.:свиркам:
 
Последно уредено:
П.С. Имам периоди кога едноставно уживам да муабетам со ревносни христијани кои даваат разумски одговори за нивната религија и верување.:свиркам:
Оксиморонски си ја живееш смртта, уживајќи во его ропството на „Волјата“.:)
Што би можел да прашаш или кажеш за христијанството од ваква позиција? Ништо!
 
Само вие ја величите смртта, не јас. Не ми ги давај твоите идеи како мои! Ја презирам смртта и стравот кон смртта! Затоа и не ми треба вашата идеја за „бедните по дух“ што ќе наследат во смртта сешто! Не така...

Па прегледај ја темата, имам бааги прашувано и кажувано...
Немам его, на мои години не е убаво да имаш его, не давај такви судови, христијанин си - не на ваков ден, не си греши душа, ќе страдаш :)
Имам само мои размисли (точни или не) кои му сметаат на овој или оној и ги потикнува да грешат во очите на боговите! ;)

Подобро да имаш „робство“ под своја и само своја Волја отколку робство под милосрдие и гнев на еврејски кастриран бог кој што го сметаш за свој, лажно наследен од твоите предци кои ги напуштиле своите огништа и заборавиле кои богови ги следеле!

Значи прашање до сите рисјани тука (без разлика што сте секти едни за други): Зошто му го дадоа името יהושע или יהשוה? И зошто секогаш за името ја користите грчката транскрипција? Зошто не ова второто кое е многу добро поврзано со богот од стариот завет, ако го погледнете на еврејски истиот, нормално - нема да ве касне - многу! :)

Дали сте размислувале зошто „гласникот“ го дава тоа име? Светите отци немаат кажано нешто?
 
Подобро да имаш „робство“ под своја и само своја Волја
Како што веќе ти реков, од оваа позиција (ропско, смртна) неможеш ништо.

Значи прашање до сите рисјани тука (без разлика што сте секти едни за други): Зошто му го дадоа името יהושע или יהשוה? И зошто секогаш за името ја користите грчката транскрипција? Зошто не ова второто кое е многу добро поврзано со богот од стариот завет, ако го погледнете на еврејски истиот, нормално - нема да ве касне - многу! :)

Дали сте размислувале зошто „гласникот“ го дава тоа име? Светите отци немаат кажано нешто?
Името е на место, само не и транскриптите (нецрквени) што си ги прочитал.;)

Како што веќе ти реков, од оваа позиција (ропско, смртна) неможеш ништо.

Името е на место, само не и транскриптите (нецрквени) што си ги прочитал.;)
Можам многу и правам многу, но добро е што се мисли дека не се може ништо... ти не ни разбираш што значи Волја, не пак слободна, не пак чиста! Тоа не постои за робовите нели? Што се обидуваш да ме направиш роб кога јас ги презирам робовите и нивните ропски богови кои бараат молитви и морал за човекот?

Но твојата позиција што ја држиш не може да судиш за други каква позиција држат... сакаш да ти кажам дека ти си роб? Ете ти мене ми зборуваш за робство а ти се што не е дадено од црквата во која припаѓаш го сметаш за неточно... како така?

Слободно ги сподели „црквените“ и објасни по што се разликуваат од „нецрквените“. Сподели зошто Исус а не Шимеон... или Шинбет...

Јас прашувам зошто името е Исус, не прашувам дали е на место или не е на место - зошто Исус ќе се вика евреинот што требаше да ги спаси евреите и само евреите бидејќи Тората (стариот завет е од и за евреите со сите тие пророци)? Нема да се расправам со еден гласник кој што велат дека е архангелот Габриел, поврзан со елементот вода... тоа се свети работи,не се за расправа со тебе тука!

И друго:
Од каде тоа евреин поткован со еврејската Тора и еврејски знаења за богот треба тебе да те спасува од било што или било кој денешен прогласен христијанин (без разлика на која црква припаѓаат)?

Зошто денешните македонци станаа христијани?
 
Оти Св. Ап. Павле Го проповедаше Христа распнатиот и на оваа географија, претходно повикан од македонец (Дела, 16.9)...
 
Секакви проповедници шетале на ова подрачје... сешто се проповедало и во сешто се верувало и секакви ритуали имало (и има и денес де)!

Зошто македонецот би повикал некој евреин за да му проповеда за туѓи верувања и туѓи идеи кои во тоа време биле само обично секташко толкување на еврејскиот закон, а не си ги гледал своите верување предавани од колено на колено?
Треба да верувам на Павле дека бил повикан од македонец? (n) Како бил повикан? ;)
 
Што се обидуваш да ме направиш роб кога јас ги презирам робовите и нивните ропски богови кои бараат молитви и морал за човекот?
Самиот се правиш, така си сакаш?!
Јас прашувам зошто името е Исус, не прашувам дали е на место или не е на место - зошто Исус ќе се вика евреинот што требаше да ги спаси евреите и само евреите бидејќи Тората (стариот завет е од и за евреите со сите тие пророци)?
Од каде тоа евреин поткован со еврејската Тора и еврејски знаења за богот треба тебе да те спасува од било што или било кој денешен прогласен христијанин (без разлика на која црква припаѓаат)?
Што ти пречи Исус како Спасител? Зошто е евреин?!

Зошто денешните македонци станаа христијани?
Ти што предлагаш?
 
Самиот се правиш, така си сакаш?!

Што ти пречи Исус како Спасител? Зошто е евреин?!

Ти што предлагаш?
Не сум роб, ти се обидуваш да ми накалемиш христијанска политика дека ако не си спасен преку Исус евреинот, си роб на својата Волја - поима немам зошто ја пишуваш со голема буква.
И ти реков ниту разбираш ниту некогаш ќе разбереш нешто надвор од црквата во врска со Волјата и имањето слобода - а велиш за други како се робови. Абе ајде :) Христијанска работа... не се плеткам во тие лавиринти до толку.

Исус не е спасител, не ми пречи воопшто, јас сум тука да си играме ментална гимнастика со религиите и да муабетиме... Форум, што да правиш. Ние прашуваме вие давате одговори, се фалите и рекламирате - тоа е тоа.
Може да веруваме во тоа како тој Исус е спасител, може да велиме дека е спасител, знам дека вашето верување е дека е спасител и сите вие сега сте бонбони ако „Исус ви е во срцето“ и „ако сте бедни по дух“. Но верувањето... верувањето не е знаење за работите и нема ништо со вистината!

Нормално, оние кои биле сведоци за животот и делата на Исус велат дека рекол нешто и за тоа дека верувањето е се... и јас така би велел кога би знаел дека мојата философија има дупки ако се истражува истата!

Никој не спасил тој Исус, никој нема што да спаси, се е како што било од секогаш! Знам дека верувате како вие (а и сите други, без разлика што не веруваат и не се христијани, истото го прават и муслиманите) сеуште се раѓате грешни носејќи го наследениот грев кој што го има кај евреите... а упорно сакате да ги скинете врските со еврејското верување кое е живо и денес!

Како може да се наследи грев даден во туѓи верувања и закони, а туѓинец евреин наречен Исус за кој не знаете зошто се вика така, ниту ве интересира тоа бидејќи треба истражување по се изгледа и изучување - чекате да ве спасува баш тој Исус? Како бре момче твоите предци ги изгаснаа старите огништа и стнаа христијани? Не биле од секогаш христијани - нели? :)
Како ве убедија да верувате во еврејскиот концепт на божественост, поточно секташко и изменето еврејско учење?

Како тоа ве убедија да велите на луѓето дека се грешни ако не се христијани, ако не се баш православни - и да ги прогласувате сите за секти што немаат исто мислење со некава си црква - што и да ви значи тоа?
Какво подло верување е ова? Тоа ме интересира мене? Јагнињата станаа волци е муабетот :)

Јас ништо не предлагам. На форум нема што да предлагам... бесцелно е.
 
.
Јас ништо не предлагам. На форум нема што да предлагам... бесцелно е
Не ќе да е, штом волку ти се праи муабет.;)
Досадно(поточно мртво) е во интроспекцијата на ропската Волја, треба малку екстатика, така?
 
Е да, имаш право - ќе го туркам христијанството од незаслуженото место на столбот на обожувањето преку форум! :facepalm:

Не постои ропска Волја, постојат робски желби кои ти го трујат животот со надеж и верувања. Не знам од каде овие ставови... ги има во црквата истите? :rolleyes:

И ќе ми дадете одговори на прашањата или... да ги повторувам постојано? :)
 
Секакви проповедници шетале на ова подрачје... сешто се проповедало и во сешто се верувало и секакви ритуали имало (и има и денес де)!

Зошто македонецот би повикал некој евреин за да му проповеда за туѓи верувања и туѓи идеи кои во тоа време биле само обично секташко толкување на еврејскиот закон, а не си ги гледал своите верување предавани од колено на колено?
Треба да верувам на Павле дека бил повикан од македонец? (n) Како бил повикан? ;)

Верувај во што сакаш, барем за тоа имаш слобода на избор и одлучување.

Патем кажано, Св. Ап. Павле бил повикан од македонец и тоа е настан кој се случил, а не е настан за кој треба допрва да шпекулираме дали требало да бите „така„ или „поинаку„.

Плус, Павле бил повикан не како евреин, туку како Апостол Христов, познат и како „Апостол на незнабожците„, затоа што Христос ги прати Апостолите и кај евреите, но и кај незнабожците.
Плус, ако македонецот го повикал Павле, значи дека самиот македонец трагал по Вистината и по вистинскиот Бог.

Начинот на кој Павле бил повикан од македонецот е даден во посочениот стих.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom