Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Настан, кој ќе ги дефинира оние кои сакале и оние кои несакале живот со Бог.
Дали на тој настан од луѓето ќе се бара одговорност? Дали тој настан е класично судење на кое се прогласуваат виновници и невини?[DOUBLEPOST=1393264754][/DOUBLEPOST]
Да па после да се буниш зошто нема грешки, значи мора да верувам, не сум слободен...
Грешките немаат врска со слободата. Тоа што е бесмислено е да дизајнираш некого според твојата сопствена сезнајна и семоќна промисла, и потоа да му судиш.
Судењето е акт со кој нештата ги делиш на соодветни и несоодветни, на погрешни и исправни. Е сега, ако се потекнува од твојата замисла, тогаш зошто би му судел на сопствениот дизајн, воедно тврдејќи дека се е твоја волја?!
 
Последно уредено:
па тоа би било добар аргумент!!! затоа што нема да имам контра, нели? тоа е исто ко сега да ја земеме гравитацијата, нема тука сакал/неќел, ако скокнеш од 71 кат, со лежиче ќе те собираат
Гледаш, почна да разбираш.[DOUBLEPOST=1393265113][/DOUBLEPOST]
Дали на тој настан од луѓето ќе се бара одговорност? Дали тој настан е класично судење на кое се прогласуваат виновници и невини?[DOUBLEPOST=1393264754][/DOUBLEPOST]
Веќе ти одговорив.
Грешките немаат врска со слободата. Тоа што е бесмислено е да дизајнираш некого според твојата сопствена сезнајна и семоќна промисла, и потоа да му судиш.
Судењето е акт со кој нештата ги делиш на соодветни и несоодветни, на погрешни и исправни. Е сега, ако се потекнува од твојата замисла, тогаш зошто би му судел на сопствениот дизајн, воедно тврдејќи дека се е твоја волја?!
Твојот бог е стварно досаден.
 
Твојот бог е стварно досаден.
Не сум јас досаден, досадни ти се прашањата на кој немаш одговор. ;)[DOUBLEPOST=1393265486][/DOUBLEPOST]
па тоа би било добар аргумент!!! затоа што нема да имам контра, нели? тоа е исто ко сега да ја земеме гравитацијата, нема тука сакал/неќел, ако скокнеш од 71 кат, со лежиче ќе те собираат
Не е исто, гравитацијата не ти најавува страшен суд на кој ќе те мачи затоа што си скокнал. Ниту постои како таква за да биде награда или казна.
За тебе скокот може да има негативен исход, но за соколот може да биде неопходен фактор кој ќе му овозможи да лета и да лови.
 
Не сум јас досаден, досадни ти се прашањата на кој немаш одговор. ;)
Реков твојот бог(ти си супер:)), ти како што го разбираш, досаден, тиранин, незнае што да прави во вечноста....

Не е исто, гравитацијата не ти најавува страшен суд на кој ќе те мачи затоа што си скокнал. Ниту постои како таква за да биде награда или казна.
За тебе скокот може да има негативен исход, но за соколот може да биде неопходен фактор кој ќе му овозможи да лета и да лови.
Односно, ти не си битен.
 
Реков твојот бог(ти си супер:)), ти како што го разбираш, досаден, тиранин, незнае што да прави во вечноста....

Односно, ти не си битен.
Јас и мојот Бог сме едно. ;)
 
Гледаш, почна да разбираш.
па тука е маката, јас разбирам, ама ти не разбираш. ти веруваш во прикаски. и тоа знаејќи дека таа книгичка НЕ е напишана од бог, него од луѓе.
 
„Книгичката„ навистина не е напишана од Бога, туку од смртни луѓе. Што е тука ново и кој вели дека е поинаку?...
 
а зошто тогаш се вели “божјо слово“?
 
па тука е маката, јас разбирам, ама ти не разбираш. ти веруваш во прикаски. и тоа знаејќи дека таа книгичка НЕ е напишана од бог, него од луѓе.
Имаш проблем со авторитет?
 
Јас имам директно прашање до сите верници. Зошто на секоја тема поврзана со религијата (иако се мнозинство) губите?
 
Dumbledore,
твојата неукост е само твој проблем, не и туѓа слабост...
 
Ти благодарам за искрениот одговор.
Јас прашав прашање кое преставува реалност.Теретот паѓа на неколку верници кои се борат само со своите ограничени мислења и знаења, кои некаде се плитки, а некаде длабоки.
 
а зошто тогаш се вели “божјо слово“?

„Божјо Слово„, со големо „с„, Е самиот Христос.

Општо, поимот „божјо слово„ не значи дека сам Бог го напишал Писмото, оти на Бога не Му е потребен запис покрај Неговото сезнаење, односно записот е наменет за луѓето а не за Бога, туку значи дека Светото Писмо е пишувано од достојни поединци (пророци и Апостоли), кои, битисувајќи Богоугоден живот, исполнети со благодатната енергија Божја, а воедно максимално очистени од гревови, стануваат трезвеноумни и достојни запишувачи на вистините, кои сам Бог им ги објавил на таквите угодници.[DOUBLEPOST=1393361570][/DOUBLEPOST]
Ти благодарам за искрениот одговор.
Јас прашав прашање кое преставува реалност.Теретот паѓа на неколку верници кои се борат само со своите ограничени мислења и знаења, кои некаде се плитки, а некаде длабоки.

Dumbledore,

е ајде де, дај покажи ја својата неограниченост...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom