Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Чекам.
Не мора сега, ете до утре ама си ветил.

Семоќен и сезнаечки, ги направил своите креации за да згрешат и затоа ги казнува.
Како? Зашто?

Или дај пиши на која страна е (ако веке некој те прашал истото) да не те гњавам пак.
Бог не` создал, бидејќи сме создадени, сме смртни(а не зошто сме прекршиле Божјо правило).
За да не умираме Бог ни даде слобода, доброволно да се соединиме со Него, зошто?
Бидејќи е Несоздаден.
Ако се соедини создаденото со Несоздаденото нема смрт, распаѓање, непостоење...
Бог има концепт да живееме со Него заедно, вечно како богови.
Со Сезнаењето, Семоќта...., ни ги решава проблемите( падот, одделувањето од Него, размножувањето, барањето соодветен народ преку кој аналогно целото човештво ќе се согласи за повторно слободно соединување со Него, без да се загрози човечката природа итн.) произлезени од подарокот од Него, нашата слобода.
Да, слободата е подарок од Бог и затоа сме слични со Него.
И пак, за да не должам и повторувам препрочитај наназад за да го вклопиш сево ова за да ја добиеш христијанската перспектива, инаку прашањата бесмислено само се повторуваат без прогресија на муабетот. Задоволен?
 
Да ама ако на Пилотот му е кажано дека недостигаат 3 штрафа и треба самиот да се погрижи за нив?
Да, ама на пилотот способноста да свати дека недостигот на штрафови е фатален му е ускратена баш од оној што после ќе бара одговорност од него.

"Од секое дрво можеш да јадеш, освен од дрвото за спознавање на доброто и злото!"[DOUBLEPOST=1392845514][/DOUBLEPOST]
Бог не` создал, бидејќи сме создадени, сме смртни(а не зошто сме прекршиле Божјо правило).
За болдот. Ако не сме прекршиле божјо правило, зошто во битие Бог го проколнува Адам со мака и пот да ја обработува земјата и таа трње да му раѓа? Зошто ја проколнува Ева да се мачи кога ќе раѓа? Зошто е најавен страшниот Суд?
 
Последно уредено:
Прашање во врска со крстоносните походи.
Дали според вас го барале “светиот грал“ или целите им биле или да пљачкаат и да се населат на таа територија?
Колку муслимани умреле при тие напади? Кој ги излажал дека постои светиот грал?
Веројатно тој истиот што сакал војна, сакал повеќе моќ, влијание на поголема територија, да стане славен....

Т.н. божјиот човек т.е. папата би било логички да се залага за мир во светот, децата да имаат што да јадат во најсиромашните земји, да го заштитува христијанското население во исламските земји кои е изложено на тортура, а тој ги осудува атеистите, оние кои ја вршат тортурата и да држи говири за верниците. Дали мислите дека тоа е исправно???

Dumbledore,

не биди наивен: кој воопшто вели дека крстоносните војни се водени ради светиот гра? Кој црн свет грал?
Изгледа пречесто гледаш филмој со Индијана Џонс...
 
Епа тогаш која била причината без потреба да се влезе во несакана војна и да бидеме реални трае и до ден денес. Па за волја на вистината светиот грал не постои ,тоа се само изговори со цел да се пљачка невин народ кои само има друго гледиште кон надприродното и е далеку понеразвиен од денешните, а и тогашните европски држави, кралства, империи, кнежества....
Според тебе постои ли светиот грал? Веруваш ли во таа легенда за неговото постоење!?:)
 
Светиот грал, односно изворот на вечниот живот постои: тоа е Светата причест-примањето на телото и крвта Христови, односно примањето на Изворот на животот во себе.

Крстоносните војни почнаа со оправдувањето за потребата од враќање на светиот град Ерусалим под рисјанска контрола, но тоа опрвадување прејде во општа пљачка на блискиот исток од војските предводени од папството, а не беше поштеден ниту Цариград, иако самиот град и државата под негова управа, веќе беа рисјански.
 
Еден од поинтересните моменти од животот и делото на Исус е враќањето на Лазар од мртвите. Според напишаното Лазар веќе 4 дена бил мртов и почнал да мириса кога дошол Исус. Делот околу враќањето од мртвите горе-доле им е познат на сите. Но што станало со Лазар потоа, уште колку време живеел, дали неговото тело кое почнало да се респаѓа се обновило, дали некому му ги прераскажал доживувањата? Како тоа приказната за "првиот човек кој станал од мртвите" завршува со "одмотајте го и пуштете го да си оди"? Според секоја здрава логика Лазар заслужува повеќе место во Библијата и воопшто во историјата. Но од Лазар нема ни траг по чинот на враќање од мртвите. Зошто?
 
Бог не` создал, бидејќи сме создадени, сме смртни(а не зошто сме прекршиле Божјо правило).
За да не умираме Бог ни даде слобода, доброволно да се соединиме со Него, зошто?
Бидејќи е Несоздаден.
Ако се соедини создаденото со Несоздаденото нема смрт, распаѓање, непостоење...
Бог има концепт да живееме со Него заедно, вечно како богови.
Со Сезнаењето, Семоќта...., ни ги решава проблемите( падот, одделувањето од Него, размножувањето, барањето соодветен народ преку кој аналогно целото човештво ќе се согласи за повторно слободно соединување со Него, без да се загрози човечката природа итн.) произлезени од подарокот од Него, нашата слобода.
Да, слободата е подарок од Бог и затоа сме слични со Него.
И пак, за да не должам и повторувам препрочитај наназад за да го вклопиш сево ова за да ја добиеш христијанската перспектива, инаку прашањата бесмислено само се повторуваат без прогресија на муабетот. Задоволен?

Благодарам, тоа сакав да го прочитам.[DOUBLEPOST=1392892810][/DOUBLEPOST]
Еден од поинтересните моменти од животот и делото на Исус е враќањето на Лазар од мртвите. Според напишаното Лазар веќе 4 дена бил мртов и почнал да мириса кога дошол Исус. Делот околу враќањето од мртвите горе-доле им е познат на сите. Но што станало со Лазар потоа, уште колку време живеел, дали неговото тело кое почнало да се респаѓа се обновило, дали некому му ги прераскажал доживувањата? Како тоа приказната за "првиот човек кој станал од мртвите" завршува со "одмотајте го и пуштете го да си оди"? Според секоја здрава логика Лазар заслужува повеќе место во Библијата и воопшто во историјата. Но од Лазар нема ни траг по чинот на враќање од мртвите. Зошто?

Па да бидеме искрени, пошто Библијата е создадена од комисија која решавала што влегува а што не, плус евангелијата се напишани 20-30 години после распнувањето на Исус а да не збориме дека самите евангелија се контрадикторни едни со други добро е што не го исфрлиле делот со Лазар.
 
Последно уредено:
[/B][/U][/COLOR]!"[DOUBLEPOST=1392845514][/DOUBLEPOST]
За болдот. Ако не сме прекршиле божјо правило, зошто во битие Бог го проколнува Адам со мака и пот да ја обработува земјата и таа трње да му раѓа? Зошто ја проколнува Ева да се мачи кога ќе раѓа? Зошто е најавен страшниот Суд?

Го изземаш разговорот пред проколнувањето, намерно?
 
Напротив, безброј пати е потенцирано од моја страна а игнорирано од ваша. Пред проколнувањето, на Адам и Ева им било забрането сознанието за добро и зло, а потоа тој што им го ускратил, ги казнува и проколнува затоа што не го послушале - згрешиле. Останува дилемата, како може да бараш одговорност од некој затоа што наводно сторил нешто погрешно, ако ти самиот си му ја ускратил можноста да распознава добро и зло?
 
Повторно го изземаш разговорот по земањето на плодот, а пред проколнувањето, дали е намерно?
 
Што изземам? Дали на Адам и Ева им било забрането сознанието за добро и зло? Дали истиот што им го забранил не ги товари за одговорност?
Како ќе знаеш ти дали некоја твоја постапка е добра или не, ако немаш сознание за добро и зло?
 
Зошто и на кој начин Бог го испрашувал Адам што се случило?
Бог незнаел,сакал да го казни, измачува...?
Ако ти како христијанин не го знаеш одговорот, јас ли да го знам?
Тоа што јас ти го посочив е факт, запишан - дека на Адам и Ева сознанието за добро и зло им било забрането и дека потоа биле казнети затоа што посегнале по него. Но да казниш некого на кој ти самиот си му јка ускратил можноста да распознава добро и зло? Како го објаснуваш тоа?
 
Еден од поинтересните моменти од животот и делото на Исус е враќањето на Лазар од мртвите. Според напишаното Лазар веќе 4 дена бил мртов и почнал да мириса кога дошол Исус. Делот околу враќањето од мртвите горе-доле им е познат на сите. Но што станало со Лазар потоа, уште колку време живеел, дали неговото тело кое почнало да се респаѓа се обновило, дали некому му ги прераскажал доживувањата? Како тоа приказната за "првиот човек кој станал од мртвите" завршува со "одмотајте го и пуштете го да си оди"? Според секоја здрава логика Лазар заслужува повеќе место во Библијата и воопшто во историјата. Но од Лазар нема ни траг по чинот на враќање од мртвите. Зошто?

Во делот за значењето на воскреснувањето на Лазар можеш да прочиташ дека таму се вели дека воскреснувањето ќе се случи за да се прослави синот човечки односно да се прикаже неговата моќ и власт над природата а не да за да се отслика задгрообниот живот.

Библијата доволно сведочи за целта на човекот и патот до Бога.
Во Православието како и во Библијата постојат и многу други записи и сведоштва за се тоа што се случува по смртта.

Она што Светото Писмо го сведочи е се што е потребно и доволно напишано, толку за да ги утврди Христијаните во верата.
 
Погрешно си ме разбрал, не прашувам за значењето на чинот и зошто е спомнат или не во Библијата, туку дали некој знае што се случило потоа со Лазар, кога умрел, како умрел, дали живеел со своите или побегнал и живеел како пустиник ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom