зошто веруваш во ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЈОВАН ??
кога самиот рече дека Јован се молел на ангел? а не на исус?
Ајде пасте на убаво објаснето за сите да прочитаат.
Муслиманите тврдат дека Исус Христос е пророк (и ништо повеќе од тоа).
Велат: "Каде во Библијата Исус вели 'Јас Сум Бог'?" или "Дали Исус некогаш рекол 'Јас Сум Бог'?"
Не, Исус никогаш не рекол дословно "Јас Сум Бог". Барем не во сведоштвата на апостолите запишани во Новиот Завет.
Но исто така Исус никогаш не рекол "Јас Сум Човек", ниту "Јас Сум Пророк", а сепак знаеме дека бил и човек и пророк. И како што не е неопходно Исус да ја каже дословно фразата "Јас Сум Човек" за да тврдиме дека е човек, исто така не е неопходно да каже дословно "Јас Сум Бог" за да тврдиме дека тој е Бог.
Иако Тој не ја кажал таа фраза,
Тој сепак тврдел дека има божествена природа и се поистоветувал со Бог. (Види Излез 3:14 и спореди со Јован 8:58).
Исто така Тој примал и не одбивал обожување и поклонување од луѓето (Матеј 2:2,11; 14:33; 15:25; 20:20; 28:9,17; Јован 9:35-38), за разлика од апостол Петар и ангелот кои одбиле поклонување (Дела 10:25,26; Отк. 9:10; 22:8,9) што е исто така едно индиректно тврдење од Негова страна дека е Бог.
Кога Мојсеј беше на планината Синај, зборувајќи со Бог, го праша кое е Неговото име, а Тој одговори: "ЈАС СУМ КОЈ СУМ", и рече: "Ова ќе им го кажеш на синовите Изреилеви: 'ЈАС СУМ' ме прати кај вас" (Излез 3:14).
Во Јован 8:58 Исус вели: "Вистина, вистина ви велам, уште пред да се роди Авраам, ЈАС СУМ."
Одма по ова Евреите земале камења да го каменуваат. Подоцна во Јован 10:30-33 Исус тврдеше дека е ЕДНО со Таткото и евреите повторно сакале да го камнуваат велеќи Му: "Не те каменуваме поради добрите дела, туку поради богохулство, зашто, иако си човек, се правиш Бог!"
Ако тоа не е доволно јасно тврдење за денешните муслимани, јудеисти, Јеховини сведоци и други, можеме да бидеме сигурни дека на тогашните евреи тоа им било кристално јасно тврдење од устата на Исус дека Тој е Бог и затоа сакале да го каменуваат.
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 23:12 ---
Зборовите "ЈАС СУМ"
Да разјасниме. Секој може да ги изговори зборовите "Јас Сум" и тоа не значи дека некој тврди за себе дека е Бог. На пример некој може да рече: "Јас сум човек" или "Јас сум гладен" или "Јас сум болен" итн.
Но во Јован 8:58 кога Исус вели: "уште пред да се роди Авраам, Јас Сум.", а не вели "уште пред да се роди Авраам, Јас бев." Евреите точно знаеле што Тој рекол.
Забележете дека вели "уште пред да се роди Авраам (минато време), ЈАС СУМ (сегашно време!)". Исус намерно го менува времето на глаголот, за да им го пренесе вниманието на евреите кон Стариот Завет, и повикувајќи се на божественото "ЈАС СУМ" да им укаже на евреите Кој всушност Тој е.
А Неговиот успех во тоа го гледаме во нивниот обид да Го каменуваат.
Горенаведените стихови од каде што гледаме дека Исус тврди за себе дека е Бог, се само неколку од многуте дирекни и индирекни докази дека Исус е Бог.
--- надополнето: 4 февруари 2014 во 23:14 ---
МУ СЕ ПОКЛОНУВААТ: (9 примери)
А тој рече: "Верувам, Господине", и Му се поклони. -
Јован 9:38
Зашто ја видовме Неговата ѕвезда на исток и дојдовме да Му се
поклониме...Кога влегоа во куќата, го видоа Детето со мајка Му Марија,
паднаа ничкум и Му оддадоа чест -
Матеј 2:2,11
А оние што беа во коработ, дојдоа и Му се поклонија, велејќи:
"Навистина, Ти си Божјиот Син. -
Матеј 14:33
Таа повторно Му се приближи и поклонувајќи Му се рече:
"Господи, помогни ми! -
Матеј 15:25
Тогаш мајката на синовите Зебедееви Му пристапи заедно со своите
синови, поклонувајќи Му се, за да измоли нешто од Него. -
Матеј 20:20
Го фатија за нозете и Му се поклонија. -
Матеј 28:9
И штом Го видоа, Му се поклонија, а некои се сомневаа. -
Матеј 28:17
та во името Исус да се поклони секое колено на оние кои се на небото,
на земјата и под земјата -
Филипјаните 2:10
И пак, кога Првородениот Го воведе во светот, рече:
"И да Му се поклонат сите Божји ангели!" -
Евреите 1:6
ЗА РАЗЛИКА ОД ПЕТАР И АНГЕЛОТ КОИ ОДБИЛЕ ПОКЛОНУВАНЈЕ:
А кога Петар влегуваше, Корнелиј го пречека, падна пред неговите нозе
и се поклони. Петар го подигна, велејќи: "Стани! И јас сум само човек! -
Дела 10:25,26
Јас паднав пред неговите нозе да му се поклонам, а тој ми рече:
"Не прави го тоа! Јас сум слуга како и ти и твоите браќа -
Отк 19:10
Јас, Јован, сум тој кој ги чу и ги виде овие нешта. И кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот кој ми ги покажа овие нешта. А тој ми рече: "Не прави го тоа! Јас сум слуга како и ти и твоите браќа, пророците и сите оние кои ги пазат зборовите на оваа книга.
На Бог поклони Му се!" -
Откровение 22:8,9
Ги поседува сите атрибути на Бог
Го Слават
(Матеј 2:2,11; 14:33).
Го нарекуваат Бог
(Јован 20:28; Евреите 1:8)
Го нарекуваат Син Божји
(Марко 1:1)
Му се молат
(Дела 7:59).
Безгрешен е
(1 Петар 2:22; Евреите 4:15).
Знае се
(Јован 21:17).
Дава живот вечен
(Јован 10:28).
Во Него живее сета полнота на Божеството
(Колосјаните 2:9).