Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Ич не му требаше оваа заповед со прељубата...ама тоа е, што е!
Сите сме грешни.
А дали гледање туѓи голи задници на форум или на слики од списанија е грев?
;)
Господ нека проштева, сега грешни сме, гревовите си ги носиме со нас. За да не бидеме грешни до толку, треба да се појди на исповед и после исповедањето да се очистиме и да внимаваме понатаму уште повеќе како се однесуваме.
Прељубата ја имаат сите скоро направено, ете се случило, но убиството во денешно време особено абортусот е страшен грев! Една година цела треба мајката за да се малку очисти, многу читање на покаен канон, постење секоја недела - понеделник, среда и петок и сите пости, не смее да се причести и ред други работи.
Прељубата во брак е страшно, особено да се прежени/премажи, па уште со деца, тие веќе не се луѓе.
Времето се продолжува, но и се скратува, се побрзо и побрзо врви времето, запишете си сите - последните времиња се пред вас, се остварува прореченото според писмото и после сите предвидувања и откривенија ќе дојде силниот во сила Господ со слава да им суди на народите и целата земја ќе ја запали и нов Рај ќе направи.
 
особено да се прежени/премажи, па уште со деца, тие веќе не се луѓе.

Ама душичко, ти нешто си грешка.
Самата црква три пати може да те венча со различна жена и обратно.
Имам другар кој по трет пат се венчава во црква и ниту еднаш попот не му рече дека прави грев, напротив, им даде благослов.
 
Ама душичко, ти нешто си грешка.
Самата црква три пати може да те венча со различна жена и обратно.
Имам другар кој по трет пат се венчава во црква и ниту еднаш попот не му рече дека прави грев, напротив, им даде благослов.
Еден човек може само еднаш да се венча и еден брачен другар да има.
Не можете никој да ме излажете, Господ Исус Христос рекол во 10 божја заповед: Не пожелувај ништо што е туѓо. Освен една сопруга, не смее мажот да погледне друга и да се преженува.
Како сте кроеле, така ќе најдите, тешко на оние што не поверувале во Христа, се ќе се оствари до збор што е напишано во Библијата. Едно запамти, за секој еден збор што сме го кажале, а му е нелагоден на Бога, ќе одговараме на страшниот суд.
Со нас е Бог, разберете народи и покорете се, зашто со нас е Бог.
 
Ама душичко, ти нешто си грешка.
Самата црква три пати може да те венча со различна жена и обратно.
Имам другар кој по трет пат се венчава во црква и ниту еднаш попот не му рече дека прави грев, напротив, им даде благослов.

Допуштањето повеќе од едно венчавање не е баш толку „праволиниско„...

На пример, владиката Николај Велимировиќ допушта дури и 4-то венчавање, ама го нарекува „скотска работа„.

Првото венчавање може да биде и нечија грешка и слабост и да се „помине„ преку тоа, но сите наредни венчавања, иако се допуштени, се вршат со намален благослов во однос на првото.
 
Намален благослов:pos::pos::pos:
зарем има и зголемен:facepalm:
Толку од мене, ме разочара ептем.

Да, намален благослов...

Ако Бог сметаше дека на Адама му треба повеќе од една жена, сам Бог ќе му створеше на Адама цел харем со жени...
 
Ако изедам некое растение што е отровно дали ке оди во пеколот дека ме убило?
И каде би отишле сиве овие животни од лавови до зајаци и птици што секој ден за јадење убиваат животни и инсекти и имаат многу партнери во текот на животот????

И зошто мечка напаѓа само кога е нападната дали тогаш и влагаат демоните и ја тераат да те изеде?


Или тоа од кога дошол ѓаволот на земјава е така дека порано диносаурусите живееле од љубов.


И зошто никаде не се демонизираат луѓе како Гоце Делчев, Александар Македонски и други што убивале за Македонија?
 
Последно уредено:
Нека ви е лесен и благословен Божиќниот пост, да ви дава Господ повеќе здравје и среќа и да ве спаси.
 
Ако може совет некој што се фрлал по крстот за водици се издржува ладната вода се прави припрема јас вака сум зимурлив
 
Ако може совет некој што се фрлал по крстот за водици се издржува ладната вода се прави припрема јас вака сум зимурлив
Брате исти сум и ја. Затоа када, туш кабина или евентуално бања.
 
Ако може совет некој што се фрлал по крстот за водици се издржува ладната вода се прави припрема јас вака сум зимурлив

Тоа се локализирани обичаи кои немаат нешто особено заедничко со Христијанството, никаде во Писмото немаме заповед за фаќање крст во вода или нешто слично, така да подобро да не влегуваш во вода за Водици, и онака нема врска со Верата.
 
Тоа се локализирани обичаи кои немаат нешто особено заедничко со Христијанството, никаде во Писмото немаме заповед за фаќање крст во вода или нешто слично, така да подобро да не влегуваш во вода за Водици, и онака нема врска со Верата.

Многу нешта не се запишани во Писмото. Писмото е напишано во даден историски момент односно период и истото не може да опфати и идни настани, кои се на некој начин врзани со Црквата.

Фрлањето крст и скоковите за неговото фаќање, како и повеќето слични дејанија, се нарекуваат „благочестиви обичаи„, кои сами по себе не се влезница во Рајот, туку настани од симболично значење.

Така, при „фрлањето на крстот„ крстот го симболизира Христа крстениот (и распнатиот на крст), водата во која се фрла крстот ја симболизира реката Јордан, во која Христос беше крстен, односно самиот тој чин на „фрлање„ е сеќавање на крштевањето Христово од страна на Јована Крстителот во водите од р. Јордан.
 
Последно уредено:
Улогата на Исламот денес е буквално истата како онаа од времето кога таа религија е зачната-освојување на земјите кои не прифаќаат таква вера и наметнување на шеријатот како правен поредок врз поробените народи.
...сакаш да ми кажеш оти црковните главешини од христијанството не сонуваат сеуште за ширење на верата? :)
...или дека Христијаните не убивале за да шират вера?
 
...сакаш да ми кажеш оти црковните главешини од христијанството не сонуваат сеуште за ширење на верата? :)
...или дека Христијаните не убивале за да шират вера?

Сакам да (ти) кажам дека:
- Сам Бог им заповеда на Апостолите да го шират евангелието по сите народи по Светов. Кој му даде таква заповед на Мухамед?
- „Христијанство„ е широк поим. Дај посочи кои се тие христијани кои убивале и кој им дал таква заповед и дозвола.
 
За секојдневниот крст
„Патот Господов е секојдневен крст и невозможно е да се избегне, колку и да го сака човекот тоа.
За искушенијата треба да Му благодариме на Бога, зашто тие ни помагаат уште повеќе да се прилепиме за Него, ако кон нив правилно се поставиме. Зашто, што ни значи целиот живот да бидеме во нирвана и со скрстени раце да изговараме: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот“? Каков труд ние тука вложуваме? Тоа ли, што непрестајно го придвижуваме јазикот? Тоа ли? Нема ништо од тоа! Потребно е некој да нè тресне и здрма од лево, па малку од десно, за да се припоиме кон Бога, во Чија рака се и нашето здравје, и нашата болест, и нашата среќа.
Бог, како Оној кој промислува за сите нас, знае што на кого од нас му е на духовна корист, па тоа и ни го испраќа. Кажано е во Евангелието дека ниту влакно од нашата глава нема да падне без Негово знаење и промисла, а камоли пак да се случи нешто повеќе од тоа.
Господ знае кој колку товар може да понесе, па толку и му товари на грбот... И кога ни е тешко, да повикаме кон Бога: „Господи, помогни ми“, а Господ ќе ни влее радост во срцето и со самото тоа ќе ни даде сила тој товар, таа мака и неволја полесно да ги подигнеме и понесеме.
Мислата дека нема да се спасиме е чисто ѓаволска. Свети Григориј Палама вели дека и самиот факт, што Бог нè држи во живот, значи дека Бог го прима и нашето покајание.
Молитвата е пат на борбата против помислите. Постојано повикувај кон Бога, моли се. Ако престојуваш во таква состојба, ѓаволот ќе побегне, зашто не сака да биде „бесплатен работник“.
Осветувајќи го срцето со молитва, човекот ги одбива помислите.
Сигурно дека кога ќе наидат искушенијата, човекот не гледа ништо освен темнина и само темнина, но тие демонски напади можеме да ги искористиме за свое добро, на плетење на венци за нашата душа пред Господа.
Со време, кога чувството ќе се изостри, секој демонски напад всушност ќе ни донесува нови венци, зашто со своите искушенија и со своите напади, ѓаволот едноставно ќе нè турка во прегратките Божји. Тој напаѓа, а ние се бориме и повикуваме кон Бога, и преку тоа се вежбаме во трпението и молитвата кон Бога, како кон наше прибежиште од сите неволји.“
Старец Пајсие Хилендарец
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom