Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Нема потреба од твоите совети, веќе имам прочитано доста одговори на форумов и без зачленување (можеби сум член под друго име, ако ти е членството толку битно).
Инаку не ми одговори на поставеното прашање мислејќи дека си „king“ на форумов и дека нема што да одговараш на некој почетник.
За жал тоа само покажува дека христијанството овде што го толкуваш е исто како она кога се појавуваат на врата некои личности и на мојата 80 годишна баба ја прашуваат дали знае зошто потонал „Титаник“ и дали сака да помине во нивната вера.
Ако си христијанин, однесувај се христијански, а не како шериф.
И никој не побара одговор баш од тебе, па не мораш да одговориш ако незнаеш, нели.

Инако од тоа што го прочитав, Стариот Завет е малку „незгоден“ за објаснување зато што и самиот автор се загубил во раскажувањето, па затоа и се избегуваат одговорите околу него, додека Новиот Завет е по внимателно напишан за да не дојде до забуна кај читателот (верникот).

Инаку неможам да разберам како некои на форумов, верници, христијани, со погрдни зборови се изразуваат и исмејување, а истовремено го споменуваат Бога и веруваат во неговите принципи. Можеби нив гревовите однапред им се простени.

Не мора да одговориш на моите прашања, зато што можеби и немаш одговор. Ќе одам на друг форум каде можеби некој ќе сака да одовори.
 
Не мора да одговориш на моите прашања, .

О.К., ќе те послушам, нема да ти одговарам на прашањата: послушноста е рисјанска доблест, а немањето потреба од совети е знак за безмерно себељубие.
 
Моето атеистичко сфаќање ни сто години нема да го разбереш оти сем твојата лага не гледаш друго.
Јас можда имам специфичен далтонизам, но ти имаш замрачување на видот.
Јас те прашувам едно ти друго пишуваш. Јас кога сум читал библија ти уште млекото си го викал папо. Јас знам што пишува ти не разбираш.
Океј е,нека биде така како што ти викаш,но бидејќи лажам нели,за моите постови јас ти гарантирам дека истите одговори ќе ги добиеш да прашаш и свештеник и теолог.Ако лажам не би ти сугерирал да разговараш со некој од нив така ? Јас ти одговорив зошто не пишува во Библијата за гравитација,Њутнови закони,Борзеово движење,Теорија на релативитет итн.Зошто ако според твојата логика во Библијата се пишува за гравитација,тогаш ќе речете па зошто нема за Браново движење ? па зошто нема за Нуклеарна фузија ? и така,Библијата не би била Божја реч која има функција да му го покаже патот на човекот до Вечниот живот туку Научна Книга која ги објаснува и докажува сите појави,закони и слично на земјата и надвор од неа.Така,човекот ќе се фокусира на нив а не на примарната цел која ја спомнав.Немој аман сеа пак хистерија да те фати за ''мојава филозофија''..[DOUBLEPOST=1422618479][/DOUBLEPOST]
Ха,ха:D Си нашол со кого да водиш дискусија.Јас одамна го откачив,всушност самиот увидов дека е откачен,очаен старец,кој не би ја разбрал хидродинамиката а не пак гравитацијата.
Се сум јас тоа Исписимус,дури и полош сум од твоите замисли за мене,но кога ме напаѓа некој атеист,сатанист и сличен,ме теши една утеха.Вашето лаење и фрустрирана гордост овде,не се ни 1% од вашиот страв да умрете како сатанисти или атеисти... затоа вашите напади и лоши зборови за мене не ме тангираат,се е ова само ветер и магла која ја правите..
 
Последно уредено:
Океј е,нека биде така како што ти викаш,но бидејќи лажам нели,за моите постови јас ти гарантирам дека истите одговори ќе ги добиеш да прашаш и свештеник и теолог.Ако лажам не би ти сугерирал да разговараш со некој од нив така ? Јас ти одговорив зошто не пишува во Библијата за гравитација,Њутнови закони,Борзеово движење,Теорија на релативитет итн.Зошто ако според твојата логика во Библијата се пишува за гравитација,тогаш ќе речете па зошто нема за Браново движење ? па зошто нема за Нуклеарна фузија ?

Не заборави дека кога е пишувана Библијата, секоја книга била пишувана рачно на штавени кожи и колку макотрпна работа било да НАПРАВИШ и да напишеш само една книга.
 
О.К., ќе те послушам, нема да ти одговарам на прашањата: послушноста е рисјанска доблест, а немањето потреба од совети е знак за безмерно себељубие.
Веќе заборави дека ми даде совети образложени во 4 точки.
Јас побарав одговор и да ја имаше рисјанската доблест ќе одговореше, ама изгледа дека кога немаш одговор имаш совет.
Инаку и ме осуди дека како „тазе“ форумџија дека немам право на (незгодни) прашања и дека сум сега јас лошиот идека сум безмерно себељубец.
Зарем заборави кој може да осудува?
 
Пред некој ден налетав на едно интересно прашање.
Каде се одржала тајната вечера, кое е местото ?
 
Пред некој ден налетав на едно интересно прашање.
Каде се одржала тајната вечера, кое е местото ?

Во Ерусалим, во куќата од Св. Ап. Марко, на Велики Четврток.
 
Bi sakala da ve prasam koj znae postarite mi kazuvaat deka ne se tusira vo petok bidejki se posti i ne se raboti...no bidejki jas sum vernik i postam petoci bi ve prasala dali ne treba ni da se tusira??
 
За неработењето е во недела.
Во однос на капењето по време на пост незнам(ќе се поинтересирам), важно е да се внимава на храната, а пред се на духовниот пост.
 
Bi sakala da ve prasam koj znae postarite mi kazuvaat deka ne se tusira vo petok bidejki se posti i ne se raboti...no bidejki jas sum vernik i postam petoci bi ve prasala dali ne treba ni da se tusira??

Како што вели Изгрев: позанимавај се со духовниот пост и чистота, наспроти телесниот. Бидејќи кај нас се чести мудростите од типот „...баба ми така ми кажа...„, не обрнувај многу внимание на „рекла-кажала„, туку на учењето од Црквата.

Колку ми е познато, бањањето во петок не е забрането, туку во денот од самото причестување, како превентива кон Светата Тајна, а петок не е ден за одмор, туку неделата.
 
Ако можеш да најдеш, скенирај и прикачи овде делови од „Слово за празниците“ од Кирил Пејчиновиќ.
Таму многу убаво е објаснето што се христијански обичаи, а што фолклор и празноверие.
 
Како што вели Изгрев: позанимавај се со духовниот пост и чистота, наспроти телесниот. Бидејќи кај нас се чести мудростите од типот „...баба ми така ми кажа...„, не обрнувај многу внимание на „рекла-кажала„, туку на учењето од Црквата.

Колку ми е познато, бањањето во петок не е забрането, туку во денот од самото причестување, како превентива кон Светата Тајна, а петок не е ден за одмор, туку неделата.
Ме интересира болдот.
Дали тоа значи дека секс пред брак е допуштен се додека нема љубов мегу учесниците у сексот.
Бидејки сепак љубовта е духовна а сексот е само физички.
 
Ме интересира болдот.
Дали тоа значи дека секс пред брак е допуштен се додека нема љубов мегу учесниците у сексот.
Бидејки сепак љубовта е духовна а сексот е само физички.
Имав некаде прочитано дека сексот пред брак е во групата смртни гревови.Таквиот акт на човекот го тера Бог да го сврти лицето од него,да го ''повлече'' неговиот ангел чувар кој му е даден од раѓањето и истиот навлекува на себе само несреќа.Ако размислиш подобро,и не е далелку од вистината,не е ни чудо што 45% од браковите во Македонија се распаѓаат уште во првата година(ни светот не е нешто во подобра статистика),што веќе жената не е суштество кое во минатото имало големо значење...........
 
Жената во минатото имала големо значење???
Не ме заебавај. Па не смеела да гласа, немала право на образование, биле сметани за поглупави од мажите итн.
Кое влијание може да го имала?
Била користена само како помошник на мажот.
Тоа со распадот на браковите е последица од друга работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom