А што тоа противречи, и што е искривување на вистината овде?
Еве на пример ова:
"Lucky is the lion that the human will eat, so that the lion becomes human. And foul is the human that the lion will eat, and the lion still will become human."
Kako го толкуваш ти ова?
Штом ти е прифатлив стихот 114 од овој апокриф, сигурно сѐ друго ќе ти биде прифатливо. И сите останати осумдесетина апокрифни евангелија, само евангелијата што се во духот на Христијанството нема да ти бидат прифатливи. Се чудам, зошто?
Но за да не мислат другите дека овие апокрифни евангелија не се внесени во Библијата бидејќи некој не сакал да ги внесе поради каприц, ќе посочам кај се косат со христијанскиот дух и кај се противречни.
Ап. Ев. по Тома:
7. Исус рече:"Среќен е лавот, кој ќе биде изеден од човек, така што лавот ќе стане човек. И одвратен е човекот што ќе биде изеден од лав, бидејќи лавот сè уште може да стане човек".
Има и други преводи кадешто среќен е преведено со благословен (blessed), a луд е преведено со проклет (cursed).
A Бог рече во Битие 1:
26. Потоа рече Бог: „Да создадеме човек според Нашиот образ и подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над рибите морски, и над птиците небески, и над ѕверовите – над целата земја и над сите гадинки што се движат по земјата!”
27. И го создаде Бог човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде.
Дали гледаш каде е противречноста?
Последно уредено: