Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Кој мисловен скок, чо‘ече...:facepalm:
Си ја знаел и другата страна...Онаа хипотетичката, така? :facepalm:

Брате 121314,

ај прочепкај на сајтот „Борба за веру„ и најди барем еден критички став од авторите од сајтот, кој е насочен кон делот од медицината кој совесно си ја врши работата, вклучувајќи го и вакцинирањето.

Тоа што на сајтот се посочени одредени „филантропи„, мизантропи и еугенички сатанисти, тоа е став од авторите од сајтот кон нивната геноцидна намера, а не кон медицината воопшто.

Ќе ти текне...

Зошто таков потценувачки и саможив однос? Премногу филозофски гледаш кон работите. Јас наведов хипотетичка ситуација, но во реалниот свет, во реално време, од она што сум зборел со родители кои се лаици по медицина, а читале вакви и слични текстови сум слушнал дека СЕКОЈА вакцинација е штетна, а не дека е штетна само НЕСОВЕСНАТА вакцинација.
Ако не ми веруваш мене, пробај и увери се сам. Ќе дојдеш до истиот заклучок.
Затоа, брате Мики, не можеме да го пренебрегнеме тој факт, дека повеќето луѓе го немаат тоа ниво на знаење, и дека таквите информации наместо да им бидат од полза, може само да им наштетат.
 
Епа ако гледаме хипотетички,нас верниците не има многу повеќе од вас атеистите(на верници тука мислам од сите религии заедно,Ислам,Христијанство,Јудаизам итн.)

Сигурен ли си во ова??? И уште МIKI1 стиснал дека му се допаѓа:facepalm:, а знам дека го знае добро ставот на Источната Православна Црква за тоа кого и само кого смета за верник.

Прочитај кои се сметаат за верници според Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква - Источната Православна Црква:

http://www.svetosavlje.org/bibliote...ksimov/Lat_VanCrkveNemaSpasenjaMaksimov06.htm

Eвангелие според Светиот Апостол Јован, Глава 14

5. Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?”
6. Исус му рече: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене.
 
Последно уредено:
Верните имаат утеха: смртта може да им биде преод во вечноста.
Неверните немаат утеха: можат да се самозалаужаат дека смртта е чин после кој нема ништо...
Micko a od kade toa znaes\ete deka e tocno ovoa? Vi se javil li vernik ili nevernik da vi potvrdi? Nagagate li veruvate li? Posto vaka napisano covek ke pomisli deka od iskustvo ovoa go obajasnuvas nebare si bil tamu!A i drugo nesto ti vakciniran si be?
 
Од сеа па натаму, сите религија/кредибилитет на истата вс атеизам дебати ќе се одвиваат тука, а секој пост кој не е стриктно прашање/одговор ќе биде соодветно казнуван и бришен. Продолжете ги дебатите таму и прочитајте ги прво правилата.
 
Добро тогаш ќе поставам прашање до верниците од православна вероисповед.Зошто кога има починат човек и верниците велат едни на други "Бог да го прости",а не велат "Бог да му прости"?
 
Добро тогаш ќе поставам прашање до верниците од православна вероисповед.Зошто кога има починат човек и верниците велат едни на други "Бог да го прости",а не велат "Бог да му прости"?

Верниците не велат „Бог да го прости„: тоа го велат номиналните верници, кои се исповедаат за православни само на попис, во графата „вероисповест„, а без да знаат што воопшто велат.

Во Црквата, јасно е што треба Бог да му прости на упокоениот: тоа се гревовоите, без чие простување никој не влегува во Царството Небесно.
 
Верниците не велат „Бог да го прости„: тоа го велат номиналните верници, кои се исповедаат за православни само на попиc...

На КОЈ попис:icon_lol:? Ти како да не живееш во Македонија.
 
Сигурен ли си во ова??? И уште МIKI1 стиснал дека му се допаѓа:facepalm:, а знам дека го знае добро ставот на Источната Православна Црква за тоа кого и само кого смета за верник.

Прочитај кои се сметаат за верници според Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква - Источната Православна Црква:

http://www.svetosavlje.org/bibliote...ksimov/Lat_VanCrkveNemaSpasenjaMaksimov06.htm

Eвангелие според Светиот Апостол Јован, Глава 14

5. Тома Му рече: „Господи, не знаеме каде одиш; и како можеме патот да го знаеме?”
6. Исус му рече: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене.
Немој ти мене да ми предаваш веронаука и што вели Библијата за оние кои не се Христијани.. тоа е прво,а второ е тоа дека јас го напишав тоа хипотетички.Под верник(теист ако сакаш научно) се подразбира човек кој верува во Бог без разлика од која религија е истиот.Тоа е дефиниција за верник(теист).
 
Theism is commonly a monotheistic doctrine concerning the nature of a deity, and that deity's relationship to the universe....

AkA po naski Monoteistciko ucenje...nema naucno nisto tuka...

Nego da te prasam, budistite vernici li se spored tvojava formula?
 
На крај монотеизам ќе испадне верување во мртовци.
Прашај ги нив,ако го сметаат Буда за Бог тогаш да.Ти кажав,верник е секој што верува во Бог.Верник не е само Христијанин.[DOUBLEPOST=1410902313][/DOUBLEPOST]
На КОЈ попис:icon_lol:? Ти како да не живееш во Македонија.
Алудира на обичаите и оние православни кои од незнаење го искривиле Православието наопаку..
 
Немој ти мене да ми предаваш веронаука и што вели Библијата за оние кои не се Христијани..

Koлку горделиво звучи потцртаново.

И не мислам никому да предавам ни веронаука ни било што друго, само изнесувам голи факти.
Според Православното учење, само припадниците на Источната Православна Црква се сметаат за верници, а СИТЕ ОСТАНАТИ за неверници, вклучувајќи ги тука и римокатолиците, протестантите и древноисточните православци (монофизити и несторијанци). Ич да не правиме муабет за припадниците на Јудаизмот и Исламот.

Повторувам, за Источната Православна Црква нема никакава разлика меѓу христијански верник кој не припаѓа на претходноспоменатава црква, теист, муслиман, будист, анимист, хиндуист, римокатолик, протестант, деист, гностик и било кој друг верник кој верува во Бог и атеист (неверник), бидејќи НИЕДЕН од гореспоменативе "верници" нема да се спаси.

Или поедноставно кажано верник (теист) кој не верува како што учи Источната Православна Црква и не е нејзин припадник не ќе може да се спаси и ќе заврши како и секој неверник (атеист) во Пеколот.
 
Последно уредено:
Koлку горделиво звучи потцртаново.

И не мислам никому да предавам ни веронаука ни било што друго, само изнесувам голи факти.
Според Православното учење, само припадниците на Источната Православна Црква се сметаат за верници, а СИТЕ останати за неверници, вклучувајќи ги тука и римокатолиците, протестантите и древноисточните православци (монофизити и несторијанци). Ич да не правиме муабет за припадниците на Јудаизмот и Исламот.

Повторувам, за Источната Православна Црква нема никакава разлика меѓу христијански верник кој не припаѓа на претходноспоменатава црква, теист, муслиман, будист, анимист, хиндуист, римокатолик, протестант, деист, гностик и било кој друг верник кој верува во Бог и атеист (неверник), бидејќи НИЕДЕН од гореспоменативе "верници" нема да се спаси.

Или поедноставно кажано верник (теист) кој не верува како што учи Источната Православна Црква и не е нејзин припадник не ќе може да се спаси и ќе заврши како и секој неверник (атеист) во Пеколот.
Не е воопшто горделиво затоа што ми кажуваш нешто што го знам напамет па затоа така се изразив.
Точно е дека никој нема да се спаси од оние што не веруваат во Христос,не се крстени,не се покајале за своите гревови(мислам на гревови кои се класифицираат како НАЈТЕШКИ ГРЕВОВИ како самоубиство,убиства на илјадници,милиони итн).Разликата е што ќе бидат спасени оние кои биле крстени и верувале во Исус а од икс причина/и не успеале или не стигнале да ги исповедаат своите гревови.Во тој случај се зема во предвид дали истиот правел големи добрини и дела кои се поголеми од неговите гревови,односно за кои може да се прифати како достоен за Царството Небесно.

Не знам точно што се подразбира под поимот Источна Православна Црква.Јас знам за Православна Црква(Една Христова Црква).Како и да е,верник е човек кој верува во Бог(има луѓе кои не веруваат во Бог ама веруваат дека нивниот тим во фудбал ќе го победи спротивниот,тоа не е верник).Како што кажав,тоа е општо земена дефиниција за верник(теист).Но факт е дека Православната Црква е жртва на политиката.Кога ќерката вика дека е постара од мајката.. се е тогаш сувишно да се збори за тоа..
 
Toa jас го пишувам за да се разликуваат термините Еаstern Orthodoxy и Оrientаl Orthodoxy т.е. дохалкидонските цркви или црквите што ги признаваат само првите три Вселенски Собори и кои се еретички цркви, бидејќи ја проповедаат монофизитската ерес.
 
Или поедноставно кажано верник (теист) кој не верува како што учи Источната Православна Црква и не е нејзин припадник не ќе може да се спаси и ќе заврши како и секој неверник (атеист) во Пеколот.

А што ќе се случи со народите, од било кое време, до кои не допрело евангелието Христово? Што ќе кажат тие на Страшниот Суд Христов? Дека не биле православни?
 
Од сеа па натаму, сите религија/кредибилитет на истата вс атеизам дебати ќе се одвиваат тука, а секој пост кој не е стриктно прашање/одговор ќе биде соодветно казнуван и бришен. Продолжете ги дебатите таму и прочитајте ги прво правилата.
Фала му на Бога и на Модераторот! Редно беше.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom