Да, одма има да се уверат во оваа апсолутна вистина и да сватат дека вакцините се заговор на масоните против човештвото.....
Со што ли ви ги перат мозоците не ми е јасно....
E море Ипси, многу си наивен. Биди сигурен дека тие што го уредуваат ова списание први ќе трчаат нивното дете да прими вакцина и тоа преку ред. Тоа што го пишуваат важи само за широките маси, а не и за нив. Чиста демагогија.
Знам од лично искуство колку беа против кога се појавија мобилните телефони (сатанско дело, контрола на умот итн.). Што мислиш, кој прв ги купи?
Истите тие кои беа најмногу против, и тоа во време кога останатите немаа ни пејџери.
Истите свештеници кои фрлаа дрвја и камења кога се појавија компјутерите, први ги купија а обичниот народ немаше ни органајзери.
Исто и со телевизорот. Антената била роговите на ѓаволот итн. Но поповите имаа телевизор кога останатите немаа ни радио.
Уште ли не го научи нивното лицемерие?
Читаш ли овде на форумот колкави дрвја и камења се фрлаат по напредокот на науката? Знаеш ли зошто? Тие под напредокот на науката не го подразбираат пронаоѓањето на печатарската и парната машина, пронаоѓањето на струјата, развојот на медицината и развојот на технологијата.
Ама затоа ги користат сите привилегии што ги носи современиот живот што го донел тој развој, и тоа со двете раце.
И сметаат дека таквото лицемерие е во ред.
И сметаат дека човештвото не напреднува туку се уназадува.
Знаеш ли зошто?
Нив ги "боли" што луѓето се
описменија.
И во старо време кога ретко кој бил писмен, Мики и сличните нему ќе им се чинеа на останатиот народ попаметни од да Винчи, Тесла и Едисон заедно.
А не како сега, секој попаметен средношколец да ги прави партал.
По тоа време тие жалат.
Така ли е, брате Мики?