Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Случај во кој нема слободна волја е кога креираш и допушташ особини, знаејќи ги сите крајни исходи, а потоа бараш одговорност и судиш поради истите.
Самиот акт на судење е бесмислен и контрадикторен кога станува сбор за креатор кој има квалитети како што се семоќноста и сезнајноста! Судењето подразбира категоризирање на нештата и ситуациите на погрешни и исправни, добри и лоши, потребни и непотребни....итн, итн. Е сега, ако се потекнува од оној што суди, тоа значи дека тој индиректно суди на самиот себеси! Бидејќи нели се е од него! Па така ако пресуди дека нешто е непотребно, тоа значи дека признал дека одреден дел од неговата креација или дизајн е непотребен, дека креирал или допуштил нешто кое е непотребно, зло...промашување!
Дали и како ја разбираш способноста на креацијата да му каже „НЕ!“, на Креаторот?

Ова се вика - "здрав разум - логика", нема врска со теологии.
Ова се вика твоја логика.
 
Ова не е аргумент..

Аргументи љубат протестантите и атеистите, под услов тие аргументи да им се по мера и по мерак.
Овде дискутисаме за духовни нешта и за објавени виситни, а не за надмудрување.
 
Дали и како ја разбираш способноста на креацијата да му каже „НЕ!“, на Креаторот?
Како неспособност на креаторот. Бог, бидејќи е претставен како совршен, треба да има гледна точка која исто така е совршена. Перцепирањето на нешто како погрешно или зло, е во спротивност со можноста таа гледна точка или перцепција да е совршена.
Ова се вика твоја логика.
Логиката нема сопственик.
 
Па даа....требаше да претпоставам, кога нема аргументи почнуваш со цепкање на постот реченица по реченица и коментари од типот - "Јааа?", "Немогуче" и слично.

Јааааа...:icon_lol:

Еве зашто аналогијата е промашена:

1. Бог Е нестворен, неограничен и совршен и Он твори нешта, кои според Неговата промисла, треба(ло) да Му се уподобуваат до бесконечност.
2. Човекот е створен, ограничен и несовршен па несовршен човек, може да створи несовршени нешта, кои сами од себе не можат да се уподобуваат/усовршуваат до бесконечност.

Таќе ли е?...
 
Аргументи љубат протестантите и атеистите, под услов тие аргументи да им се по мера и по мерак.
Овде дискутисаме за духовни нешта и за објавени виситни, а не за надмудрување.
Ти и духовноист.....оксиморонот доби нова димензија.[DOUBLEPOST=1395665595][/DOUBLEPOST]
Јааааа...:icon_lol:

Еве зашто аналогијата е промашена:

1. Бог Е нестворен, неограничен и совршен и Он твори нешта, кои според Неговата промисла, треба(ло) да Му се уподобуваат до бесконечност.
2. Човекот е створен, ограничен и несовршен па несовршен човек, може да створи несовршени нешта, кои сами од себе не можат да се уподобуваат/усовршуваат до бесконечност.

Таќе ли е?...
Ако Бог е совршен, зошто тоа што го предвидел не се остварило па морал да интервенира, прогонува, прави потопи, казнува и да суди?!
 
Ти и духовноист.....оксиморонот доби нова димензија.[DOUBLEPOST=1395665595][/DOUBLEPOST]
Ако Бог е совршен, зошто тоа што го предвидел не се остварило па морал да интервенира, прогонува, прави потопи, казнува и да суди?!

Навредите којн мојата вероисповет, само ми покажуваат дека сум напра‘ил добар избор...[DOUBLEPOST=1395665837][/DOUBLEPOST]
Ако Бог е совршен, зошто тоа што го предвидел не се остварило па морал да интервенира, прогонува, прави потопи, казнува и да суди?!

Она кое Бог го предвидел, не се остварило, иако и тоа е од Бога предвидено, а неостварувањето е последица од падот Адамов.

Бог не запира само на прогони и потопи, кои се последица од падот човеков и неговото невразумување, туку Он продолжува да промислува за начнот на кој ќе го спаси отпадантиот човек и ќе го приведе (човекот) повторно во заедница со Него.
 
Навредите којн мојата вероисповет, само ми покажуваат дека сум напра‘ил добар избор...
Вистината е навреда само за оние што не сакаат да и погледнат во очи.
 
Нема поголема вистина од објавената и жива Вистина. Кој има очи, нека ја види, кои има уши, нека ја слушне.
 
Она кое Бог го предвидел, не се остварило, иако и тоа е од Бога предвидено, а неостварувањето е последица од падот Адамов.

Бог не запира само на прогони и потопи, кои се последица од падот човеков и неговото невразумување, туку Он продолжува да промислува за начнот на кој ќе го спаси отпадантиот човек и ќе го приведе (човекот) повторно во заедница со Него.
Ако за се што постои има само еден креатор, тогаш небитно е што е последица на неостварувањето на предвиденото. Фактот што имало предвиден иход кој не се остварил, е факт кој ја исклучува совршеноста на креаторот во тој случај.
 
Истото Му го рече и Адам на Бога: не сум јас крив, туку женава е крива, која Ти (!!!) ми ја дари.
Према томе...
 
Према томе, твоите одговори се базираат на циркуларна логика според која библијата е вистина, поради тоа што во библијата пишува дека е вистина.
 
Не е така просто. имено и многу свети кои ја прифатиле библијата за вистина, потврдиле дека библијата е вистина и затоа црквата ги прогласила за свети.
 
Према томе, твоите одговори се базираат на циркуларна логика според која библијата е вистина, поради тоа што во библијата пишува дека е вистина.

Библијата не е вистина сама по себе, туку Библијата е вистина доколку Црквата ја потврди за вистинита, по црковните искуства и сведоштва.
 
секогаш е така Мики, комунизмот е вистина само ако сојуз на комунисти го потврди дека е вистина, исламот е вистина само уз потврда на муслиманите, католичанството е вистина само со потврда од папата и католичката црква, јудаизмот е вистина оти е потврден од свештениците и рабините на јудаизмот...
Се е то вистина.
 
Како неспособност на креаторот. Бог, бидејќи е претставен како совршен, треба да има гледна точка која исто така е совршена. Перцепирањето на нешто како погрешно или зло, е во спротивност со можноста таа гледна точка или перцепција да е совршена.

Логиката нема сопственик.
Повторно твоја логика(знам не си ти сопственик;)).
Не се работи за грешки, туку за одбивање, а „крајот“ ќе го дефинира совршенството.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom