Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
И сега што е сакањето? Човекова потреба или прва и најголема заповед?

Е‘ најголема заповед, со која Творецот го постетува творението за што е створено, односно го постетува творението за да се сети и врати во неговата природна состојба, во која беше створен и првиот човек.
 
Добро, потполно се сложувам дека треба да се остави нешто зад себе. Но зошто католичките свештеници не го практикуваат ова „божјо“ правило или став на некој апостол? Зошто својата љубов не ја претворат во дело? Или им е забрането и да се вљубуваат?
Многу глупаво размислуваат. Ако се има жена или деца истите ќе се ставаат зад бога, што значи нешто ги кочи, или немаат доволно љубов, или се плашат дека ќе ја изгубат љубовта кон бога т.е. во кратки црти имаат стравови од разочарување и страв од натприродното и невозможното.
Многу е логично првиот човек да биде пример за останатите, а не да биде блефер и мудрец како требаат другите да се однесуваат!
Ако сите размислуваат како него до сега христијанскиот свет ќе беше пред умирање!
 
Мислам дека треба да се прашаат евреите во врска со тоа. Од таму доаѓа и вашата анафора ( αναφορα ) нели...?

Ми се допаѓа тоа што има ἐπίκλησις во овој ритуал :)
Ова е литургиско прашање, нема врска со евреите.
Поимањето поими е споредно во прашањето.;)[DOUBLEPOST=1393667613][/DOUBLEPOST]
Мислеше на мојата метафора кон младиот господин или на некое повторување кое искрено јас не го приметувам!
Како и што претпоствував, битно е да учествуваш и тоа се цени.:)[DOUBLEPOST=1393667876][/DOUBLEPOST]
значи маѓионичарски трик направил, ако бил бог значи не можел да умре - како тврдите дека умрел на крстот?
тоа беше илузија, бог кој не може да умре - умрел за сите ?!
Несакаш да прифатиш поинаква вистина од твојата?
Или неможеш да разбереш?
 
Последно уредено:
Толку ли е аљкаво и површно напишано светото писмо да мора секој стих да се толкува и објаснува?
Доколку имаш таков пристап, да![DOUBLEPOST=1393668437][/DOUBLEPOST]
јас би рекол дека многу работи се прикажани поинаку. Имено работите околу Исус неговото дело и смрт, било познато, не можело едноставно да се смени но можело да се објасни поинаку од релноста, пример Исус го убиле Римјани - то е факт, но е прикажано (наивно) дека у ствари Римјаните не сакале да го убијат туку под притисок на лошите евреи!? Секој што ја знае историјата на рим и јудеја, тоа е смешно, се собрале 5000 души в гора и барале Исус да му биде цар, тоа е обид за бунт против Римската власт во време на окупација кога скоро секој ден имало отпори и убиства, кога често се кревале востанија и воделе крвави битки - заминување на толку иљади народ во планина со некој кој се нарекува и го нарекуваат цар - беше повод за војна. Имаше еден случај кога еден самозван пророк повел група ходочасници за да го најдат гробот на Мојсеј, Римјаните ги стигнале и убиле сите.Да шеташ низ јудеја со жени кои не ти се сопруги или блиски роднини - бил голем престап, да превртуваш тезги на трговци и му истураш пазарот на земја без да јадеш ќотек од нив или да те уапси римската или еврејската стража која била во и околу храмот - не беше возможно... значи се случиле работи, историски но се после преработени и обработени да дадат ново светло на настаните и ликовите. Но ако се следи и споредува со историски факти, лесно се доаѓа до заклучок што се случило навистина.
И на крај, кога се навежба на сите им ги скрши кичмите. Тоа ти се фактиве?![DOUBLEPOST=1393668619][/DOUBLEPOST]
Зошто Господ не го уништил ѓаволот досега, штом тој е причината за се што нечини во светот?
Ако одговорот ти е за да види дали ќе се покае, тогаш што е со неговата сезнајност?
Како може да бидете слепи за толку прости и фундаментални логички аргументи....? Неверојатно, навистина.
???
Па, ѓаволот сам се уништува, а забораваш дека има слободна волја.
 
Последно уредено:
И на крај, кога се навежба на сите им ги скрши кичмите. Тоа ти се фактиве?!
Јас го разбирам твојот одговор, иако е краток, многу кажува. Дека појма немаш за што се пишува, за што се дискутира, немаш познавања и знањења за темата, не ти се познати фактите, никогаш не си истражувал, малце попросто да ти појаснам да разбереш, се наоѓаш во темница во непознато место, исплашен збунет и изгубен не знаеш што те опкружува не знаеш каде да тргнеш.....
Со знаење можеш да ме предизвикаш на дискусија, со незнаење - не.
 
Прости ако те удрив!
Не гледам за што би дискутирале.
 
???
Па, ѓаволот сам се уништува, а забораваш дека има слободна волја.
Ај да видиме што пишува во библијата:

Матеј 25:
41. Тогаш ќе им рече и на оние од левата страна: ‘Одете си од Мене, проклети, во вечниот оган, приготвен за ѓаволот и за неговите ангели!

Дали вели приготвен од ѓаволот? Не! туку приготвен за него!

Колку сакаш ментални гимнастики прави, судење на сопствената креација од страна на Бог кој ги знае сите можни исходи и има моќ да влијае на нив е апсурдна!! Ако допуштил нешто, а тврди дека се е негова волја и промисла, тогаш која е поентата да бара одговорност од неговата креација?!
 
Кој го прави изборот?

Бог го реализира(суди) изборот на креацијата.
Менталните гимнастики ги правиме самите ние, по дарот на нашата слобода.
Кога нешто не сакаме да прифатиме, во случајов тоа е Христос, правиме сопствени конструкции, егзегези на Словото (Бог креира создание за да му суди, малтретира, дека е садист, историјата била перверзна, конструирана итн.).
А, сите вие што го спорите Христос, немате елементарен одговор на прашањето за начинот на постоењето на битието.
 
Јас не правам никакви конструкции на словото, затоа ти посочувам цитати. Тоа што го констатирам е факт, апсурдно е дизајнер вината да ја префла на дизајнот. Посебно ако за себе тврди дека е сезнаен и семоќен.
А, сите вие што го спорите Христос, немате елементарен одговор на прашањето за начинот на постоењето на битието.
Не е точно, итекако имаме, но цаката е во тоа што неможе друг да ти го даде сознанието, мораш самиот да ја одработиш таа задача! Колку што има различни луѓе, толку различни патишта има и до патот кон битието и осознавањето на неговата природа. А за тоа не е потребна слепа верба во туѓо сведоштво или искуство, туку сопствена интроспекција и пат кон сопствената душа.
 
Јас не правам никакви конструкции на словото, затоа ти посочувам цитати. Тоа што го констатирам е факт, апсурдно е дизајнер вината да ја префла на дизајнот. Посебно ако за себе тврди дека е сезнаен и семоќен.
Што значи посочувањето цитати со конструктивна цел?
Не е точно, итекако имаме, но цаката е во тоа што неможе друг да ти го даде сознанието, мораш самиот да ја одработиш таа задача! Колку што има различни луѓе, толку различни патишта има и до патот кон битието и осознавањето на неговата природа. А за тоа не е потребна слепа верба во туѓо сведоштво или искуство, туку сопствена интроспекција и пат кон сопствената душа
Го осудуваш Бог за садизам, а ми наметнуваш услов да одработам за мојот живот со некаква „цака“!?
Ми вагаш, слободна вера во Бог со небулозна интроспекција во егоцентризам?
Воопшто не е тешко да се направи избор.
 
Што значи посочувањето цитати со конструктивна цел?
Значи дека заклочокот се базира на нив, а не на нечија конструкција или толкување.
Го осудуваш Бог за садизам, а ми наметнуваш услов да одработам за мојот живот со некаква „цака“!?
Ми вагаш, слободна вера во Бог со небулозна интроспекција во егоцентризам?
Воопшто не е тешко да се направи избор.
Не ти наметнувам јас ништо, тоа е ставот кој се однесува на твоето тврдење дека сме немале елементарен одговор за начинот на постоењето на битието.

П.С. Не го крши јазикот со фенси фрази, ако мислиш дека тоа дава некаков интелектуален легитимитет на твоите ставови, грешиш.
 
Ова е литургиско прашање, нема врска со евреите.
Поимањето поими е споредно во прашањето.;)[DOUBLEPOST=1393667613][/DOUBLEPOST]
Како и што претпоствував, битно е да учествуваш и тоа се цени.:)[DOUBLEPOST=1393667876][/DOUBLEPOST]
Несакаш да прифатиш поинаква вистина од твојата?
Или неможеш да разбереш?

Слободно продолжи и ти да учествуваш, за да те ценат!
Јас па мислев дека се цени личноста т.е. карактерот или нејзиниот став, а суштината се состоела од тоа да учествуваш!
Ако ти е таков ставот тогаш цениме, ќе продолжам да дискутирам и во иднина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom