Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Да, но пред тоа им го кажува следново: „Не, вие нема да умрете!“ (Битие 3:4, Библијата)
Значи змијата им кажува и лага и вистина. Во Тавтологијата ЛАГА и ВИСТИНА даваат ЛАГА. Лагата е најефективна кога е маскирана со делумна вистина.
За да биде лага, треба и змијата како и бог да може да знае се што ќе се случи пред да се случи! Или со други зборови треба да биде сезнајна! Тоа не е случај! Змијата знаела дека дрвото нуди сознание за добро и зло и дека дава мудрост, дрвото не било причина за смрт, смртта потекнала од бог а не од дрвото! Смртта потекнала од неговиот гнев поради фактот што Адам и Ева осознале што е добро а што зло! Што значи дека змијата не лажела, таа им ја кажала вистината - дека нема да умрат од дрвото и дека ќе им се отворат очите со што ќе бидат како богови знаејќи добро и зло! Што и се случило! Змијата не била во можност да ја види иднината и да знае како ќе реагира бог, бидејќи таа според библијата не е сезнајна, таков епитет има само бог!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
За да биде лага, треба и змијата како и бог да може да знае се што ќе се случи пред да се случи! Или со други зборови треба да биде сезнајна! Тоа не е случај!
Не е потребна сезнајност за да се излаже. За да се излаже доволно е да се каже лага. Змијата многу добро ја знаела заповедта на Бог за Адам и Ева да не јадат од забранетото дрво. Тоа јасно се гледа од начинот на кој што змијата лукаво го започнува дијалогот со Ева:

„Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?“ (Битие 3:1, Библијата)

На ова Ева наивно, несвесна за лукавата предигра на змијата, одговорила:

„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!'“ (Битие 3:2-3, Библијата)

Дури и змијата, како што велиш, да не била во можност да ја види иднината и да знае како ќе реагира Бог, од овој момент знаела, бидејќи Ева и кажала. Сепак мислам дека од првиот стих јасно се гледа дека змијата добро знаела за оваа забрана, па затоа и така ја започнува дискусијата, за да ја извлече оваа реченица од устата на Ева, за потоа да може глатко да ја пласира и лагата:

„А змијата и рече на жената: „Не, вие нема да умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.”(Битие 3:4-5, Библијата)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е потребна сезнајност за да се излаже. За да се излаже доволно е да се каже лага. Змијата многу добро ја знаела заповедта на Бог за Адам и Ева да не јадат од забранетото дрво. Тоа јасно се гледа од начинот на кој што змијата лукаво го започнува дијалогот со Ева:

„Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?“ (Битие 3:1, Библијата)
Не е точно! Каде пишува дека јасно знаела? Каде? Посочи ми дел од битие каде се вели дека змијата јасно знаела што им било заповедано?
Дури и змијата, како што велиш, да не била во можност да ја види иднината и да знае како ќе реагира Бог, од овој момент знаела, бидејќи Ева и кажала. Сепак мислам дека од првиот стих јасно се гледа дека змијата добро знаела за оваа забрана, па затоа и така ја започнува дискусијата, за да ја извлече оваа реченица од устата на Ева, за потоа да може глатко да ја пласира и лагата:

„А змијата и рече на жената: „Не, вие нема да умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.”(Битие 3:4-5, Библијата)
Тоа што дознала од Ева е дека на нив им било кажано дека ако пробаат или само се допрат до дрвото ќе умрат! Змијата знаела дека ова е лага, и тоа и им го кажала - дека нема да умрат, туку дека ќе им се отворат очите и дека ќе станат како богови, знаејќи добро и зло. Тоа и се случило! Змијата не е сезнаен карактер во оваа бајка, единствен со таков епитет е бог! Последиците кој ги снашле Адам и Ева не се од дрвото, туку од гневната реакција на бог, бидејќи била рзодкриена лагата која им ја кажал! Што значи дека змијата не лажела, последиците не дошле од дрвото, дошле од бог! А тоа змијата неможела да го знае освен ако не е сезнајна, или ако не му ги чита мислите и намерите на бог.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не е точно! Каде пишува дека јасно знаела? Каде? Посочи ми дел од битие каде се вели дека змијата јасно знаела што им било заповедано?
„Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи. Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?” “ (Битие 3:1, Библијата)

Зошто змијата не ја прашала Ева како е, што прави, каде оди, колку е часот, што прави Адам, како ти се допаѓа градината, кое ти е најомилено животно итн?
Зошто баш тоа прашање и го поставила, цитирам: „Вистина ли е дека Бог рекол: 'не ќе јадете од ниедно дрво во градината?'“
Дали ти кога не би ја знаел заповедта што Бог им ја кажал на Адам и Ева би ти дошло на памет да им го поставиш ова прашање на нив?

Од тука гледаме дека змијата знаела дека Бог им заповедал дека можат да јадат од сите дрва во градината, освен од забранетото дрво, но намерно ги извртила зборовите на Бог (демек Бог им рекол дека не смеат да јадат од ниедно дрво) за да ја испровоцира Ева да го каже тоа што го кажала и да продолжи со лукавата измама.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто змијата не ја прашала Ева како е, што прави, каде оди, колку е часот, што прави Адам, како ти се допаѓа градината, кое ти е најомилено животно итн?
Зошто баш тоа прашање и го поставила
Абе ти се читаш ли што пишуваш? :ROFLMAO::ROFLMAO: Ако Адам според библијата живеел 900 години, и ако требало да читаме муабети од типот колку е часот, како е Ева...итн! Ќе ни требаше суперкомпјутер за да ја прочитаме. Неверојатни глупости сте способни да истресете значи!:ROFLMAO:
Можеби змијава слушнала од козата дека на Адам и Ева им биле забранети сите дрвја, затоа што козата ги сакала сите за себе! Задоволен?!:ROFLMAO:
Од тука гледаме дека змијата знаела дека Бог им заповедал дека можат да јадат од сите дрва во градината, освен од забранетото дрво, но намерно ги извртила зборовите на Бог (демек Бог им рекол дека не смеат да јадат од ниедно дрво) за да ја испровоцира Ева да го каже тоа што го кажала и да продолжи со лукавата измама.
Од тука гледаме дека текстот се толкува како што некому одговара, а не дека змијата некого измамила! Јасно е како ден дека се што кажала змијата е вистина! Последиците кој ги снашле Адам и Ева не биле од дрвото туку од себичната и гневна реакција на бог! Змијата им кажала дека ќе им се отворат очите, тоа и се случило! Што значи дека бог е тој што лаже, а змијата ја кажува вистината!
Сето останато тврдење како на пример дека змијата знаела ама сепак прашала зошто им е забрането, е само клеветење без ниедна подкрепа! Во битие никаде не се вели дека змијата знаела а сепак прашала зошто - НИКАДЕ!!
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
159

Абе шо е оваа, некоја супер змија ли? Ја никад нисам сретнала таква змија.:cautious:
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Eдно прашање.
Што барало дрвото во рајот?
И дали пред да пробаат од дрвото Адам и Ева знаеле за добро и зло.
Ако не знаеле дали правеле лоши работи(гревови)?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
postojat jasni delovi vo biblijata koi na vremeto inkvizicijata povikuvajki se na niv pravela toa sto pravela znaeme kako bilo.Vo Hristijanstvoto pravilata potpagaat pod principot ili vazat za site ili ne vazat za nikogo.Primer ako se veli ne kradi toa pravilo vredi ako site ne kradat, ili ne ubivaj, no ako nekoj te ubiva toa vise ne vazi, ili ako vazi togas da gi vidime delata dali taka se postapuva? duri i Isus koj rekol ne se protivete na zloto, toa na pazarot koa se razmaftal so motkata i ispokrsil tezgite oti lugeto bile ko sega samo svrteni kon lihva i profit na smetka na eksploatacijata na siromasnite.
najveke mi smeta demagogijata treba TREBA aj sekoj da pocne od sebe, koj e bez grev prv neka udri.pa dobro, zamislete situacija siluvano dete i sega siluvacot da kaze koj e bez grev toj prv neka me udri? Nema smisla neli?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ipsissimus, заклучувам дека и покрај кристалната јасност на текстот ти упорно тераш детски инает и затоа сметам дека е бесмислено да ти објаснувам дека два и два се четири.

Темата е определена за прашања во врска со христијанството и ако имате прашање поставете го. Доколку не верувате во Библијата и сакате да се исмевате со нејзината содржина, најдете си поприкладно место за тоа.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе шо е оваа, некоја супер змија ли? Ја никад нисам сретнала таква змија.:cautious:
Ееее....ваква змија ни во зоолошка нема! Замисли поради неа, сите луѓе кој се родиле се грешни! ц ц ц ц ц!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ipsissimus, заклучувам дека и покрај кристалната јасност на текстот ти упорно тераш детски инает и затоа сметам дека е бесмислено да ти објаснувам дека два и два се четири.

Темата е определена за прашања во врска со христијанството и ако имате прашање поставете го. Доколку не верувате во Библијата и сакате да се исмевате со нејзината содржина, најдете си поприкладно место за тоа.
Тоа што е кристално јасно е дека карактерот на змијата ја кажува вистината, бог лаже, и ги казнува Адам и Ева и покрај тоа што немале сознание за добро и зло!
Точно дека темава е за да се добијат одговори, но проблемот е што одговорите кој беа посочени се лажни, преполни се со заблуда, произволни толкувања и заклучоци кој се базираат не на конкретни текстови или стихови, туку на тврдења од типот "јас мислам дека е така".
Во кратки црти твојот одговор се базираше на тврдењето дека змијата знаела зошто им е забрането, а сепак прашала! Затоа те прашав каде пишува дека знаела?
Дали е точно дека последиците произлегуваат од бог а не директно од дрвото?
Дали е точно дека на Адам и Ева им се отвориле очите и осознале што е добро а што зло?
Дали е точно дека змијата им го кажала токму тоа?
Ако е, тогаш на кој начин лажела?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Бог им рекол дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат.
Змијата ги излажала дека нема да умрат.
Адам и Ева јаделе од дрвото, станале смртни и умреле.

Квиско пита горење награџује: кој лажел, а Кој ја зборувал вистината?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Бог им рекол дека ако јадат од забранетото дрво ќе умрат.
Змијата ги излажала дека нема да умрат.
Адам и Ева јаделе од дрвото, станале смртни и умреле.

Квиско пита горење награџује: кој лажел, а Кој ја зборувал вистината?
По кој знае кој пат! - За да биде лага, ликот на змијата морал да го знае исходот! А тоа не е случај! Змијата неможела да знае што ќе направи бог, таа не му ги читала мислите!
Дрвото го содржело сознанието за добро и зло, и давало мудрост! Последиците кој ги осетиле на своја кожа Адам и Ева не дошле од дрвото, туку од бог. Што значи дека змијата не лажела, туку напротив им ја кажала вистината. Единствениот кој лаже е бог, криејќи им ја вистината и казнувајќи ги и покрај тоа што самиот тој ги создал без сознание за добро и зло.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom