Прашање од почетник (Street workout)

  • Креатор на темата Креатор на темата vizzix
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 мај 2013
Мислења
115
Поени од реакции
68
Здраво, имам 14 години и сум низок така да теговите и секакви вежби освен оние со сопствена тежина ми се надвор од план. Затоа започнав со Street Workout.. Многумина ми имаат кажано дека имам многу добра дефиниција на телото но дека немам маса. Е сега проблемот е во тоа што исхраната ми е добра, ама некако како да не оди во мускулите тоа што се јаде.. Протеини и други хемии не внесувам, освен она што пијам протеински шејк без никаква хемија во Среда кога вежбам најнапорен тренинг.. Значи прашањето е:
Како да постигнам маса и големина во мускулите на пример градите и бицепсот.. Кои се најдобри вежби и по кој план да ги вежбам.. Благодарам
 
За почеток разни типови на склекови и поддигнување на вратило, ќе развиеш и трицепс и бицепс. Малечок си уште, зборот хемија избриши го од речник :)
 
Здраво, имам 14 години и сум низок така да теговите и секакви вежби освен оние со сопствена тежина ми се надвор од план. Затоа започнав со Street Workout.. Многумина ми имаат кажано дека имам многу добра дефиниција на телото но дека немам маса. Е сега проблемот е во тоа што исхраната ми е добра, ама некако како да не оди во мускулите тоа што се јаде.. Протеини и други хемии не внесувам, освен она што пијам протеински шејк без никаква хемија во Среда кога вежбам најнапорен тренинг.. Значи прашањето е:
Како да постигнам маса и големина во мускулите на пример градите и бицепсот.. Кои се најдобри вежби и по кој план да ги вежбам.. Благодарам

Полека малку имаш 14 години така да гледај си го детството и немој да се оптеретуваш со вакви работи, тоа што си низок не значи дека во наредните 3-4 години нема да пораснеш. Пред тебе е животот земи запиши се на некој спорт и не бери гајле затоа што мускулите на градите и бицепсот ќе си дојдат со текот на времето поради тоа што ти во ова време си во пубертет.
Не се оптеретувај во ова време со тежок вид на тренинг затоа што во живото ќе имаш уште многу потешки тренинзи. И додека да пораснеш земи работи со склекови(колку можеш толку), стомачни, чучњеви и од оние обучни вежби кој ги правете на часот по физичко(добро знаеш кој)
 
.. Решен сум да успеам.. Затоа сакам само одговор како да постигнам, не совет дали ми се годините во ред или не..
 
.. Решен сум да успеам.. Затоа сакам само одговор како да постигнам, не совет дали ми се годините во ред или не..

Се е во ред, ќе успееш ако имаш мотивација, биди сигурен во тоа само што ИМА ВРЕМЕ, 14 е премалку, развивај телото само од себе, специјални тренинзи има време, може таму после 16-17... како што кажаа погоре, не се оптоварувај премногу, трчање, скелекови, стомачни... друго ништо не ти треба са мускулна маса... спорт со движење (групен или поединечен) било каков ќе ти ги развие рефлексите и координацијата на телото што со време ќе ти биде далеку повеќе од корист колку самата мускулна маса и дефиницијата на мускулите на оваа возраст која што си сега..
 
Ај ви се молам престанете со коментари од типот: мал си, не ти треба хемија, земи бркај женски, играј фудбал итн.. Истата ситуација беше со мене пред 4 години, ко почнував во вежбање сите ми викаја мал си земи играј нешто друго соодветно за годините, па ко кладов 20 кг за година и пол, се чудеа истите тие шо ме демотивираја на почетокот. Да продолжев во то темпо сега ќе бев многу добар, ама годините и ноќниот живот си го прат своето.. алкохол, журки..
vizzix друже не се разбирам многу во street workout ама земи јади шо ќе најдиш, прај си протеински шејкови по 3 пати на ден, ако имаш кеш земи си и гејнерче нешто, ќе крениш доста.. поздрав
 
Кажи му и креатин да земе ако не:facepalm:
 
Кажи му и креатин да земе ако не:facepalm:

Стојам настраната од секаков вид хемија.. Нема да ме натера никој да пијам, еве веќе трет ден се обдувам со јадење, 6 средни оброци во денот, ама сеќавам малце потешкотии додека тренирам.. Се трпат ама незнам дали е нормално? И порано кога правев одмор мускулите ми се затегаа и по малку ме болеа, сега се оттргна таа болка кога почнав да јадам повеќе...
 
Стојам настраната од секаков вид хемија.. .
Шо си запнал упорно со зборот "хемија" бе? Ни протеинот е хемија, ни па креатинот.
 
Здраво, имам 14 години и сум низок така да теговите и секакви вежби освен оние со сопствена тежина ми се надвор од план. Затоа започнав со Street Workout.. Многумина ми имаат кажано дека имам многу добра дефиниција на телото но дека немам маса. Е сега проблемот е во тоа што исхраната ми е добра, ама некако како да не оди во мускулите тоа што се јаде.. Протеини и други хемии не внесувам, освен она што пијам протеински шејк без никаква хемија во Среда кога вежбам најнапорен тренинг.. Значи прашањето е:
Како да постигнам маса и големина во мускулите на пример градите и бицепсот.. Кои се најдобри вежби и по кој план да ги вежбам.. Благодарам

Тоа што си низок и имаш 14 год апсолутно нема врска да не вежбаш со тегови баш напротив добро е да комбинираш вежби со сопствена тежина со вежби со тегови. Ако ги правиш правилно дури може и да ти помогнат да се извишиш а и да прошириш раменици. Сепак треба да бидеш внимателен и некој да те упати (за теговите) за да не се повредиш, повредите тешко заздравуваат а ти на твои години не смееш да погрешиш во тренингот. За почеток слободно смееш да вежбаш со тегови од лежечка положба, тука ти се шансите за повреда минимални под услов да не вежбаш со преголеми тежини.

Дали ти е исхраната добра не може да се каже од памет освен ако не ја напишеш. Може некаде грешиш а може премногу брзаш, и две години да градиш мускул е сосема во ред. Концентрирај се да ги правиш правилно елементите а телото постепено (со добра храна и режим) самото ќе ги изгради мускулите за да ти овозможи напредок во вежбите.

Никој не може да ти каже дали тешко качуваш мускул се додека не види како се храниш и колку редовно и со каков интензитет вежбаш.
 
Грешка, значи тука требаше да го ставам (два прозорци уклучени, јебига) значи за висина кошарка, одбојка итн. а за мускулатура средена исхрана и workout. И суплементацијата не е хемија.
 
Протеини и "хемија" се два несродни поими. А за 14 години си ги знаеш вежбите.. склекови, стомачни, згибови и слично.. Маса единствено со јадење.. ако си слаб само јадење и ништо друго, на овие години не ти се потребни гејнери ( иако гејнерот е додаток за исхрана и врска си нема од хемија или е пак нешто штетно) . Поздрав и секое добро.
 
Шо си запнал упорно со зборот "хемија" бе? Ни протеинот е хемија, ни па креатинот.
Креатинот го викаат хемија зошто се прави во лабораторија, по пат на хемиски реакции.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom