Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Полека, почни „едно по едно„....:P

Што едно по едно. При формиеањто на зиготот се случува фаталната комбинаторика.

Убао си прашувам ако го прикачиш тоа комбинирање како Божје дело, тогаш кое е објаснувањето за различностана потомокот?

Значи имаш два шизофреничара казнети да се такви од Бога заради гревовите. Нивното дете не е шизофреничар.
Зошто Бог ги помилува овие и како другите да знаат што да направат па и тие да оздрават?
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:18 ---
Од тоа и се плашев. Ај да беше твое сфаќање, ќе можев да разберам, ама тоа е општо признаено црковно учење ... :confused:
..

Не се плаши Неса. Секогаш ако наидеш на таков проблем барај врски преку Мики1:D
 
Што едно по едно.

Мислев на начинот на поставување прашања: едно по едно, а не топтан...
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:26 ---
Од тоа и се плашев. Ај да беше твое сфаќање, ќе можев да разберам, ама тоа е општо признаено црковно учење ... :confused:

Не е саде „...општо признаено...„, туку и проверено учење. Затоа, Црквата ги учи своите како да живеат праведен живот, вклучувајќи го тука и редот при зачнување нов човек, со што се мимимизирани можностите од раѓање дефектен пород.

И после, Бог ќе ни‘ биде крив за све...
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:27 ---
Убао си прашувам ако го прикачиш тоа комбинирање како Божје дело, тогаш кое е објаснувањето за различностана потомокот?

Ова го знаеш како случај или „...така си прочитал...„?
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:29 ---
Значи имаш два шизофреничара казнети да се такви од Бога заради гревовите. Нивното дете не е шизофреничар.

Не можам да допрам до Божјата промисла во случајов, доколку е веродостоен. Бог, сметам дека промислил улога за здраворединот од проблематичните родители.
 
Ова го знаеш како случај или „...така си прочитал...„?

Примерот со шизофренијата е од реалнипт живот. Брашниот пар и двете нормални деца на возраст од над 25 години живее во Скопје. Додуше таткото често пати има поголем проблем со својата болест, отколку мајката и е на еден куп лекови и посети по болници.

Но како и да е Мајката кај која е дефинирана блага шеизофренија, а кај таткото веќе е тешка шизофренија, имаат 2 деца кај кои нема никакви симптоми од таа болест веќе 25 години.
 
Зошто Бог ги помилува овие и како другите да знаат што да направат па и тие да оздрават?

Се‘ зависи што подразбираш под „оздравување. Но има Црквата и такви чуда. Сведок за тоа е еден од монасите од „Бигорски„; кој при една моја посета, ни‘ ја посочи чудотворната икона од Св. Јован Крстител, која остава пород кај неплодни родители, кои се обратиле во манастирот за помош.
 
Не можам да допрам до Божјата промисла во случајов, доколку е веродостоен. Бог, сметам дека промислил улога за здраворединот од проблематичните родители.

Значи има еден куп такви луѓе кај кои еден од родителите има таква дијагноза и би сакале да знаат ако е тоа Божје дело, како да го добијат и они?
 
Примерот со шизофренијата е од реалнипт живот. Брашниот пар и двете нормални деца на возраст од над 25 години живее во Скопје. Додуше таткото често пати има поголем проблем со својата болест, отколку мајката и е на еден куп лекови и посети по болници.

Но како и да е Мајката кај која е дефинирана блага шеизофренија, а кај таткото веќе е тешка шизофренија, имаат 2 деца кај кои нема никакви симптоми од таа болест веќе 25 години.

Еве, ќе претпоставам дека здравите деца им чинат радост на родителите, кои се свесни за својата болест, ама за возврат, децата им се здрави. Или можеби родителите, ради болеста која доживотно ќе ја трпат, плаќаат за грешноста од своите предци.

Ова се само мои претпроставки, кажани според моето досегашно познавање на верата.
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:36 ---
Значи има еден куп такви луѓе кај кои еден од родителите има таква дијагноза и би сакале да знаат ако е тоа Божје дело, како да го добијат и они?

Нека се обратат до Севишниот, со вера и со надеж дека Он ќе ги услиша нивните молитви.
 
Нека се обратат до Севишниот, со вера и со надеж дека Он ќе ги услиша нивните молитви.
Аха, значи јас може да го искупам татко ми за неговите гревови со моите молитви?
 
Аха, значи јас може да го искупам татко ми за неговите гревови со моите молитви?

Молитвата и за другите е поприфатлива за Бога отколку молитвата само за себе.
А татко Ти може да се „искупи„ само со негово лично покајание, а не со туѓ труд.
 
Бог не трпи беззаконие.
Секое човеково беззаконие, мора да биде соодветно санкционирано, оти ништо што е нечисто, не може да влезе во Рајот и да битисува во близината Божја.
--- надополнето: 15 март 2012 во 11:45 ---


Библијата не е книга која ни‘ падна од Небесата, а уште помалку ,Билијата е рецептура за праведен живот и прирачник за влез во Рајот.

.
Значи ако ја следам само Библијата и сите закони во неа,не ми е загарантирано местото во Рајот,туку треба да го почитувам и тоа што го налага Црквата-институција оформена од човекот?И ако не е рецептура за праведен,тогаш е рецептура за неправеден живот?
 
Молитвата и за другите е поприфатлива за Бога отколку молитвата само за себе.
А татко Ти може да се „искупи„ само со негово лично покајание, а не со туѓ труд.
Епа ако јас неможам да го искупам татко ми, зошто да ме казнат за неговите гревови? (татко ми и јас сме земени само како примери)
 
Нема човек кој се родил без грев(ови). Не се раѓаме привилегирани, туку повеќе или помалку огревовени и над се‘, одговорни пред Бога.
--- надополнето: 15 март 2012 во 11:50 ---


Не, туку демонот има допуштање од Бога. Секој кој е крстен, добива како „надзорници„ по еден бел и еден црн ангел.
Е како сега,демоните работат по налог на Бог,ама во меѓувреме работат против својот газда?Или Бог им наложува да работат против него и да ги опседнуваат луѓето за да станат еве да речеме хомосексуалци?
 
Значи ако ја следам само Библијата и сите закони во неа,

Не, не е загарантирано. Никој нормален не може да Ти гарантира влез во Рајот.
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:57 ---
,туку треба да го почитувам и тоа што го налага Црквата-институција оформена од човекот?

Кој вели дека Црквата е оформена од човекот?
--- надополнето: 15 март 2012 во 14:59 ---
И ако не е рецептура за праведен,тогаш е рецептура за неправеден живот?

Светото Писмо е само насока а не норматив. Писмото не дава конечни одговори, оти одговорите ги има во Црквата.
 
Кој вели дека Црквата е оформена од човекот?

Па градбата црква е од човекот.

Она што ти велиш дека е Христова црква, може да биде било која полјана каде верниците ќе се заблагодарат на Христа.
 
Еве, ќе претпоставам дека здравите деца им чинат радост на родителите, кои се свесни за својата болест, ама за возврат, децата им се здрави. Или можеби родителите, ради болеста која доживотно ќе ја трпат, плаќаат за грешноста од своите предци.
.
Taка им е да страдаат до 5то колено сите грешници. :vozbud:
 
Е како сега,демоните работат по налог на Бог,ама во меѓувреме работат против својот газда?

Демоните работат по Божјо допуштање а не наложување, а работат и против Бог и против луѓето.
--- надополнето: 15 март 2012 во 15:02 ---
Или Бог им наложува да работат против него и да ги опседнуваат луѓето за да станат еве да речеме хомосексуалци?

Демоните ги опседнуваат луѓето, оти луѓето тоа го дозволуваат, со своите интереси кон окултизмот, свесно или несвесно.
--- надополнето: 15 март 2012 во 15:04 ---
Па градбата црква е од човекот.

Она што ти велиш дека е Христова црква, може да биде било која полјана каде верниците ќе се заблагодарат на Христа.

Под „црква„ не се подразбира само црковниот храм-објект, туку пред се‘, поимот „црква„ („еклесиа„ на грчки)„ означува заедница од личности, кои исповедаат ист Бог и иста вера на ист начин.

Значи, луѓето се црква, т,е заедница, а не само црковниот храм, кој по навика го именуваме „црква„.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom