Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И верните и неверните, имаат докази едни против други, во огромни количини. Се чини дека доказите, сами по себе, не се доволно јаки или доволно „тешки„ за да може поединецот туку-така да се определи за вера или за неверие, а се чини дека проблемот е на друго место...
Верата не се мери „на кантар„, како да се работи за физички предмет, па ако е доволно „тешка„. ќе верувам, а ако е „лесна„, нема да верувам.
Мики оние што ги нарекуваш неверни се спремни да прифат инстантно да станат верни, доколку се потврди дека нивното размислување е заблуда.
.
Тоа треба еден верник да го покаже. Да го убеди неверникот да ја прифати верата.
.
Тоа "проклетите" неверници се повеќе го "лажат" народот и го придобиваат на своја страна. Зошто?
.
„..Нивното размислување е заблуда...„ е исклучиво личен проблем, не е колективен. Кој смета дека е во заблуда, нека се впушти во барање, со кое ќе ја разбие својата заблуда.
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:12 ---
Верните немаат таква обврска. Нивните/верничките обврски се од сосема друга природа, не од „убедувачка.„.
Можеме да прајме муабет за верата, но е и да убедуваме во своето верување или неверување, оти тоа би бил само прост судир на суети.
Немоќна ли е верата да се спротивстави на научно-технолочките достигнувања во доменот на објаснување на некои ставови?
.
Немој само да го умешаш сега рогатиот у муабетов.
Јас не сум запознаен со обврските на верните. Но знам дека е во најмала рака човечки некому да му го покажеш исправниот пат.
Што верните прават во таа насока? Како го покажуваат вистинскиот пат на неверните?
.
Се за ветување на подобар живот на оној свет ќе кркаш стапови на овој свет. Дали е прашање на алчност или мазохизам?Верата е моќна во својот Свет: тоа е Светот на духовноста.
Науката е моќна во својот Свет: тоа е материјално-физичкиов Свет.
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:16 ---
Во ред, не го мешам, ќе го остаам на раат...![]()
Обратното е јасно. Со помош на науката и технологијата неверните им укажуваат на верните дека се во заблуда.
Се за ветување на подобар живот на оној свет ќе кркаш стапови на овој свет.
Манипулатори на прост народ имало од секогаш.Славниот Маркс, на пример, ни‘ понуди ( и умре, за греота...) „убава иднина„, онаа комунистичката и никогаш дочеканата, ама иднина која (требаше, нели...) да биде во овој Свет.
Христос не‘ повика да бидеме со Него во Царството Небесно, кое не е од овој Свет.
Можеш да ни разграничиш што од библијата е во духовниот, а што во материјалниот домен?Не мешај духовност со материјалност.
Можеш да ни разграничиш што од библијата е во духовниот, а што во материјалниот домен?
.
па така испаѓа дека Ева настанала од ребро, додека науката (материјалниот домен) вели дека тоа е невозможно.
Исто така се тврди дека земјата е направена пред ѕвездите, а науката вели дека првин се формирани ѕвездите.
Затоа што многупати оној духовниот дел, токму вие го мешате со материјалниот, па така испаѓа дека Ева настанала од ребро, додека науката (материјалниот домен) вели дека тоа е невозможно.
.
Kaжи ми од каква материја е направен рајот?Рајот е духовно-материјален, ради финоста/продуховеноста од материјата од која е создаден.
Исто така се тврди дека земјата е направена пред ѕвездите, а науката вели дека првин се формирани ѕвездите. И уште мал милион вакви нешта, кој токму вие ги мешате во научниот - материјален домен.
Kaжи ми од каква материја е направен рајот?
Можеби за тебе е идеологија, за сите останати рационални луѓе "оперирани" од тврдоглавост и повеќе од јасно е дека од ребро на маж, неможе да создадеш жена. Освен во научнофантастични или хорор сценарија.Каде го вели тоа науката? Дарвин е портпарол на еволуционистичката филозофија, а не на науката. Тоа е материјалистичко-натуралистичка идеологија, а не наука. Науката никаде не вели дека не е возможно Ева да била обликувана од реброто на Адам со помош на Божјата сила. Се разбира, во атеистичката наука нема место за Бог, но тоа е така само во атеистичката наука.
Не се прави наудрен, сме дискутирале за ова! Сите потешки елементи од хелиум во периодниот систем се создадени преку процес на фузија! Во природата тоа е единствено можно во јадрата на ѕвездите. Земјата е композит од токму такви елементи, што значи е создадена од елементи кој предходно биле создадени во ѕвездите.Дали би можел да ја цитираш науката каде што го вели тоа? Или повторно според тебе под наука се подразбираат исклучиво атеистичките хипотези „Биг Бенг“ и онаа на Кант-Лаплас?
Можеби во твојата имагинација, науката тврди сосема спротивно нешто. Кој ја меша сега духовноста со материјалноста?Да, Земјата е создадена пред Сонцето и ѕвездите, и има своја духовна логика, наспроти Кант-Лапласовата прикаска за приматот на Сонцето пред Земјата и планетите. За ова веќе сме дискутирале.
Сакаш да кажеш гасовита состојба, како облаците например.Како што би рекол еден од Светите Оци: Рајот е создаден од материја, која е и распадлива и нераспадлива, едновремено. Ако еден плод падне од овошката на тлото, плодот не гние, туку се претвора во пријатен мирис. Така, рајската материја се наоѓа „помеѓу„ постојаноста од сворените нешта и променливоста од истите.