Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
За греота...:(
Ај сега прашај ги глупавите шо мислат за вака низок И-Ку...
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
И верните и неверните, имаат докази едни против други, во огромни количини. Се чини дека доказите, сами по себе, не се доволно јаки или доволно „тешки„ за да може поединецот туку-така да се определи за вера или за неверие, а се чини дека проблемот е на друго место...

Верата не се мери „на кантар„, како да се работи за физички предмет, па ако е доволно „тешка„. ќе верувам, а ако е „лесна„, нема да верувам.
Мики оние што ги нарекуваш неверни се спремни да прифат инстантно да станат верни, доколку се потврди дека нивното размислување е заблуда.

Тоа треба еден верник да го покаже. Да го убеди неверникот да ја прифати верата.

Но, некако во светов обратното се случува.

Тоа "проклетите" неверници се повеќе го "лажат" народот и го придобиваат на своја страна. Зошто?

Немоќна ли е верата да се спротивстави на научно-технолочките достигнувања во доменот на објаснување на некои ставови?

Немој само да го умешаш сега рогатиот у муабетов.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики оние што ги нарекуваш неверни се спремни да прифат инстантно да станат верни, доколку се потврди дека нивното размислување е заблуда.
.
„..Нивното размислување е заблуда...„ е исклучиво личен проблем, не е колективен. Кој смета дека е во заблуда, нека се впушти во барање, со кое ќе ја разбие својата заблуда.
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:12 ---
Тоа треба еден верник да го покаже. Да го убеди неверникот да ја прифати верата.
.
Верните немаат таква обврска. Нивните/верничките обврски се од сосема друга природа, не од „убедувачка.„.

Можеме да прајме муабет за верата, но е и да убедуваме во своето верување или неверување, оти тоа би бил само прост судир на суети.
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:14 ---
Тоа "проклетите" неверници се повеќе го "лажат" народот и го придобиваат на своја страна. Зошто?
.

Оти така требит да бидит: луѓето, како поединци, вклучувајќи ги оние од Црквата, стануваат индивидуи, за кои е битен личниот комодитет, но не и личности, за кои се битни и другите луѓе.

Таму каде не постои двонасочна личносна релација, не постои ниту вера, ниту Црква.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
„..Нивното размислување е заблуда...„ е исклучиво личен проблем, не е колективен. Кој смета дека е во заблуда, нека се впушти во барање, со кое ќе ја разбие својата заблуда.
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:12 ---


Верните немаат таква обврска. Нивните/верничките обврски се од сосема друга природа, не од „убедувачка.„.

Можеме да прајме муабет за верата, но е и да убедуваме во своето верување или неверување, оти тоа би бил само прост судир на суети.
Па не сум баш сигурен дека е личен проблем. Верата и неверата го задира и општеството, така да игра голема улога во секојдневието. Да не зборувам како било во минатото нели.

Јас не сум запознаен со обврските на верните. Но знам дека е во најмала рака човечки некому да му го покажеш исправниот пат.

Што верните прават во таа насока? Како го покажуваат вистинскиот пат на неверните?

Обратното е јасно. Со помош на науката и технологијата неверните им укажуваат на верните дека се во заблуда.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Немоќна ли е верата да се спротивстави на научно-технолочките достигнувања во доменот на објаснување на некои ставови?
.
Верата е моќна во својот Свет: тоа е Светот на духовноста.
Науката е моќна во својот Свет: тоа е материјално-физичкиов Свет.
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:16 ---
Немој само да го умешаш сега рогатиот у муабетов.
Во ред, не го мешам, ќе го остаам на раат...:icon_lol:
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:18 ---
Јас не сум запознаен со обврските на верните. Но знам дека е во најмала рака човечки некому да му го покажеш исправниот пат.
Барај и ќе најдеш...
Тропни и ќе ти отворат...
Побарај и ќе ти се даде...
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:19 ---
Што верните прават во таа насока? Како го покажуваат вистинскиот пат на неверните?
.
Преку сведочење: со зборови и со дела, а сето тоа преку верата.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Верата е моќна во својот Свет: тоа е Светот на духовноста.
Науката е моќна во својот Свет: тоа е материјално-физичкиов Свет.
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:16 ---


Во ред, не го мешам, ќе го остаам на раат...:icon_lol:
Се за ветување на подобар живот на оној свет ќе кркаш стапови на овој свет. Дали е прашање на алчност или мазохизам?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Обратното е јасно. Со помош на науката и технологијата неверните им укажуваат на верните дека се во заблуда.

Бреее...Еве, мене лично, а и на верните во Црквата, „Хабл„ не ми/ни‘ „докажа„ дека верата ми е чиста заблуда...

Не мешај духовност со материјалност.
--- надополнето: 6 март 2012 во 13:29 ---
Се за ветување на подобар живот на оној свет ќе кркаш стапови на овој свет.
Славниот Маркс, на пример, ни‘ понуди ( и умре, за греота...) „убава иднина„, онаа комунистичката и никогаш дочеканата, ама иднина која (требаше, нели...) да биде во овој Свет.

Христос не‘ повика да бидеме со Него во Царството Небесно, кое не е од овој Свет.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Славниот Маркс, на пример, ни‘ понуди ( и умре, за греота...) „убава иднина„, онаа комунистичката и никогаш дочеканата, ама иднина која (требаше, нели...) да биде во овој Свет.

Христос не‘ повика да бидеме со Него во Царството Небесно, кое не е од овој Свет.
Манипулатори на прост народ имало од секогаш.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не мешај духовност со материјалност.
Можеш да ни разграничиш што од библијата е во духовниот, а што во материјалниот домен?
Затоа што многупати оној духовниот дел, токму вие го мешате со материјалниот, па така испаѓа дека Ева настанала од ребро, додека науката (материјалниот домен) вели дека тоа е невозможно.
Исто така се тврди дека земјата е направена пред ѕвездите, а науката вели дека првин се формирани ѕвездите. И уште мал милион вакви нешта, кој токму вие ги мешате во научниот - материјален домен.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Можеш да ни разграничиш што од библијата е во духовниот, а што во материјалниот домен?
.
Бог Е дух, немерлив и неограничен.
Ангелите се духови-бестелесни/нематеријали битија, кои имаат свој (об)лик.

Рајот е духовно-материјален, ради финоста/продуховеноста од материјата од која е создаден.

Светов/Вселенава (материјално-енергетските нешта...) која е створена, е материјална. По падот Адамов, материјата станува груба и распадлива.

Растенијата се материјални и минимално душевни.
Животните се материјали и душевни.
Човекот е материјален, душевен и духовен.

Само човекот, како род, е објектот преку кој се спојува духовното и материјалното во едно и исто битие.

По воскресението, човекот ќе биде духовно-материјален, ради финоста од материјата од воскреснатите тела.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
па така испаѓа дека Ева настанала од ребро, додека науката (материјалниот домен) вели дека тоа е невозможно.
Каде го вели тоа науката? Дарвин е портпарол на еволуционистичката филозофија, а не на науката. Тоа е материјалистичко-натуралистичка идеологија, а не наука. Науката никаде не вели дека не е возможно Ева да била обликувана од реброто на Адам со помош на Божјата сила. Се разбира, во атеистичката наука нема место за Бог, но тоа е така само во атеистичката наука.

Исто така се тврди дека земјата е направена пред ѕвездите, а науката вели дека првин се формирани ѕвездите.
Дали би можел да ја цитираш науката каде што го вели тоа? Или повторно според тебе под наука се подразбираат исклучиво атеистичките хипотези „Биг Бенг“ и онаа на Кант-Лаплас?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Затоа што многупати оној духовниот дел, токму вие го мешате со материјалниот, па така испаѓа дека Ева настанала од ребро, додека науката (материјалниот домен) вели дека тоа е невозможно.
.
Ева нависитна настанала од материјалното ребро Адамово, со тоа што ја забораваш личната Божја интервенција во тој чин, но и симболиката од истиот тој чин.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Исто така се тврди дека земјата е направена пред ѕвездите, а науката вели дека првин се формирани ѕвездите. И уште мал милион вакви нешта, кој токму вие ги мешате во научниот - материјален домен.
Да, Земјата е создадена пред Сонцето и ѕвездите, и има своја духовна логика, наспроти Кант-Лапласовата прикаска за приматот на Сонцето пред Земјата и планетите. За ова веќе сме дискутирале.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:01 ---
Kaжи ми од каква материја е направен рајот?
Како што би рекол еден од Светите Оци: Рајот е создаден од материја, која е и распадлива и нераспадлива, едновремено. Ако еден плод падне од овошката на тлото, плодот не гние, туку се претвора во пријатен мирис. Така, рајската материја се наоѓа „помеѓу„ постојаноста од сворените нешта и променливоста од истите.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Каде го вели тоа науката? Дарвин е портпарол на еволуционистичката филозофија, а не на науката. Тоа е материјалистичко-натуралистичка идеологија, а не наука. Науката никаде не вели дека не е возможно Ева да била обликувана од реброто на Адам со помош на Божјата сила. Се разбира, во атеистичката наука нема место за Бог, но тоа е така само во атеистичката наука.
Можеби за тебе е идеологија, за сите останати рационални луѓе "оперирани" од тврдоглавост и повеќе од јасно е дека од ребро на маж, неможе да создадеш жена. Освен во научнофантастични или хорор сценарија.
Ова е најдобриот показател дека токму вие мешате духовни и материјални дисциплини, и сте неспособни да разграничите реалност од метафора. Затоа и имате илјадници верзии на христијанството.
Дали би можел да ја цитираш науката каде што го вели тоа? Или повторно според тебе под наука се подразбираат исклучиво атеистичките хипотези „Биг Бенг“ и онаа на Кант-Лаплас?
Не се прави наудрен, сме дискутирале за ова! Сите потешки елементи од хелиум во периодниот систем се создадени преку процес на фузија! Во природата тоа е единствено можно во јадрата на ѕвездите. Земјата е композит од токму такви елементи, што значи е создадена од елементи кој предходно биле создадени во ѕвездите.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:05 ---
Да, Земјата е создадена пред Сонцето и ѕвездите, и има своја духовна логика, наспроти Кант-Лапласовата прикаска за приматот на Сонцето пред Земјата и планетите. За ова веќе сме дискутирале.
Можеби во твојата имагинација, науката тврди сосема спротивно нешто. Кој ја меша сега духовноста со материјалноста?:)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Како што би рекол еден од Светите Оци: Рајот е создаден од материја, која е и распадлива и нераспадлива, едновремено. Ако еден плод падне од овошката на тлото, плодот не гние, туку се претвора во пријатен мирис. Така, рајската материја се наоѓа „помеѓу„ постојаноста од сворените нешта и променливоста од истите.
Сакаш да кажеш гасовита состојба, како облаците например.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom