Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па то уопште не треба да е одлика на луѓето во Црквата, туку она кое го наведов како начин на облекување од верните, треба да спречи можност за појава на грешни мисли.
Ако тие мисли се грешни, зошто секој човек ги има без исклучок? Ако се грешни, зошто само преку нив може да се создаде нов човек? Што е грешното во мислата за секс, кога токму тој - сексот е начинот на кој луѓето опстојуваат - се размножуват?
Што е грешно во чуството на страст и возбуда предизвикана од спротивниот (или за некого истиот) пол?
 
Ако тие мисли се грешни, зошто секој човек ги има без исклучок?

Секој ги има, оти буквално секој човек има наследена огреввоена природа, т.е. склоност кон грев: со мисла, со збор и на дело.

А има и исклучоци: најдобриот пример е Мајката Божја, која, по Божјото сведоштво, нема грев ниту со помисла.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 13:06 ---
Ако се грешни, зошто само преку нив може да се создаде нов човек?

Преку нечисти мисли, не се создава човек, туку се создава гревовна намера, од која може да произлизе и гревовен чин.
Нов човек се создава со желба да се создаде нов човек, а не преку похотна и гревовна намера.
 
Секој ги има, оти буквално секој човек има наследена огреввоена природа, т.е. склоност кон грев: со мисла, со збор и на дело.

А има и исклучоци: најдобриот пример е Мајката Божја, која, по Божјото сведоштво, нема грев ниту со помисла.
Затвори го дете во 4 ѕида и нема да има никогаш грешни мисли. давај му само леб и вода, и сигурно у рајот ќе отиде.
Би му направил ти така на син(ќерка) ти?
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 13:10 ---
И збор никако, мислите без зборови не постојат.
 
Што е грешното во мислата за секс, кога токму тој - сексот е начинот на кој луѓето опстојуваат - се размножуват?
Што е грешно во чуството на страст и возбуда предизвикана од спротивниот (или за некого истиот) пол?

Грешноста во „сексањето„ се состои во тоа што е недозволиво надвор од благословена заедница, а водено, „сексањето„ значи и прекршување на Божјата волја од 7-мата Заповед.

Страста, т.е. страстите, се болест на човековиот дух, исто како што се похотите болест на човековото тело. Уште се наречени и наши „мали демончиња„, кои не‘ тераат на гревовно однесување.

Адам и Ева ги немаа тие „проблеми„ пред да отстапат од Бога...
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 13:11 ---
Затвори го дете во 4 ѕида и нема да има никогаш грешни мисли. давај му само леб и вода, и сигурно у рајот ќе отиде.
Би му направил ти така на син(ќерка) ти?

Бог да чува...
 
Секој ги има, оти буквално секој човек има наследена огреввоена природа, т.е. склоност кон грев: со мисла, со збор и на дело.

А има и исклучоци: најдобриот пример е Мајката Божја, која, по Божјото сведоштво, нема грев ниту со помисла.
Епа зошто ги имаме кога се грешни? Зошто бог како совршен и сезнаен не нашол некој начин да не создаде без грешни мисли? Нели е сезнаен и семоќен?
Преку нечисти мисли, не се создава човек, туку се создава гревовна намера, од која може да произлизе и гревовен чин.
Нов човек се создава со желба да се создаде нов човек, а не преку похотна и гревовна намера.
Незнам за тебе, ама јас незнам друг начин да дојдам до оргазам, освен преку мисли кој вклучуваат секс....
Или можеби мислиш дека може да се зачне човек и без оргазам и ејакулација?
Која е таа "желба да се создаде нов човек" која според тебе не вклучува сексуална возбуда?
 
И збор никако, мислите без зборови не постојат.

Погрешно: првична е мислата/намерата, која може да прејде или во збор или во дело.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 13:13 ---
Епа зошто ги имаме кога се грешни? Зошто бог како совршен и сезнаен не нашол некој начин да не создаде без грешни мисли? Нели е сезнаен и семоќен?

Знам знам, Бог Е „крив„ за се‘...:icon_lol:
 
Страста, т.е. страстите, се болест на човековиот дух, исто како што се похотите болест на човековото тело. Уште се наречени и наши „мали демончиња„, кои не‘ тераат на гревовно однесување.
Аха....болест велиш? :) Ок, ај објасни ми еве како јас да имам дете во иднина, без да имам страсти вклучено во тој процес? Да го изделкам од дрво и да чекам самовилата да го претвори во вистинско дете?
 
Бог да чува...

Не бе, те прашува ти да го чуваш, привремено. Мала жртва за поголема добивка. Земскиот живот ионака е преценет нели. Туку, ќе елаборираш околу буквално поседувајќи наследена огревовна природа?
 
Која е таа "желба да се создаде нов човек" која според тебе не вклучува сексуална возбуда?

„...плодете се и множете се...„, разбрано како исполнување на волјата Божја а не како задоловување на личната страст и похота.
 
Ама како ќе се множиш ако немаш страсти и желба за секс вклучено во тој процес? Со Copy paste?
 
Туку, ќе елаборираш околу буквално поседувајќи наследена огревовна природа?

За тоа, пишувано е на форумов повеќе пати. Еве накратко: огревовената природа ја наследуваме од своите родители, а ретроспективно гледано, ја наследуваме од Адама и Ева. Тие први згрешија, отстапија од Божјата волја и го внесоа гревот, а со гревот, ја внесоа и смртта, како казна за гревот во човековото живеење.
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 13:21 ---
Ок, ај објасни ми еве како јас да имам дете во иднина, без да имам страсти вклучено во тој процес?

На ова прашање, редно би било да Ти одговори свештеник, оти во Црквата, свештенстовто има улога и власт да советува. Разбира се, одговорот ми е дури и мене познат, ама не сум во положба да советувам...
--- надополнето: 17 јануари 2012 во 13:24 ---
Ама како ќе се множиш ако немаш страсти и желба за секс вклучено во тој процес? Со Copy paste?

Не со „copy/paste„, туку ќе се множиш без страсти и похоти, туку со желба да ја испочитиваш волјата Божја, живеејќи во благословена заедница, која меѓу другото, има за цел и продолжување на човековиот род, на начин кој Бог ни‘ го допуштил и благоволил, согласно нашата отпадната и огревовена природа.
 
На ова прашање, редно би било да Ти одговори свештеник, оти во Црквата, свештенстовто има улога и власт да советува. Разбира се, одговорот ми е дури и мене познат, ама не сум во положба да советувам...
Е добро де нема да гледам на тоа како на совет, само како на одговор....Значи, одговори ми, како да зачнам дете во иднина, без да вклучам страсти, и желба за секс?
Претпоставувам знаеш како функционираат репродуктивните органи кај мажите....ако употребиме некоја аналогија, споредувајќи го конкретниот орган со.....телевизор да речеме, тогаш "производот" - (детето) би била сликата на телевизорот, а страстите и желбата за секс, се струјата (енергијата која го активира), која го прави уредот активен. Како да имаме "слика и звук" од "телевизорот", ако не користиме "струја"? Со што ќе го активираме телевизорот....?
 
Е добро де нема да гледам на тоа како на совет, само како на одговор....Значи, одговори ми, како да зачнам дете во иднина, без да вклучам страсти, и желба за секс?

Повикај пријател на помош:pos: Кај него нека се избие гревот:pos:
 
Не со „copy/paste„, туку ќе се множиш без страсти и похоти, туку со желба да ја испочитиваш волјата Божја, живеејќи во благословена заедница, која меѓу другото, има за цел и продолжување на човековиот род, на начин кој Бог ни‘ го допуштил и благоволил, согласно нашата отпадната и огревовена природа.
Мики.....ако си имал некогаш секс во животот, тогаш немора да ти кажувам дека ерекција, оргазам и ејакулација се можни само ако ги имаш токму страстите, похотите и желбата за секс....
Или ти можеби добиваш оргазам на молитви и икони....?
 
Грешноста во „сексањето„ се состои во тоа што е недозволиво надвор од благословена заедница, а водено, „сексањето„ значи и прекршување на Божјата волја од 7-мата Заповед.
Страста, т.е. страстите, се болест на човековиот дух, исто како што се похотите болест на човековото тело. Уште се наречени и наши „мали демончиња„, кои не‘ тераат на гревовно однесување.

Направете универзумски - вселенски собор и сменете го уставот и законите, оти како што ми се чини во иднина цело православие ќе може да се собере под една круша. Католициве ве шијат, дури и музика прават забавна ти текнуе?

Зошто не делите на благослословени и неблагословени заедници, зарем не сме сите божји чеда? Пошто поделбата е причина за сите недоразбирања, конфликти и срања (мада е интересно, посебно на телевизија и на интернет на сејф дистанс офкорс :D ).

И уште нешто
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom