Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да, мора во црква/храм. На крајот од секоја литургија, свештеникот ги повикува верните на причест, доколку се подготвени за таков чин.
А ако верникот живее во Африка и нема црква(еве нека биде православна),како ќе се причести?Пишува во Библијата ли нешто за причеста и дали пишува дека треба строго да биде во црква/храм изведена?
 
Зарем не мислиш дека овие последици се "казната" и "наградата"? А не некој задгробен пекол и рај?

Рајот е награда, а пеколот е казна.
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:01 PM ---
З
Ако ја пронајдеш својата вистинска воља (која е дел од божјата), тогаш си ја пронашол својата суштина. Во спротивно ќе страдаш, и тоа ќе биде твојот "пекол".

(y) И ја така би гласал....
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:01 PM ---
Одењето спротивно од својата природа и воља за да удоволиш некој "бог", е кукавичлук. Тогаш ја "загадуваш" својата воља, со исчекување за резултат...за награда.

(n) А вака не би гласал...
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:02 PM ---
Кој би рекол дека од тебе ќе прочитам телемитска мисла. :)

А шо са тија „телемити„? Некој нов вид бандити? :D
--- надополнето: Oct 29, 2011 7:06 PM ---
А ако верникот живее во Африка и нема црква(еве нека биде православна),како ќе се причести?Пишува во Библијата ли нешто за причеста и дали пишува дека треба строго да биде во црква/храм изведена?

Не постои верник без Црква и Црква без верници. Поимот „црква/еклесиа„ значи заедница од поединци, кои исповеаат ист Бог и иста вера на ист начин.

Во Африка веќе постојат и православни заедници, каде верните можат да се причестат според црковниот ред.

Причеста ја има одредено сам Христос, на Велики Четврток, пред да Го издадат и апсат. Види во Матеј, 26.26 , 26.27 и 26.28.
 
Рајот е награда, а пеколот е казна.
А шо са тија „телемити„? Некој нов вид бандити? :D

Секогаш „старите“ чекаат некаква награда од некој друг... Господар и потчинет!

Телемити, тоа ти се модерни пирати! :)
 
Почитувани пријатели Христијани! Дали некој може да ми објасни зошто постојат Свештените лица (владики, попови и т.н) и каде е тоа дадено (наредено) во библијата.

п.с. Ако веќе има таков подфорум ве молам да ме упатите каде да читам.

Ви благодарам!
 
Никаде не е дадено. Исус не бил многу, многу кејфлија по цркви и попови.

Ако не се лажам, има само едно место кајшто Исус вика „ќе изградам црква“ и тоа едното е фигуративно. За попови, па, да не праиме муабет.
 
Почитувани пријатели Христијани! Дали некој може да ми објасни зошто постојат Свештените лица (владики, попови и т.н) и каде е тоа дадено (наредено) во библијата.

п.с. Ако веќе има таков подфорум ве молам да ме упатите каде да читам.

Ви благодарам!

Погледни во Дела Апостолски: глава 2, стихови: 1,2,3, 4 и таму ќе видиш кои беа првите свештеници.

Погледни во Дела Апостолски, глава 2, стихови: 41 и 42 и таму ќе видиш кои беа првите верници.

Улогата од свештениците е истата онаа која Христос им ја зададе и на Апостолите: да ги научат сите народи (на науката Христова) и да ги крштеваат во името од Света Троица.

А Црквата е токму тоа: заедница од личности, кои исповедаат ист Бог и иста вера на ист начин. Како што што пред 2 000 г. имаше и свештеници и верници, така е тоа и до ден-денешен.
 
Здраво,
сакам да прашам во колку од Евангелијата се спомнува зачнувањето на Исус од Светиот дух?
 
Погледни во Дела Апостолски: глава 2, стихови: 1,2,3, 4 и таму ќе видиш кои беа првите свештеници.

Погледни во Дела Апостолски, глава 2, стихови: 41 и 42 и таму ќе видиш кои беа првите верници.

Улогата од свештениците е истата онаа која Христос им ја зададе и на Апостолите: да ги научат сите народи (на науката Христова) и да ги крштеваат во името од Света Троица.

А Црквата е токму тоа: заедница од личности, кои исповедаат ист Бог и иста вера на ист начин. Како што што пред 2 000 г. имаше и свештеници и верници, така е тоа и до ден-денешен.
Ти благодарам.
Малце читав низ нет (wiki, мк библија ...) па според тоа што го прочитав, првите христијански свештени лица всушност биле 12 Апостоли кои после нивното време определувале други луѓе кои би ги замениле и би продолжиле да го шират словото. Така?
 
Разбира се дека е така.
Молам.
 
Зошто исус употребил насилство и гнев кога пошол во Црква пред "пазарџиите" и им ги урнал тезгите-не можел со мајндтрик??
 
Зошто исус употребил насилство и гнев кога пошол во Црква пред "пазарџиите" и им ги урнал тезгите-не можел со мајндтрик??
Не биле достојни за mindtrick. :) И ако го спознаваме Исус како син божји, целта не му била да биде „магионичар“, туку да го научи народот за тоа што е Бог.
 
Не биле достојни за mindtrick. :) И ако го спознаваме Исус како син божји, целта не му била да биде „магионичар“, туку да го научи народот за тоа што е Бог.
И....го научил?
Патем, дали си ти меѓу тие што научиле?
 
Фала на исцрпниот одговор :)
Не сум одамна на форумов, пред неколку месеци почнав да го читам и подфорумот Религија и ми се видоа интересни дискусии оти тука имаше повеќе наука птколку во подфорумот наука, тука имаше повеќе филозофија отколку во подфорумот филозофија, тука имаше повеќе психологија отколку во подфорумот психологија. Јас како долгогодишен атеист не ја ни отворав Религија кога се зачленив на форумот, ама после видов дека има многу посодржајни дискусии отколку во другите делови на форумов. И секој ден си влегувам да прочитам нешто. Не пишувам многу.
Кога се појави пред еден месец, изгледаше многу запознат со ситуацијата на темите. Си реков еве некој кој ќе ја подобри дискусијата. Си мислев дека си начитан и дека имаш став кога почна да им се спротиставуваш буквално на сите.
Ама катастрофа си. Баш ги гледав мислењата и СИТЕ до едно ти се лични препукувања, немаш ништо кажано во контекст на темата.
И забележав дека и другите не пишуваат сериозно кога ќе се замешаш во разговорот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom