Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ааааа, глеаш како изгледа Твојата навреда, кога ќе Ти се врати по глата?
 
ОК, не се замарај со мојот лик и дело, имаш тема и дискутирај по неа.
--- надополнето: Aug 24, 2011 9:11 AM ---
А бе Мики, не се работи за изнаоѓање аргументи против верата, туку обратно, за НЕМОЖНОСТ ТИ ДА НАЈДЕШ АРГУМЕНТ ЗА ДА ЈА ОДБРАНИШ ТВОЈАТА РЕЛИГИОЗНОСТ И ВЕРА:

Или другачије кажано секој атеист, скептик, агностик, и еден куп други ЌЕ ПРИФАТАТ БИЛО КОЈ РАЗУМЕН И РАЗИОНАЛЕН ДОКАЗ КОЈ ЌЕ УКАЖУВА НА ЦРКОВНАТА ДОКТРИНА , И ЌЕ ЈА ПРИФАТАТ ВЕРАТА И ПОСТОЕЊЕТО НА ГОСПОД БОГ.

Но ТИ И ПОКРАЈ ЕДЕН КУП ДОКАЗИ РАЦИОНАЛНИ И РАЗУМНИ ПРОТИВ ГОЛЕМ ДЕЛ ОД ТОЛКУВАЊАТА НА ЦРКВАТА НЕ ГИ ПРИФАЌАШ

Мики, разбираш, ја то повеќе пати го имам сторено, ама изгледа дека не си бил тогаш присутен на форумов...
 
За првото, ти навистина не си во ситуација да кажеш колку и како го имам проучувано стариот и новиот завет. Можеби си во право, можеби не, но тоа што го кажа не е аргумент во дискусијата.

И те како е аргумент во дисксуијата. Доколку не си ги прочитал стариот и новиот завет, тогаш немаш никаков кредибилитет да тврдиш дека Богот на стариот завет е различен од Богот во новиот завет. Бидејќи ти не изнесе аргументи за ова тврдење, тогаш тврдењето има сила само во твојот кредибилитет и веродостојноста на твоите зборови. Затоа е важно да се знае дали ти си ги прочитал целосно стариот и новиот завет.

Дозволи ми да ти поставам едно блиц прашање со цел да дознаам дали ти воопшто си ја отворил Библијата и знаеш што е стар, а што нов завет:
Дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во Стариот или Новиот завет?

Точно е тоа дека во моментот најнапредни се оние држави во кои се случи протестантската реформација, но како тој факт може да послужи за некоја апологија на христијанството???

Малку ти си имаат испомешано работите. Причината за напредокот на тие држави е токму ослободувањето од стегите на христијанството, затоа што протестантизмот во својата првобитна форма беше токму тоа.

Настрана толкувањата зошто баш тие земји се најнапредни. Ти рече дека утре ќе се срамат, а јас ти велам дека денес се фалат, а за утрешниот ден не можеш да збориш, затоа што не знаеш што ќе донесе. Можеби ќе се фалат двојно повеќе.
Протестантизмот во својата првобитна форма не е ослободување од стегите на христијанството, туку од стегите на институционализираната Католичка црква. Протестантите кога се ослободиле од Католичката црква тие не оформиле атеистички движења, туку протестантски цркви каде што се читала и проучувала Библијата, каде што се славел Бог итн. Тие воопшто не се ослободиле од христијанството како што тврдиш.

Денес, христијанскиот морал, идеологија или догми немаат никаков удел во животот во тие држави, па твојот аргумент е во најмала рака смешен...

Тоа ти така мислиш. Дури и декларативните верници, па дури и атеистите во тие земји имаат попримено од христијанските вредности наследени од нивните предци.
 
И те како е аргумент во дисксуијата. Доколку не си ги прочитал стариот и новиот завет, тогаш немаш никаков кредибилитет да тврдиш дека Богот на стариот завет е различен од Богот во новиот завет. Бидејќи ти не изнесе аргументи за ова тврдење, тогаш тврдењето има сила само во твојот кредибилитет и веродостојноста на твоите зборови. Затоа е важно да се знае дали ти си ги прочитал целосно стариот и новиот завет.

Дозволи ми да ти поставам едно блиц прашање со цел да дознаам дали ти воопшто си ја отворил Библијата и знаеш што е стар, а што нов завет:
Дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во Стариот или Новиот завет?

Настрана толкувањата зошто баш тие земји се најнапредни. Ти рече дека утре ќе се срамат, а јас ти велам дека денес се фалат, а за утрешниот ден не можеш да збориш, затоа што не знаеш што ќе донесе. Можеби ќе се фалат двојно повеќе.
Протестантизмот во својата првобитна форма не е ослободување од стегите на христијанството, туку од стегите на институционализираната Католичка црква. Протестантите кога се ослободиле од Католичката црква тие не оформиле атеистички движења, туку протестантски цркви каде што се читала и проучувала Библијата, каде што се славел Бог итн. Тие воопшто не се ослободиле од христијанството како што тврдиш.

Тоа ти така мислиш. Дури и декларативните верници, па дури и атеистите во тие земји имаат попримено од христијанските вредности наследени од нивните предци.

Ќе ти одговорам на блиц прашањето ако ти направиш сложена реченица користејќи ги зборовите ловец, зајак, пушка.

Причините за подемот на тие држави јасно и едноставно ти ги напишав, јас знам дека се тие, ти знаеш дека се тие, и ќе повторам, тоа не е никаков аргумент во прилог на христијанството.

Јас имам живеено во некои од тие држави, ги боли нив увото за христијанските вредности. Повеќето луѓе кои ги запознав таму, не сакаат да слушнат за христијанството. И ќе ти повторам, иако го скокна првиот пат, Калвинистичката работна етика не е христијански аманет...

Ех да, аргументот дека државите базирани на атеистичка идеологија пропаднале, па поради тоа христијанството е супериорно, напросто вришти... :vozbud:
 
Тоа ти така мислиш. Дури и декларативните верници, па дури и атеистите во тие земји имаат попримено од христијанските вредности наследени од нивните предци.
Зарем не мислиш дека е малку арогантно тие вредности да се обележат како христијански кога самите тие постоеле пред таа религија?
 
Ќе ти одговорам на блиц прашањето ако ти направиш сложена реченица користејќи ги зборовите ловец, зајак, пушка.

Чорбаџија со ловец му даде мат на Гичин, а тој ја фрли пушката и како зајак избега од прашањето: „Дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во Стариот или Новиот завет?“

Причините за подемот на тие држави јасно и едноставно ти ги напишав, јас знам дека се тие, ти знаеш дека се тие, и ќе повторам, тоа не е никаков аргумент во прилог на христијанството.

За причините можеме да филозофираме до бескрај. Филозофирале и ќе филозофираат. Но толкувањата не ги засегаат фактите, а тие велат: Протестантските држави - најнапредни, комуњарските држави - уназадени.

Ех да, аргументот дека државите базирани на атеистичка идеологија пропаднале, па поради тоа христијанството е супериорно, напросто вришти... :vozbud:

Јас не напишав таков каузален заклучок. Аргументот дека државните базирани на атеистичка идеологија пропаднале е само аргумент дека атеизмот не го бива. А државите во кои се случила протестантската реформација просперирале заради благословот на имплементираните христијански вредности.
Се разбира оние протестантски држави кои денес повторно се оддалечуваат од Бог нема вечно да го влечат благословот од нивните претци, туку тоа веднаш ќе се примети и се приметува во нивната дегресија.
На пример, иако повеќето светски Универзитети се основани од протесатнтски мисионери, сепак денес во многу протестантски земји е забрането да се спомнува Бог или Исус во факултетите и особено во средните училишта. И што се случи? Се појавија средношколци кои безмилосно убија десетици нивни соученици. Луѓето велат Каде е Бог? Зошто го дозовли ова? Е каде е де? Го „избркаа“ од училишните клупи, па сега се чудат каде е додека нивните деца се образуваат и воспитуваат безбожно.
 
Чорбаџија со ловец му даде мат на Гичин, а тој ја фрли пушката и како зајак избега од прашањето: „Дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во Стариот или Новиот завет?“

За причините можеме да филозофираме до бескрај. Филозофирале и ќе филозофираат. Но толкувањата не ги засегаат фактите, а тие велат: Протестантските држави - најнапредни, комуњарските држави - уназадени.

Јас не напишав таков каузален заклучок. Аргументот дека државните базирани на атеистичка идеологија пропаднале е само аргумент дека атеизмот не го бива. А државите во кои се случила протестантската реформација просперирале заради благословот на имплементираните христијански вредности.
Се разбира оние протестантски држави кои денес повторно се оддалечуваат од Бог нема вечно да го влечат благословот од нивните претци, туку тоа веднаш ќе се примети и се приметува во нивната дегресија.
На пример, иако повеќето светски Универзитети се основани од протесатнтски мисионери, сепак денес во многу протестантски земји е забрането да се спомнува Бог или Исус во факултетите и особено во средните училишта. И што се случи? Се појавија средношколци кои безмилосно убија десетици нивни соученици. Луѓето велат Каде е Бог? Зошто го дозовли ова? Е каде е де? Го „избркаа“ од училишните клупи, па сега се чудат каде е додека нивните деца се образуваат и воспитуваат безбожно.
Реченицата со зајакот, ловецот и пушката е семантички некоректна, така да...

Атеистичките држави не ги бива, а?

:D

Па поатеистички држави од Норвешка, Шведска, Финска тешко дека ќе најдеш. Тие не се држави базирани на христијански идеологија, напротив многу се поатеистички отколку што Советскиот Сојуз или бивша Југославија било кога биле. Добро, навистина треба да ти го објаснувам ова?
 
Ако пак го разгледаме вчерашниот ден, можеме со право да кажеме дека земјите каде што продрело библиското (реформирано) христијанство т.е. онаму каде што се случи протестантската реформација се најразвиените земји во светот, за разлика од земјите каде што до неодамна владееше комунизмот (базиран на атеизмот).
Ако внимателно го погледнеш светот, ќе забележиш дека најразвиените земји имаат најголема и најбрзорастечка популација на атеисти.

Толку од Јахве, Кришна и Тор.

Инаку, не сум чул кога тоа протестантската реформација ја зафатила Јапонија.
 
Јас дури би рекол дека земјите со најразвиена економија полека се ослободија речиси тотално од инхибиторната улога на црквата и религијата.

Религијата и декларирањето себе си како Христијанин (Протестант, Католик) во овие држави, се сведува повеќе на традиција и дистинкција од веќе израмнетиот ислам со тероризам.

Најбитно од се е штo Радикалната Црква нема веќе можност да влијае негативно врз развојот на науката и технологијата во корист на човештвото.
 
Toa znaci deka razvienosta(tehnologijata) se koristi za da se programiraat lugeto vo ateisti?
Ne mi teknalo do sega, iako drzi voda toa sto vikas.
 
Аха, и уште ова:

Јахве вика: „Око за око“
Јешуа вика: „другиот образ“

@дежурниотманипулаторнафоумов: Ти можеш колку сакаш да се прпелкаш, вадиш од контекст или вијугаш - Јахве од стариот завет секогаш ќе остане арогантно и љубоморно копиле. Исус секогаш ќе биде субмисивна-хипи-плачипичка. Тоа се светови разлика и никакви дебилни шпекулации од типот „ама ова е закон, она е предлог закон, ова у ствари не значи тоа не она“ нема да ги променат фактите. Фактите се следни:

1. Јахве од Стариот Завет е рецидив од политеистичкиот јудеизам каде доминантниот и агресивен бог е земен како ЗАШТИТНИК на кутриот и напатен пустински апатридски (безземјен) народ.
2. Јешуа (Исус) е политички конструкт на едно царство во умирање.

1. и 2. немаат никакви допирни точки еден со друг - ниту карактерни, ниту идеолошки.

Впрочем, доволно е едно читање на Библијата за да човек се увери дека компилацијата е тотално неконзистентна.
--- надополнето: Aug 24, 2011 10:53 AM ---
Toa znaci deka razvienosta(tehnologijata) se koristi za da se programiraat lugeto vo ateisti?
Ne mi teknalo do sega, iako drzi voda toa sto vikas.
Не значи тоа. Технологијата им дозволува на луѓето да дојдат до повеќе информации и да развијат критичко мислење. Затоа и умираат религиите. Порано, она што попот или оџата ќе ти кажел - тоа било. Сега за недела дена можеш да ги разгледаш основните догми на сите активни религии и самиот да си одлучиш што е тоа во што ќе веруваш и дали воопшто.
 
Јас дури би рекол дека земјите со најразвиена економија полека се ослободија речиси тотално од инхибиторната улога на црквата и религијата.

Религијата и декларирањето себе си како Христијанин (Протестант, Католик) во овие држави, се сведува повеќе на традиција и дистинкција од веќе израмнетиот ислам со тероризам.

Најбитно од се е штo Радикалната Црква нема веќе можност да влијае негативно врз развојот на науката и технологијата во корист на човештвото.
Religijata i drzavata nemozat edno bez drugo.
Odkako brakot e sklucen nema vrakanje nazad, treba odednas da gi snema dvete za da se spasi covekot.
Ama so toa sto ja stitat drzavata(to est nejzinite principi i temeli na postoenje) ja stitat i crkvata.
I toa istite luge, koi demek bile protiv religiite.
 
Зборувавме з анауката и технологијата, а не за наводната љубовна врска меѓу црквата и државата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom