Ваљда као што има надрилекари има и надрипопови, како и да се нарекуваат. Тава не е разлого да не веруваме во медицината...и сличноПред некој ден уз муабет со дечко што завршил теологија, а сега се занимава со сосема нешто друго, добив "сознание" дека Црквата тврди дека до сега на светов имало два антихристи!!! Првиот бил Наполеон , а вториот Хитлер????? Не знаеше да објасни зошто токму тие, а не на пример Атила Хунот, Цезар, Воинот на коњ, Татко му на воинот на Коњ, Сталин, Мао Це Тунг, Пол Пот, итн.....
Објаснувањето одеше во правец дека само нивните "души" (на двајцата Наполеон и Хитлер) се тотално уништени, односно не се наоѓале таму каде што с енаоѓаат сите останати души чекајќи го Второто Христово доаѓање и конечниот суд. ТИе с еоднапред осудени за вечна темнина.
Што велат христијаните на форумов за оваа приказна од богословскиот факултет ?

Туку, прашање. Дали на поповите им е дозволено боди билдинзи, сончање по костим за капење на плажа, играчки конзоли, кладилница или коцка...ако знаеме дека некои од овие активности носат одредени негативности, можни гревови, насочување на умот кон материјалното и злото или едноставно се малку нелогични за посветеноста на еден свештеник (кога велиме не го личи овој...). Сигурно попот не е монах, но дали постои праг на толеранција на некои дејства...дали има црковни/духовни правила за живеењето каде овие активности не се баш соодветни на звањето поп.