Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Пред некој ден уз муабет со дечко што завршил теологија, а сега се занимава со сосема нешто друго, добив "сознание" дека Црквата тврди дека до сега на светов имало два антихристи!!! Првиот бил Наполеон , а вториот Хитлер????? Не знаеше да објасни зошто токму тие, а не на пример Атила Хунот, Цезар, Воинот на коњ, Татко му на воинот на Коњ, Сталин, Мао Це Тунг, Пол Пот, итн.....

Објаснувањето одеше во правец дека само нивните "души" (на двајцата Наполеон и Хитлер) се тотално уништени, односно не се наоѓале таму каде што с енаоѓаат сите останати души чекајќи го Второто Христово доаѓање и конечниот суд. ТИе с еоднапред осудени за вечна темнина.

Што велат христијаните на форумов за оваа приказна од богословскиот факултет ?
Ваљда као што има надрилекари има и надрипопови, како и да се нарекуваат. Тава не е разлого да не веруваме во медицината...и слично ;)

Туку, прашање. Дали на поповите им е дозволено боди билдинзи, сончање по костим за капење на плажа, играчки конзоли, кладилница или коцка...ако знаеме дека некои од овие активности носат одредени негативности, можни гревови, насочување на умот кон материјалното и злото или едноставно се малку нелогични за посветеноста на еден свештеник (кога велиме не го личи овој...). Сигурно попот не е монах, но дали постои праг на толеранција на некои дејства...дали има црковни/духовни правила за живеењето каде овие активности не се баш соодветни на звањето поп.
 
Туку, прашање. Дали на поповите им е дозволено боди билдинзи,.

Само умерено и рекреативно, без опседнатост околу телесниот изглед.
--- надополнето: Aug 22, 2011 12:52 PM ---
сончање по костим за капење на плажа,.

Не, тоа ниту на поповите а ниту на верните не им се препорачува, но изборот е нивен, исто како и последиците од тој избор.
--- надополнето: Aug 22, 2011 12:52 PM ---
играчки конзоли, кладилница или коцка....

Скраја да е...
 
Само умерено и рекреативно, без опседнатост околу телесниот изглед.
--- надополнето: Aug 22, 2011 12:52 PM ---

A има некоја комисија која оценува дали претерал во билдерството?
Ќе се слечи отецо по купаќи и жирито го мерка од секаде и вели... ааа си го претерал сио трицепсот.... 3 недели пост!
 
..ако знаеме дека некои од овие активности носат одредени негативности, можни гревови, насочување на умот кон материјалното и злото или едноставно се малку нелогични за посветеноста на еден свештеник (кога велиме не го личи овој...)..

Да, не им личи на свештениците, ама ни на верните.
--- надополнето: Aug 22, 2011 12:55 PM ---
Сигурно попот не е монах, но дали постои праг на толеранција на некои дејства...дали има црковни/духовни правила за живеењето каде овие активности не се баш соодветни на звањето поп.

Да, Црквата има точно пропишан начин на живеење од свештеникот, кој е блиску до монашкиот начин на живеење, како и услови кои мора да ги исполни личноста, која сака да биде свештеник, а претходно имала друга професија.
--- надополнето: Aug 22, 2011 12:56 PM ---
A има некоја комисија која оценува дали претерал во билдерството?

Во Црквата, најдобар контролор е самоконтролата. За точно одредени потреби, има и комисии.
 
Само умерено и рекреативно, без опседнатост околу телесниот изглед.
--- надополнето: Aug 22, 2011 12:52 PM ---

Не, тоа ниту на поповите а ниту на верните не им се препорачува, но изборот е нивен, исто како и последиците од тој избор.
--- надополнето: Aug 22, 2011 12:52 PM ---

Скраја да е...

Среќа што не сум поп :P

А и тоа со кладилницата, коцката зашто не им е дозволено?

Како кладилницата се огрешува од Божјите закони ?
Како играчот со 20 денари влог на пример се огрешува од Божјите закони? Отишол со надеж да ја подобри материјалната состојба, која Црквата нема да му ја подобри во никој случај,инаку сите ќе одевме во црква да бараме пари. Вака барем има надеж :P
 
Во Црквата, најдобар контролор е самоконтролата. За точно одредени потреби, има и комисии.

ајдее, сега во конкретбиот случај ако има ограничување колку и што значи некој треба тоа и да г контролира. Самоконтрола има и во пушење цигари па некој чури 2 кутии некој една некој 2 цигари денот а некој ич. Која е границата кога мускулите на телото прераснуваат во опсесија ? кој тоа и кога го утврдил во христијанската црква?
 
Во Црквата, најдобар контролор е самоконтролата. За точно одредени потреби, има и комисии.

Има ли комисија за колку пати треба д апрактикува секс одреден свештеник? Или тоа е оставено на самоконтролата.
 
Што е со попоите кои станале попои од мака или реда ради? дали нивните опела, венчања, служби... се со иста важност и ефект како и на оние оригинал попои кои навистина веруваат во Бог?
како што има многу правници кои сакале да завршат за пилоти, многу агрономи кои сакале да бидат уметници, многу градежни инженери кои сакале да станат офицери... така има и доста попои кои завршиле некако богословија (наместо археологија или медицина) и сега “дрн дрн - амин, дај петстотки“ или како напишал Нушиќ за еден митролоит “јас не го пцуев бога се додека не запишав богословија...“ Значи тие неверни попои дали и преку нив Бог така со сила ги дава своите благослови?
 
Има ли комисија за колку пати треба д апрактикува секс одреден свештеник? .

Да, за тоа постои собраниска комисија, која постојано заседава...:icon_lol:
--- надополнето: Aug 22, 2011 1:15 PM ---
Што е со попоите кои станале попои од мака или реда ради? дали нивните опела, венчања, служби... се со иста важност и ефект како и на оние оригинал попои кои навистина веруваат во Бог?
како што има многу правници кои сакале да завршат за пилоти, многу агрономи кои сакале да бидат уметници, многу градежни инженери кои сакале да станат офицери... така има и доста попои кои завршиле некако богословија (наместо археологија или медицина) и сега “дрн дрн - амин, дај петстотки“ или како напишал Нушиќ за еден митролоит “јас не го пцуев бога се додека не запишав богословија...“ Значи тие неверни попои дали и преку нив Бог така со сила ги дава своите благослови?

Највероватно...
--- надополнето: Aug 22, 2011 1:16 PM ---
А и тоа со кладилницата, коцката зашто не им е дозволено?

Затоа што коцкањето е порок.
--- надополнето: Aug 22, 2011 1:17 PM ---
Како кладилницата се огрешува од Божјите закони ?

Коцкарот се надева на брза и лесна, не благословена заработувачка.
Коцкарот си ја троши надежта на случајноста, дека, ете, токму нему ќе „му се посреќи„, а не се надева на Бога.
--- надополнето: Aug 22, 2011 1:20 PM ---
Среќа што не сум поп :P

Блазе си Ти бе, ќе нема кој да Те пцуе, дека заработуеш големи пари за 3 неразбирливо кажани молитви...:icon_lol:
 
Затоа што коцкањето е порок.
Дали слично се објаснува и градењето на телесен изглед само заради покажување во јавност кое во крајна линија може да го однесе човека кон горделивост, а кај некој кој го набљудува да предизвика и соблазнување...двете дејства носат некој грев како што знам...дали заради тоа се неприфатливи од црквата? Чисто ме интересира информативно.
 
Која е границата кога мускулите на телото прераснуваат во опсесија ?

Тогаш, кога телесниот изглед ќе ти стане 24 часовна опсесија, во арчење време на непрекидно внимание на пропороциите од телесната мускулатура, на дефиницијата од мускулите, на масата од мускулите, на точната дневна доза од храна и пијалак, како и желбата за воајерско-манијачко-ексхибиционистичка презентација на своето тело пред очите од другите.
--- надополнето: Aug 22, 2011 1:25 PM ---
кој тоа и кога го утврдил во христијанската црква?

Се што е уредено во Црквата, одредено е од Црквата, во волјата од Духот Свет.
--- надополнето: Aug 22, 2011 1:28 PM ---
Дали слично се објаснува и градењето на телесен изглед само заради покажување во јавност кое во крајна линија може да го однесе човека кон горделивост, а кај некој кој го набљудува да предизвика и соблазнување...двете дејства носат некој грев како што знам...дали заради тоа се неприфатливи од црквата? Чисто ме интересира информативно.

Напишаново, начелно е точно. Опседнатоста од телото е проблем и затоа што телото е смртно, еден ден, порано или подоцна, од телото нема да остане речиси ништо (освен скелетот), а должност и желба од верните не е да го негуваат телото без мерка, затоа што е смртно, туку да ја чуваат душата, која може да не одведе во бесмртност и во Царството Небесно.

Неумереното внимание кон телото и вооопшто, кон се што е материјално, го опседнува умот човеков а така опседнатиот ум, напросто „нема време„ да се помоли, да богомудрува и да доброделува. Така, материјалното станува доминантно во умот човеков, а материјалните вредности стануваат животен императив, смисла и цел на живеењето.
 
Тогаш, кога телесниот изглед ќе ти стане 24 часовна опсесија

12 сати е прифатливо???или она марксистичко “8 сати одмор, 8 сати билдање, 8 сати проповеди...“
 
„Прифатливо„ е се што е умерено, со мерка, со разум, без претерување. Верата не е учење, кое е засновано на точно утврдени рецепти за живеење и однесување, кои „гарантираат„ влез во Рајот. Некој може да испие чаша вино и да осети пијанство, а некој може да попие литро и да нема гајле: кој колку може да носи.

Тројната поделба на денот на 8+8+8 саати е само уште една неупотреблива и неприменлива работа.
 
Па немора да значи дека ако билда или вежба е опседнат со изгледот. Само сака да изгледа добро, нема правило каде што пишува дека верниците не смеат да се грижат за својот изглед. Има многу што се робови на своето тело , а воопшто не билдаат. И зошто да не треба по купачи на плажа?
 
И зошто да не треба по купачи на плажа?
За да не се узбуди дедо боже. Висок притисак има.
Мики кога оди на одмор, исклучиво у ѕиври на плажа се појавува. :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom