"Случајов„ е ептен претпоставен и крајно неверојатен за остварување.
Под „хипноза„ се подразбира насилно наметнување на туѓата волја (волјата од хипнотизерот) врз други луѓе, при што нивната волја станува потчинета на волјата од хипнотизерот, Таквото дејство има чисто демонска природа. Ако некој се најде под хипнотичко дејство, тоа значи дека хипнотизираниот доброволно се поставил под хипноза. А зашто хипнотизираниот би се фрлил од мост во Вардар, и тоа е знак-прашање, ама ајде, да речеме дека такво нешто се случило. Дали хипнотизираниот, кој се фрлил во Вардар од не знам каква причина, ќе „отиде„ во Рајот или пеколот, тоа само Христос одредува и одлучува. На поединечниот суд, секому му се суди според сите (не)дела кои ги сторил во својот живот, а не само за едно (не)дело, во случајов, тоа би било „фрлањето„ (самоубиството) во река. Ако хипнозата бил насилно изведена, што е тешко веројатно, тогаш за тоа, самоубиецот не мора да сноси одговорност, но затоа му остануваат сите други (не)дела од неговиот живот, пред самоубиството, за кои ќе мора да поднесе сметка пред Христа.