Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ke saka li nekoj mene da mi odgovori ? Po tret pat go postavuvam prasanjeto,mozno li e da e nevidlivo ?
Jas imam edno prosto prasanje.
Me interesira kako se gledase na "trojstvoto" koga Isus bese fetus vo majcinata utroba ? S.Dvojstvo i bog fetus ?
Ili,primer,koga bese mrtov na tri dena ? S.Dvojstvo i mrtov bog ? (neuzubillah).
Ili koga bese bebe ? S. Dvojstvo i bog bebe ?

Еве како може „тоа„ да се објасни:

- Светиот Дух Ја осени Мајката Божја и Она надприродно го зачна човекот Исус;
- човекот Исус, од своето зачнување, беше во заедница со Синот Божји и под благодатната енергија од Светиот Дух.
- така, зачнатиот Исус ја запази својата човечка природа, но заедничарејќи со Синот Божји, Исус ја има и Неговата втора-Божествена природа:
- дека Исус не Е само обичен човек, туку и „нешто повеќе„ , стана видливо уште од најраните Исусови години, кога Он во храмот ерусалимски им „...одржа предавање...„ на јудејските свештеници;
- во „...меѓувреме...„. Бог ја запази својата Троичност: Отец и Син и Свет Дух, со тоа што Синот Божји цело време беше (Е) со човекот Исус;
- човекот Исус не стана четвртиот лик од Света Троица, туку Исус, заедничарејќи со Синот Божји, т.е. Исус, прифаќајќи ја волјата од Синот Божји, воедно стана Богочовек, но не како четврт, туку како втор лик од Света Троица;
- својата двојна природа и својата двојна волја, Исус повеќепати ја покажа во евангелските настани, се до ден-денешен;
- полнотата во својата двојна природа, двоја волја и сета моќ, Исус Богочовекот ја покажа после своето воскресение, кога Му беше дадена сета власт од Отецот.

Се надевам дека сега ќе Ти биде малку појасно...

Или, како што велат Светиите: „...Бог (Синот) стана човек за да може човекот (Исус) да стане Бог(очовек)....„

А преку Бочовекот, сите сме повикани да станеме богови по благодат, не по природа.
 
TEOLOGIJATA NE E NAUKA NO TEOLOZITE OBOZAVAAT DA KAZAT KAKO TOA SE COVECKI ZNAENJA, PA I NAUCNICITE SE LUGE I NAUCNITE ZNAENJA SE COVECKI ZNAENJA, SAMO DA IZVEDEME KONSEKVENCA, I TAKANRARECENITE bOZJI ZNAENJE SE USTVARI COVECKI ZNAENJA I TOA APLA COVECKI ...
 
Miki... mnogu ti blagodaram za obidot i za trudot da mi odgovoris. Iako jas mislam deka ne mi odgovori konkretno za ona sto prasav... mi go napisa samo objasnuvanjeto okolu s.trojstvo. Vo sekoj slucaj ti blagodaram... ke te preprasam konkretno i pojasno sto sakav potocno da znam,no sega nemam vreme,pokasno.
Sekoe dobro i uste ednas vi blagodaram.
 
Бога никој никогаш не Го видел, Единородениот Син,Кој е во Крилото на Отецот - Он Го Објави.
Иникој не Го познава Синот, освен Отецот, ниту Отецот Го познава некој освен Синот. Но и Св. Дух го знае она што е Божјо, како што и духот човечки го знае она што е во човекот.

--- надополнето ---

За седењето од десната страна на Отецот.
Велиме дека Христос телесно седнал од десната страна на Бога и Отецот, но не велиме дека тоа е просторно десно од Отецот.Зашто, како Оној Кој е неограничен може да има просторна десна страна? Зашто, десно и лево му припаѓаат на она што е ограничено. Десна страна на Отецот ја нарекуваме славата и честа на Божеството во која Христос - бидејќи пред сите времиња е Син Божји, како Оној Кој е едносуштен на Бога и Отецот - овоплотувајќи се во последните времиња, и телесно седи, со што и Неговото тело е прославено, Зашто, севкупното создание со едно поклонување Му се поклонува и Нему и на Неговото тело.
 
Epa posto bog e nespoznatliv i poso sekoj narod/vreme si go poima po svoja volja apla sledi deka bog e izmislica na covekot...kraj!
 
Бога никој никогаш не Го видел, Единородениот Син,Кој е во Крилото на Отецот - Он Го Објави.
Иникој не Го познава Синот, освен Отецот, ниту Отецот Го познава некој освен Синот. Но и Св. Дух го знае она што е Божјо, како што и духот човечки го знае она што е во човекот.

--- надополнето ---

За седењето од десната страна на Отецот.
Велиме дека Христос телесно седнал од десната страна на Бога и Отецот, но не велиме дека тоа е просторно десно од Отецот.Зашто, како Оној Кој е неограничен може да има просторна десна страна? Зашто, десно и лево му припаѓаат на она што е ограничено. Десна страна на Отецот ја нарекуваме славата и честа на Божеството во која Христос - бидејќи пред сите времиња е Син Божји, како Оној Кој е едносуштен на Бога и Отецот - овоплотувајќи се во последните времиња, и телесно седи, со што и Неговото тело е прославено, Зашто, севкупното создание со едно поклонување Му се поклонува и Нему и на Неговото тело.

И да е така како што викаш не ти вреди ова ама баш ништо.
Вистината представена како догма(верување) е бетер и од невистината.

Затоа Исус рекол :
И последниот ќе биде прв и првиот последен.
Или пак :
Благословени се оние кои се чувствуваат духовно сиромашни, зашто на таквите им припаѓа небесното царство.
 
Каде пишува духовно сиромашни? Сиромашни да! Бедни да....ама духовно јас никаде не сум прочитал. Или тоа е твое толкување?
 
http://www.google.com/search?hl=en&...spirit&aq=1&aqi=g10&aql=&oq=blessed+are+the+p

--- надополнето ---

Каде пишува духовно сиромашни? Сиромашни да! Бедни да....ама духовно јас никаде не сум прочитал. Или тоа е твое толкување?

И што ?
Не смее Исус да каже вакви реченици :)
Од сите Буди на светов он е најважниот.
 
И што ?
Не смее Исус да каже вакви реченици :)
Од сите Буди на светов он е најважниот.
Благословени биле сиромашните во духот?! Не е дека смее или не смее....туку што има тука благословено не ми е јасно? Освен ако си некој што му одговара беден, потчинет народ кој може да се води како овца!:toe:
Не сум обрнал внимание на тој дел, бев убеден дека стои само сиромашни, а не духовно сиромашни...но ова е уште бетер!
 
Каде пишува духовно сиромашни? Сиромашни да! Бедни да....ама духовно јас никаде не сум прочитал. Или тоа е твое толкување?

Не е негово толкување, Библиско е. Убаво човекот си напиша.

Еве како гласи стихот:

„Блажени се бедните по дух, зошто нивно е царството небеско!“ (Матеј 5:3)

Бедни по дух = Сиромашни по дух
 
Нели Господ ги прави двата најголеми гревови (горделивост и завист) со поставувањето на првите две заповеди?

Мада ова поише личи на тема, ама ај.
 
Благословени биле сиромашните во духот?! Не е дека смее или не смее....туку што има тука благословено не ми е јасно? Освен ако си некој што му одговара беден, потчинет народ кој може да се води како овца!:toe:
Не сум обрнал внимание на тој дел, бев убеден дека стои само сиромашни, а не духовно сиромашни...но ова е уште бетер!

Две работи имам да кажам а тоа се http://prosperityplace.com/vedanta.html Веданта.
И втората е дека само тој што не се брза за во рајот ќе влезе во рајот.
Малку контрадикторно зарем не ?
Затоа првиот е последен а последниот прв.
Тоа што ќе биде воден како овца е секако цената која ќе ја плати, ама тоа е кога имаме контрола од елита
која се води по хегелистичи (дарвинови) филозофии.
Тоа што елитата го нема е срце. Срцето ја надминува дуалноста.
Затоа говорите на Исус се упатени на таа адреса.
Може еден ден ќе ме сватиш, а не си далеку од вистината.
 
Не е негово толкување, Библиско е. Убаво човекот си напиша.

Еве како гласи стихот:

„Блажени се бедните по дух, зошто нивно е царството небеско!“ (Матеј 5:3)

Бедни по дух = Сиромашни по дух
Е да де, само негледам што има "блажено" во тоа да бидеш беден по дух! :toe: И зошто некој воопшто би сакал да биде дел од тоа "царство"?

--- надополнето ---

Две работи имам да кажам а тоа се http://prosperityplace.com/vedanta.html Веданта.
И втората е дека само тој што не се брза за во рајот ќе влезе во рајот.
Малку контрадикторно зарем не ?
Затоа првиот е последен а последниот прв.
Тоа што ќе биде воден како овца е секако цената која ќе ја плати, ама тоа е кога имаме контрола од елита
која се води по хегелистичи (дарвинови) филозофии.
Тоа што елитата го нема е срце. Срцето ја надминува дуалноста.
Затоа говорите на Исус се упатени на таа адреса.
Може еден ден ќе ме сватиш, а не си далеку од вистината.
Како и обично пак измеша баби и жаби! Во еден "кош" ги стави ведите, христијанството, филозофијата и дарвин...на начин на кој само ти можеш!
Темава е прашања за христијанството, а ведите не се дел од него, што значи било што кажано за ведите а во контекст на христијанството е извадено од контекст! Јас те сваќам тебе што сакаш да кажеш, но ти мешаш поими и ги мешаш со своите лични сваќања и толкувања.
 
Умираат и верници и неверници-законот на смррта е безмилосен за сите. Марихуаната е штетна, оти го поставува човековиот мозок во неприродна состојба, популарно наречена „хај„; каде мозок ги перцеприра околните нешта ( и самиот себе) во погршена претстава за истите, еден вид бегање од стварноста.

--- надополнето ---

Марихуаната е штетна од кога и постои. Тоа што световната власт прави ваква или таква категоризација на опојните средства, тоа за црковното учење е небитно.

--- надополнето ---

Затоа што самиот поим „грев„ значи „промашување„ и затоа што самозадоволувањето не е задоволување на сопружникот, што занчи дека целта (сопружникот) е промашена.

Те цитирам за мастурбацијата. Прашање до тебе - мастурбираш? И од кога Исус забранува само задоволување??????? Те молам не трескај глупости!

--- надополнето ---

Прашања:

Бог е семоќен и тој е креатоот на се што постои така? - прво мора да се согласиш со ова за да се согласиме со христијанското учење!
Тогаш... зошто бог остава невини лица да страдаат!? Зар ние сме играчка или тест овде на земјата? Ако е сето тоа точно мене ми сето ова ми изгледа WAAAYYY to пагански и не би сакал да имам никаква работа со таков бог!

Кога веќе не направил така алчни и корумпирани нам луѓето зошто оставил да го учиме светото писмо од книга напишана од луѓе? Која со100% сигурност е искривено вистинското учење. Зар ние сме криви што не сме се родиле кога исус бил жив? Зошто сета ова не е вжарено во нашиот ум. Само немој да ми дадете одговор "право на ибор - треба да веруваш" - бидејки како прво тоа се пркоси со "пишаното" или волјата на бога - ако ми било пишано нешто тогаш џабе што јас ќе изберам - тоа била волјата на бога или пишаното. Како второ како што погоре спомнав со сигурност учењето е искривено.

Многу сакам да сум верник но ова и некои друиги етички прашања попречуваат во мојата т.н. вера!

Да бидеш христијанин, мислам прав христијанин е навистина тешко, џабе што повеќето луѓе слепо само каживаат дека веруваат. Да веруваш не значи да веруваш дека постои бог туку да го следиш учењето!

Проблемот е во тоа - како јас да се решам да бидам христијанин (мислам прав христијанин) кога не постои вистинското учење! (кога луѓе тврдат дека мастурбацијата е грев!)
Како јас да верувам дека воопшто постои бог кога тоа е напишано од луѓе во книга од пред 2000 години? Или ќе кажеме треба да имаш вера. ХМММ - значи јас треба да си го коцкам животниот стил со нешто што не е докажано ниту научно ниту логички...
 
Одлично.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom