Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кршењето леб со вметната паричка е повеќе народна традиција, но не и црковна. Отец Ивица (по мое сеќавање...) вели дека обичајно, и на двата празници се врши тоа кршење на лебот. Бидејќи се работи за народна традиција, таа има разлики во практикувањето од место до место, така да не е проблем ако лебот се крши само на еден од празниците или и на двата празници.

Црквата не забранува народни обичаи кои се дел од народната традиција и кои не контрираат на катихизисот.

Можеби православните цркви не забрануваат, ама Христовата Црква и те како забранува.
Кршењето лепче со паричка е пагански обичај. Самиот обичај вели дека на оној кому ќе му се падне паричката, ќе го следи среќата цела година. Ова е очигледно суеверие. Демек затоа што му се паднала паричката, ќе го следи среќа.
Наспроти ова паганско суеверие, Бог во Светото Писмо не поучува дека среќата не се придобива со некаква лотарија, паричка, вртење лепче и сл. Бог во Светото Писмо поучува дека: Среќен е човекот кој се надева на Господа (Псалм 34:8)
Среќен е човекот чија сила е во Господ (Псалм 84:5)
Среќен е човекот кој ги исполнува Божјите заповеди (Лука 11:28)
Среќен е човекот кој не оди по патот на грешниците, туку ја следи Божјата воља (Псалм 1:1)
Итн.
Според учењето на Христовата Црква не постои нешто такво како „среќа“, „следење на среќата“ или „насмевнување на среќата“. Христовата Црква учи дека „Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината“ (Јаков 1:17), а не од паричката која ти се паднала во бадниковата погача. Христовата Црква учи дека Господ е Тој што ти се насмевнува кога одиш по Неговите патишта, а не "среќата". Оттаму Христовата Црква не може да направи компромис со вакви еретички обичаи во чија позадина лежи учење спротивно на учењето на Божјото Слово.
Кај православните цркви тоа не е проблем затоа што тие примарно не се водат по Божјиот збор, туку повеќе милуваат да се држат до традициите, преданието, обичаите и сл. Но Христовата Црква е построга на ова поле и не дозволува Божјиот благослов да биде поистоветен со некаква паричка и суеверија.
 
Немој бе...

Кажи ми, како Ти/Ви успева до га премостите временскиот јаз од 4-от до 16-от, т.е. доцниот 17-ти век, кога се јавува Твојата/Вашата зедница? Се сетивте? Ви текна? Која е таа „црква христова„ која лебди некаде во тој временски период? Направивте временска машина па времето на формирањето на баптистичката заедница го изедначивте со Педесетница? Како го стекнавте Апостолското преемство? Зашто го користите принципот „сола скриптура„ кога ионака не е Ваш, туку Ви е „позајмен„? Кој друг Ве нарекува „христијани„ освен самите себе?

И така натаму...

Симболот на верата е јасен: верувам во „...во Една, Света, Соборна и Апостолска Црква...„. Нема други Цркви, освен Христовата, основана од Христа и Духот Свет на Педесетница, и која има свој континуитет минативе 2 000 г. Тоа што самите се именувате за „христијани„, и самите се нарекувате „црква„, тоа што на куќата во Дебар Маало сте ставиле крст и сте напишале „христијански центар„ не Ве прави „изворни„,„библиски„ и не знам уште какви се не христијани...

Исто како и припадниците на една прилично агресивна религија, се фативте за Писмото како...хмм....и ја претворивте таа Света Книга во прирачник за влез во Рајот и ај што згрешивте, туку се обидувате тој принцип да им го наметнете и на православните рисјани, за кои веќе 2 000 г. важи единството од Светото Писмо и Светото Предание, кои не „одат„ едно без друго.
 
Можеби православните цркви не забрануваат, ама Христовата Црква и те како забранува.
Кршењето лепче со паричка е пагански обичај. Самиот обичај вели дека на оној кому ќе му се падне паричката, ќе го следи среќата цела година. Ова е очигледно суеверие. Демек затоа што му се паднала паричката, ќе го следи среќа.
Наспроти ова паганско суеверие, Бог во Светото Писмо не поучува дека среќата не се придобива со некаква лотарија, паричка, вртење лепче и сл. Бог во Светото Писмо поучува дека: Среќен е човекот кој се надева на Господа (Псалм 34:8)
Среќен е човекот чија сила е во Господ (Псалм 84:5)
Среќен е човекот кој ги исполнува Божјите заповеди (Лука 11:28)
Среќен е човекот кој не оди по патот на грешниците, туку ја следи Божјата воља (Псалм 1:1)
Итн.
Според учењето на Христовата Црква не постои нешто такво како „среќа“, „следење на среќата“ или „насмевнување на среќата“. Христовата Црква учи дека „Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината“ (Јаков 1:17), а не од паричката која ти се паднала во бадниковата погача. Христовата Црква учи дека Господ е Тој што ти се насмевнува кога одиш по Неговите патишта, а не "среќата". Оттаму Христовата Црква не може да направи компромис со вакви еретички обичаи во чија позадина лежи учење спротивно на учењето на Божјото Слово.
Кај православните цркви тоа не е проблем затоа што тие примарно не се водат по Божјиот збор, туку повеќе милуваат да се држат до традициите, преданието, обичаите и сл. Но Христовата Црква е построга на ова поле и не дозволува Божјиот благослов да биде поистоветен со некаква паричка и суеверија.

Кршењето лепче не е паггански, него традиција на овие простори. Традиција Македонска, Бугарска, Српска, слично има и во Полска итн. А ова со среќата јас неверувам дека луѓето тоа така буквално го сваќаат. Мене ми се падна паричката и неверувам дека оваа година ќе ми биде нешто посебно среќна заради тоа. Сега не треба да отфрлиме се што е Македонска традиција, или се што правеле нашите предци само затоа што такво нешто нема во Библијата. Нема да ја отфрламе Македонската култура. Треба да се ограничиме само на работите кои што ги има во Библијата? Да не славиме 8 Септември. Ништо такво? Да не гледаме телевизија? Оти и ТВ не е спомната во Библијата.

И веќе досаден си со овие твои постови каде што плукаш по се што е православно, и се што не е протестантско. А тоа што ти се идентификуваш како "изворен Христијанин" ти нема врска - оти православните, а и католиците се оние изворните. Вие се отцепивте векови, векови после Христа. Ние сме директни наследници на првата Црква, а ти си далечен, далечен потомок на неа - меѓу првата Црква и тебе имаш еден куп деноминации кои што ве оддалечиле од неа.
 
на оние на кои им се избришаа мислења и кои земаа црвен картон, причините за тоа нека си ги најдат во првиот воведен пост на почеток на темава ..
на оваа тема Прашања за Христијанство и на темата Прашања за Ислам правилата се јасни ..
концептот е Прашање-Одговор ... одговорите ги даваат Христијани-Муслимани во зависност од темата ... и нема после тоа ама јас вака мислам или вака треба или овој е подобар од тебе бла бла ...
секој муабет и филозофија од себе ќе ја бришам .. секои негодувања на други соодветни теми .. овие 2 теми треба да се кристално јасни и едноставни ... едноставно тој е ставот на Христијаните-Муслиманите и кој не се согласува нека си тера дебата во однос на добиениот одговор тука на друга соодветна тема ..
 
Од кога постои бракот склучен во црква и како пред нашата ера се стапувало во брак?
Дали Адам и Ева биле во брак и дали некој од нивните потомци бил во брак?

Благодарам.
 
1. Бракот склучен од/во Црква, постои од новозаветниве времиња, од формирањето на Црквата Христова на Педесетница.
2. Христос, Синот Божји, го благослови бракот про Неговата посета со Мајка Си на свадбата во градот Кана во Галилеја. (Јован, 2.11)
2. Бракот е една од 7-те Свети Тајни во Црквата.
3. Пред нашата ера, имало бракови, а се склопувани зависно од традицијата кај поедини народи, што значи, различно за секој од нив.
4. Да, Адам и Ева биле во брак, но не онака како сме денес навикнати да гледаме на бракот. Адам ја нерече Ева со поимот „жена„., или црковно, Ева е „човечица„. (Битие, 2.2.3)
5. Да, првите Адамови и Евини потомци биле во брак, Каин, на пример (Битие, 4.17).
 
Јован 13
21 Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.”
22 Тогаш учениците се погледнаа еден со друг со двоумење за кого зборува.
23 А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше прилегнал на Исусовите гради;
24 тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: „Кажи, за кого зборува!”
25 Така, тој се потпре на Исусовите гради и му рече: „Господи, кој е?”

Како тоа “прилегнал на Исусовите гради“?
 
Не „прилегнал„ во буквална смисла на зборот “лежење„, туку Јуда, исполнет со демонска сила, однесувајќи се лукаво, демек „...не знам кој е тој кој ќе Те предаде...„, се приближил поблиску до Христа Бога, сакајќи прв да слушне од Христа, кој е тој Апостол кој ќе Го предаде Синот Божји по таа вечерна средба, т.е. по Тајната вечера, одржана во куќата од Апостолот Марко.

Погледни на некоја од иконите со приказот од Тајната вечера и ќе видиш дека Јуда е првиот кој зема леб и мака во виното. Јуда е лесно препознатлив, оти на иконите нема ореол за светост ти е најчесто прикажан во наведната/прилегната положба, кон масата.
 
Кој е ставот по ова прашање, евангелието по Јуда ?
 
Ученикот кој прилегнал на Исусовите гради не е Јуда, туку апостолот Јован. Штета што Библијата фаќа прашина во православните цркви, инаку немаше да пишувате вакви лапсузи по форумите. :) Тоа е јасно напишано на крајот од евангелието по Јован, во дискусијата меѓу воскреснатиот Исус и апостолот Петар:

„А Петар кога се заврти, и виде дека по нив иде ученикот, кого Исус го љубеше, кој на вечерата се потпре врз Исусовите гради и рече: „Господи, кој ќе Те предаде?” “ (Ев. Јован 21:20, Библијата)

Овој ученик не може да биде Јуда, затоа што Јуда се самоуби веднаш по Христовото предавство. Веднаш подоле читаме дека тој ученик е истиот ученик кој го напишал евангелието т.е. апостолот Јован.

„Овој е ученикот, кој сведочи за ова и кој го напиша ова; и знаеме дека неговото сведоштво е вистинско. “ (Ев. Јован 21:24, Библијата)

Погледни на некоја од иконите со приказот од Тајната вечера и ќе видиш дека Јуда е првиот кој зема леб и мака во виното. Јуда е лесно препознатлив, оти на иконите нема ореол за светост ти е најчесто прикажан во наведната/прилегната положба, кон масата.

Ова е уште еден од многуте докази дека иконите се само една обична уметничка (и комерцијална) измислица на православните верници и дека во многу случаи пренесуваат грешна претстава за библиските настани. Сеуште не е доцна да се помириш и да ја прифатиш оваа вистина околу иконите.

--- надополнето ---

Кој е ставот по ова прашање, евангелието по Јуда ?

Тоа е гностички текст. Напишан е од гностиците некаде околу почетокот на 3от век. Прилепен му е називот „Евангелие по Јуда“ како обид да добие кредибилитет кај верниците, но тој фалсификат е разобличен уште во времето на неговото промовирање. Гностичката содржина во него ја издава и намерата на писателот: да си го прилагоди Исус согласно своите гностички убедувања: Материјалното тело е зло и затоа Исус му ја дава таа привилегирана задача на просветлениот Јуда да го ослободи Исус од неговото грешно тело. Значи во овој текст Јуда не е предавник, туку херој :)
 
Може да објасниш како тоа е разобличен? Дали само вашето толкување е мерило според кое одлучувате што е фалсификат а што не? Според кој аргументи пресудивте дека гностичките толкувања се погрешни а вашите се точни?
 
icon1.png

zosto hristijanitee gi smetat za gnosticki na primer kako sto ja narekuvatae sektata ebioniti koja s e pjavila vo prviot vek vo vremeto na ap. pavle koja zestoko mu se sprotivstavula i go proglasila za otpadnik od verata , potoa sekatata marcioni isto stara sekta spored vas koja gi otvrlila site knigi na stariot zavet velejki tie ne se bozestveni isto taka gi otvrlila site knigi od noviot zavet osven evanegelioeto na luka i desete pavlovi poslnanija,,зошто се нарекуваат гностични, кој имал овластување и од кого и под кои правила (или норми) да ги утврди како такви и што подразбираат тие под гностика?
--- надополнето ---

zasto hristijankite posebno kalugerkitee nosat samijaa t.e se obleceni od glava do peti ? Kako stoe ovaa,
moniale.jpg
3983145247_e32c626fee.jpg

Carthusian_nun_at_prayer.jpg
 
Како тоа “прилегнал на Исусовите гради“?

Liberation, не го прочитав целосно твојов пост па затоа напишав погрешен/избрзан одговор, посочен од Чорбаџијата. Се извинувам за грешката.

--- надополнето ---

icon1.png

zasto hristijankite posebno kalugerkitee nosat samijaa t.e se obleceni od glava do peti ? Kako stoe ovaa,
moniale.jpg
3983145247_e32c626fee.jpg

Carthusian_nun_at_prayer.jpg

Монахињите носат облека преку целото тело и глава/коса, за:
- да не се соблазнат сами себе
- да не ги соблазнат другите.

Традиционално гледано, доскоро, до пред неколку децении, сите православани жени носеа облеки преку целото тело, заедно со неизбежната шамија, кои беа знак за скромност, чистота и фамилијарност.
 
znaci priatele treba sekoja hristijanska zena da nosi obleka preku celoto telo i da nosi samija a ne samo monahinite... dobroo e koga se razbiraame .

e segaa stoee so oniee koi ne go pocituvaatt toaa?
se razbiraa istoto e i kaj muslimanskata zena.

i uste nesto zosto nekoi tvoi sovercii skoro na sekoj forum , ja napagaat sekoja muslimanska zena sto nosi samija , sto im preci toaa?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom