Бисмиллах.
Многу забегавте со темата,и едните и другите па ќе кажам неколку збора општо за ова што дискутиравте до сега,ако може воопшто тоа да се нарече дискусија.
Оваа тема е многу чувствителна,дури и кај некои муслимани,па кога ќе се спомене тоа прашање некако како да немаат што да кажат или се срамат да кажат,или тихо прозборуваат: "Не е тоа баш така",а тоа се претежно луѓе кои џамијата ја посетуваат два пати во годината(рамазански и курбански бајрам).
Прво:
Секој муслиман,кој малку повеќе читал за својата вера знае дека Пратеникот Мухаммед ја оженил Ајша по објава,бидејќи во најверодостојните збирки на Бухари и Муслим забележан е хадис во кој Мухаммед а.с. и вели на Ајша: Те сонував о Ајша,те сонував 3 вечери по ред,мелек те носи во платно,го открив платното и го видов твоето лице.
Исламската улема(учењаци) се согласни, дека соништата на пратениците од Аллах се дел од објавата.
Првото на секој верник муслиман му е доволно,а останатите точки се за немуслиманите.
Второ:
Веќе кажував дека,во Исламот жена станува полно зрела кога ќе ја доживее својата прва менструација,и тука годините не играат улога.
Тоа што денеска е законски ограничено кога станува полно зрела е друга работа,и тоа е различно.
Негде на 16 год. е полно зрела,додека во друга држава за 16 год девојка можеш во затвор да заглавиш.

И пак треба да разграничите,наредба со дозволеност,тоа што девојката во исламот станува полово зрела не значи дека одма утредента
мора да се мажи,туку дека
може да се мажи.
Што вие или не го разбирате или не сакате да го разберете за да си продолжите со провокациите и навредите.
Трето:
Пратеникот Мухаммед а.с. за својот живот поминал низ најтешките искушенија,бил напаѓан,навредуван и обвинуван дека бил волшебник,луд поет,итн итн.. но,ама баш никогаш не го обвиниле за тој брак,ниту тоа било спорно тогаш.
Ниту во првите генерации некој го спомнувал тоа или го земал како предмет за расправа.
Генетиката во различни делови од светот е различна.
Негде созреваат порано,негде подоцна,зависи од многу фактори.
И тоа што тогаш не било спорно,не знам зошто би било спорно денес.
Во исламската историја е познато дека браковите рано се склопувале,и тоа и денес кај муслиманите е познато.
Кај останатите,на 20 години ако се омажи девојка,одма е назадна,старомодна,ништо не проживеала од животот.
Додека кај муслиманите,на 20 години веќе има 1-2 деца.
И тоа е разлика во религиски убедувања,менталитети и слично,и не знам зошто би било спорно тоа.
Мажи се/жени се ти на колку години сакаш,јас ќе се мажам/женам јас кога сакам или кога мислам дека ми е време.
Четврто:
И најбитно,за сите немуслимани и муслимани.
Од веродостојни хадиски текстови е јасно,и прецизно,Аиша р.а. имала 9 години кога е склопен бракот.
За тоа исламската улема никогаш не се расправала ниту имала разединувања,само некои надриучењаци денес копаат да најдат нешто што никогаш нема да го најдат.
За ова прашање,Мухаммед а.с. никогаш не бил обвинуван до денес,и не знам зошто денес тоа би се расправало.
Исто како да ги обвинуваш зошто ловеле со копје а не со ловечка пушка.

Во Исламот нема ништо спорно,нема ништо нејасно,нема ништо што би требало да се додава или одзема.
Кому не му одговара,нека си бара друго чаре,има интернет секти и измислени религии колку сакате,бујрум изберете си.
Аллах во Куранот вели: Нема присилување во верата,правиот пат јасно се разликува од заблудата.
Секој има разум и можност да земе да прочита и да се информира,а Аллах ќе не извести за тоа што сме одбрале и што сме правеле на Денот кога нема да важи никакво покајување и оправдување.
Се надевам дека бев јасен.
Секое добро.
Поздрав.