Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Можеш лесно да забележиш дека сите религии,освен исламот името го добиле по некоја личност или народ.

Будисти по буда,јудеизам по народот еврејски,христијанство по христос,таоисти по некој тамо тао-мао-бао не знам ни кој е.

Што не е случај со исламот,затоа ние не сме мухамеданци,Аллах во куранот јасно кажал дека верата се вика Ислам,а нејзините следбеници Муслимани,и тоа не е случај со ниедна друга религија.

:pos: :pos: :pos:
Свашта има на светов, да, само не знам дали од не знаење лажеш или со намера.
За името на Христијанството
Пратеникот и божји син (според новиот завет во Библијата де) се вика Исус. Никој религијата на Исус не ја вика Исусјанство :tapp: како што ти спомна аналогно Мухамеданство. Да не испадне дека сум христијански апологет, Христијаниве ќе ти објаснат повеќе што значи Christos, тоа не е презиме на Исус (Иса како што вие го нарекувате). Значи миропомазан. За повеќе за светата тајна миропомазание постручно MIKI1 ќе ти објасни.

Ова што ме изнасмеа најмногу :pos: :pos: Кој е бре тоа некој тамо тао-мао-бао :pos: Таоизмот не е наречен по човек. Тао значи "way", "path" или "principle" (намерно на англиски да не изгубат значење). Што би рекле Таоистите, "The Tao that can be told is not the eternal Tao.

Будизмот ти е уште поголема смешка. Буда исто не е човек. Буда значи "awakened one" или "the enlightened one". Оној Буда на кој ти мислиш, кој е основач на будизмот е Сидарта Гаутама (Siddhārtha Gautama), па учењето не му се вика ни Сидартанизам ни Гаутамизам. Тој е последниот, 28ми Буда во оваа ера.

Хиндуизмот како име е од арапски или од англискиот кој не е преведен и земен според местото на кое живеат. Тие самите не се нарекуваат Хиндуисти, зависно од Варијациите кои ги имаат има различни имиња.

Шинто значи "Way of the Gods"...

И тн. да не ги редам сите религии. Единстевена која е по својот учител е Конфучијанизмот која во права смисла и не е религија.
Значи ти паѓа во вода тоа објаснување. Затоа друг пат не пишувај за религии кои не ти се познати.
Но што значи зборот ислам. Потчинување на волјата на Бог и послушност кон Неговиот закон. Е па сега ти кажи ми според ова која е вистинската религија, по мене не ќе да е исламот.
 
heheh odi nekade sokrijse , ne mesajse vo sekoja mandza piper, toj bil zapoznaen so site religii :tapp::pos:
Се најде кој да кажува за религии. :pos: :pos: :pos: Во секое време за тебе организирам дебата кога сакаш и каде сакаш на теми религии кои нема да бидат Христијанство и Ислам. Бујрум ако ти стиска, ако не седи под јорган, покриј се. :tapp:
 
Не демек, јас сум запознаен, а ти Париста ни својата не си ја знаеш доволно.
еј, си ме изнасмеал ....... ти па ........ треба да си разумен за да можеш да бидеш објективен, .... али од робови не барај разум. еден куп прашања поставив деновиве, али види ти итреци, ;) ги игнорираат. да се запраша човек зошто. или не знаат да одговорат и објаснат (болдираното е побитно) или им е страФ
ај отидов јас на кафе, па вечер ќе читам смешки
П.С. уште еднаш ве предизвикувам да ми одговорите и објасните на поставените прашања.
 
Се најде кој да кажува за религии. :pos: :pos: :pos: Во секое време за тебе организирам дебата кога сакаш и каде сакаш на теми религии кои нема да бидат Христијанство и Ислам. Бујрум ако ти стиска, ако не седи под јорган, покриј се. :tapp:

nitu od hristijanstvo nitu od islam nemas vrska , , da bides siguren ,
 
nitu od hristijanstvo nitu od islam nemas vrska , , da bides siguren ,
:pos::pos::pos::pos::pos:
Се гледа кој не знае, има луѓе што читаат на форумот и гледаат. :tapp: И прочитај ми го уште еднаш постот реков за тие 2 НЕ. Не дека помалку знам туку дека ти не знаеш за друга освен Ислам ама баш ништо.
 
Ај мене што не ме мрзело - ама и ти си се скарал со мрзата нешто :D
Џабе везеш, Исламот се шири кон исток - ние тука добро правиме за исламот и мухаџедините и за тоа жените дека мора да бидат теписи или тепани! Малку букви сме на и ете ти...

Коранот колкумина го сметаат за копија на еврејскиот закон или пак мутиран закон од христијанство?
 
Нема тебе што да ти одговарам, терај си ти со слободната воља и ич да не ти чуе.
Се надевам дека до сега си го имаш сменето името,бидејќи ти не си го бирал,и местото на живеење бидејќи и тоа не си го бирал,и родителите бидејќи и нив не си ги бирал и уште многу други работи и ликот, и бојата на косата и за неа не си одлучил итн итн :D
Поздрав :)
Ако си подготвен да судиш некому врз основа на твои убедувања и верувања, тогаш итекако ќе одговараш!
Ајде да ги видиме споредбиве кои ги направи.
- Дали името е исто со верување? Дали ти би бил поинаква индивидуа ако се викаш Селим а не Абдул?

- Дали ако решиш дека местото на живеење не ти одговара и го смениш, ќе биде оправдано да те убијат поради тоа?

-Дали фактот што некој е родител, му дава за право некому да се постави во улога на господар врз своето дете и да смета дека може да прави со него што ќе му текне?
--- надополнето: 16 јули 2013 во 22:23 ---
"О вие со разум обдарени" значи дека се обраќа на луѓето бидејќи од сите створенија,единствено човекот е обдарен со разум.
Тогаш како ги објаснуваш шимпанзата? Овие животни можат да решаваат комплексни проблеми, да меморираат комбинации, да учат да зборуваат со гестикулации како глувонемите, да користат алатки, да разбираат што им зборува некој.....и ред други активности кои се производ на разум?
 
Ако си подготвен да судиш некому врз основа на твои убедувања и верувања, тогаш итекако ќе одговараш!
Ајде да ги видиме споредбиве кои ги направи.
- Дали името е исто со верување? Дали ти би бил поинаква индивидуа ако се викаш Селим а не Абдул?

- Дали ако решиш дека местото на живеење не ти одговара и го смениш, ќе биде оправдано да те убијат поради тоа?

-Дали фактот што некој е родител, му дава за право некому да се постави во улога на господар врз своето дете и да смета дека може да прави со него што ќе му текне?
--- надополнето: 16 јули 2013 во 22:23 ---

Тогаш како ги објаснуваш шимпанзата? Овие животни можат да решаваат комплексни проблеми, да меморираат комбинации, да учат да зборуваат со гестикулации како глувонемите, да користат алатки, да разбираат што им зборува некој.....и ред други активности кои се производ на разум?

Зошто тогаш кога ќе видиш како тигар како распарчува срна не велиш лош е?
Животните се водени според нивниот инстинкт додека човекот е обдарен да го контролира својот инстинкт. Појавите во околината кај човекот предизвикуваат позитивни или негативни наливи на емоции(преку кој човекот дефинира што е “добро“ а што “зло“ ).
Човекот може да го инхибира својот инстинкт(пр:да се стрпи)или пак да биде стимулиран од него(пр:фајт ор фајт реакцијата при опасна ситуација).
Мајмунот може да учи,да решава симпл проблеми но, секогаш ќе биде лимитиран(никогаш нема да може да го контролира својот инстинкт).
Воглавно,ова е разликата помеѓу човековиот разум и животинскиот ум.
 
Не велиме дека човекот е лош кога убива свиња или срна исто така...
Но дали истото го велиме кога муслиман зборува за неверници и мафта со света книга која демек му ги оправдува дивеењата и убивањата на неверниците и упатување закани кон истите?

Кои примери се даваат, да не знае човек дали да се вмеша да поправи циркузот или да одмине и да се чуди што ли се зборува за религија...
 
И животните можат да го контролираат својот инстинкт преку вежби, не е точно дека човекот има екслузивитет над разумот. Дури и обично куче може да го контролира својот нагон да уринира во соба и да оди на одредено место на кое му било укажано.

П.С. Зошто го прескокна првиот пост на кој беа следниве прашања:
- Дали името е исто со верување? Дали ти би бил поинаква индивидуа ако се викаш Селим а не Абдул?

- Дали ако решиш дека местото на живеење не ти одговара и го смениш, ќе биде оправдано да те убијат поради тоа?

-Дали фактот што некој е родител, му дава за право некому да се постави во улога на господар врз своето дете и да смета дека може да прави со него што ќе му текне?
 
И животните можат да го контролираат својот инстинкт преку вежби, не е точно дека човекот има екслузивитет над разумот. Дури и обично куче може да го контролира својот нагон да уринира во соба и да оди на одредено место на кое му било укажано.

П.С. Зошто го прескокна првиот пост на кој беа следниве прашања:

За разлика од животните има и тоа колку поголем екслузивитет.Зависи од силината на инстинктот(човековата воља против инстинктот е многу,многу поголема).
Пр:Дали си сретнал животно кое свесно се самоубило?

1)Името нема врска со верување(чиста случајност или судбина-за некого).Каква индивидуа ќе бидеш зависи од трите фактори:кој ти се родителите(карактеристики и гени) и какво е опшеството(околината) и секако во кое место си се родил.Како што реков за мене е тоа судбина,за тебе случајност.
2)Дефинирај ми што е оправдано убиство?
3)Господар не,тутор или учител да.Господар не постои(еден е господар) ,на својот син можеш да го поучуваш врз база на веќе стекнатото знаење и искуство.Должност е скрб за тоа дете до возраста каде стекнува полнолетство и поучување(после тоа , одговорноста за неговите постапки и избори целосно му припаѓа нему).
--- надополнето: 16 јули 2013 во 23:54 ---
Не велиме дека човекот е лош кога убива свиња или срна исто така...
Но дали истото го велиме кога муслиман зборува за неверници и мафта со света книга која демек му ги оправдува дивеењата и убивањата на неверниците и упатување закани кон истите?

Кои примери се даваат, да не знае човек дали да се вмеша да поправи циркузот или да одмине и да се чуди што ли се зборува за религија...

Постапките на луѓето се различни и непредвидливи.Религијата има јасно дефинирана патека и е чиста од лудости.Ти си избрал да формираш став за исламот врз база на постапките на луѓето а не врз база на тоа што проучува самиот ислам.
Друга круциална точка:Тебе не ти се допаѓа исламот(неговиот кодекс,закон...) и тоа е во ред(твоја одлука).Си имаш свој став за моралот,постапките и “доброто и злото“.
Убиствата не се оправдани се додека не се оправдаат.Значи,што значи оправдано убиство.
Пр:Пред тебе имаш Х персона која е натоварена со динамит и која ита кон згужваното невино население.
Прашање до тебе:Ти си запознат со неговата постапка.Дали ќе го убиеш предходно или ќе го оставиш да појде и да се разнесе во таа гужва?
Убиството е оправдано со цел да се превенира и заштитат голем дел на невини луѓе.
Али ти бидејќи си голем љубител на човекот веројатно нема да го убиеш.Хеј,кој си ти да го убиваш.Бог ќе му суди,нели?

Значи да сумирам,се додека некој не представува потенциална опасност по тебе или по другите околу тебе не е оправдано да се убива.
Тоа што кај нас има еден куп лудаци(замаскирани зад маската на национализмот,религијата.....) секогаш ќе имаш хаотично нерационални постапки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom