А зошто според христијанството,Бог го објавил прво стариот завет па новиот и сега стариот не важи?

Ова прашање веќе го одговорив одамна,но пак ќе го одговорам.
Бог знае кој народ колку може да поднесе,и така им праќал пратеници да ги опоменуваат и да ги враќаат од патеката од која скршнале.
Сите Божји пратеници и веровесници биле праќани во времиња кога народот бил во најголема невоља,кога запаѓал во паганство и многубоштво.
И сите пратеници,освен Мухаммед биле праќани на одреден народ.
Во библијата на пр. нигде не Исус не вели дека Христијанство треба да се вика религијата или дека неговите следбеници се христијани.
Можеш лесно да забележиш дека сите религии,освен исламот името го добиле по некоја личност или народ.
Будисти по буда,јудеизам по народот еврејски,христијанство по христос,таоисти по некој тамо тао-мао-бао не знам ни кој е.
Што не е случај со исламот,затоа ние не сме мухамеданци,Аллах во куранот јасно кажал дека верата се вика Ислам,а нејзините следбеници Муслимани,и тоа не е случај со ниедна друга религија.
А ти повели и најди ми цитат од библијата каде Исус вели за себе дека е христијанин и дека религијата или учењето кое го проповеда се вика Христијанство.
Да се вратам сега на прашањето,Аллах ги праќал сите пратеници со една порака: Едноштвото на Бога,Аллах да се обожава а не идоли и кипови.
Од Адем(Адам) до Мухаммед,сите пратеници доаѓале со оваа порака.
Не е поентата дека Аллах згрешил со објавувањето на претходните книги или дека не можел се оддеднаш да објави.
Мислиш ли дека професорот не може сите лекции оддеднаш да ти ги каже уште во прво одделение?? Но што ќе разбереш од тоа??
Во сите работи си има мудрост,и Аллах знаел кој народ колку може да поднесе,и кога ја објавува конечната Објава,Куранот која докинува нешто што било дозволено,а дозволува нешто што било забрането и тоа ќе важи до судниот ден.
Кога асхабите(другарите) му рекле на Мухаммед,од евреите најдовме делови од Тевратот(Тората),тој им рекол: Не вредат ништо,запалете ги..Муса(Мојсеј) да е жив сега,Аллах би му наредил мене да ме следи.
Значи муслиманите не мислат дека библијата е ваква или таква,факт е дека е изменувана со тек на време тоа и христијаните го признаваат.
Муслиманите веруваат и во Инџилот(Евангелието) кое му е објавувано на Иса, и тевратот на Муса итн,само што тие денес не важат,биле за тоа време и тоа е тоа.
Денеска го имаме Куранот,и ветување од Аллах дека ќе го чува и бдее над него до Судниот ден,и навистина е така,1400 години ни харф(буква) не е сменет од него,сура Фатиха ќе ти ја кажат исто и во македонија и во индонезија и во америка и во арабија.
--- надополнето: 16 јули 2013 во 15:16 ---
Нема тебе што да ти одговарам, терај си ти со слободната воља и ич да не ти чуе.
Се надевам дека до сега си го имаш сменето името,бидејќи ти не си го бирал,и местото на живеење бидејќи и тоа не си го бирал,и родителите бидејќи и нив не си ги бирал и уште многу други работи и ликот, и бојата на косата и за неа не си одлучил итн итн

Поздрав