Многу е глупаво и наивно да го критикуваш начинот на облекување на исламот со тоа што не било еднакво за мажите и жените

Посебно ако велиш: "немам отворено библија,нити куран, нити тора"
Секоја религија, идеологија, општествено уредување, држава или било кој систем си има свои стандарди, на однесување, облекување итн итн.
Исламот си има свој кодекс на облекување кога е во прашање и мажот и жената.
Кај жената тоа не мора да биде бурка, а може..а доволно е и хиџаб(да се гледа лицето)
Кај мажот треба да биде широка и комотна облеката да не се оцртуваат срамните места и не смее да се гледа од колена па нагоре.
И нормално е дека се различно облекувањето на мажот и жената, бидејќи и природата им е различна и физичката конституција им е различна, но јас знам дека сево ова ви е јасно, но барате влакно во јајце.
И да, како таква, жената муслиманка може да работи непречено, во простории, места кои исламски не се забранети, односно забрането и е да работи на места каде што ќе има осамување со машко, на места и локации каде би се точел алкохол и забрането и е да работи каде што ќе помага да се прават овие работи(како на пр. пивара и сл.)
Горенаведеното е забрането и за муслиманите и за муслиманките.
Може непречено да работи како докторка(пр. приватна забна амбуланта за жени и слично) или како наставничка, и ред други работи кои се својствени за една женa.[DOUBLEPOST=1444600973][/DOUBLEPOST]
Дали тоа ти зборуваш за илјадниците девојки кои што се шетаат без марами, со нозе видливи до под колениците и раскриен врат и некогаш рамења дека се проститутки? Ако е така, правец Бардовци.
Опа, не било убаво да се генерализира нели? Не било убаво кога те ставаат во ист кош само заради изгледот

Е па ако не е така убаво, не прави им го и ти тоа на другите.
Од твојата изјава дека е потребно сите да се обвиткаат како подароци за свадба се потврдија моите сомнежи дека си комплетно затруен со екстремизам. Како што и може да се очекува од посветен во верата муслиман. Не ги убедив јас или ние, тоа го зборува реалноста. Ниту една исламска земја не е во списокот на развиени земји (со исклучок кога се оценува според приходите кога во листата се вклучуваат државите од арапскиот полуостров заради продажбата на нафта). Муслиманите коишто добиле нобелова награда во некоја од техничките науки можат да се избројат на прстите на едната рака. Непочитување на човековите права - муслиманските земји се апсолутни шампиони.. Треба ли да се зборува уште.
Таквите коишто им ги пружаат сите технолошки и научните достигнувања ги вратиле назад?? А 7 век е напред??
Смешки ти е првиот дел од постот, но ќе се задржам на другиот дел.
Ниту една муслиманска држава не е на списокот на развиени земји затоа што западот ги дотепа со нивната демократија и секуларизам, додека муслиманите се држеа до својата вера беа први во се, и во наука, и во медицина и во математика итн итн.
Впрочем, се што користиме денеска има основа во исламот и муслиманските научници, во прво одделение кога ме научија да бројам ми рекоа дека тоа се арапски броеви(и тебе исто, нели?)

Кога спомнуваа медицина, ме учеа за Авицена, а тој да ти бил Ибн Сина..
Па погледни низ историските книги, отвори и читни за Исламска Шпанија(Андалузија), за Кордоба и Гранада, за Багдадските библиотеки...
Додека Харун Рашид се капеше во најмодерните бањи во тоа време во Кордоба, Карло велики во Франција не се капеше по 6 месеци верувајќи дека тоа е составен дел од неговата вера и дека тоа ќе го приближи до Бога.
Она што за христијанскиот свет беше Мрачно доба, за исламот беше Златно доба.
А зошто? Затоа што муслиманите се држеа цврсто кон својата вера, кога почнаа да ја напуштаат својата вера, кога го исфрлија Куранот од раце ги снајде тоа што ги снајдува денес, од понижување до понижување.
Јас се слагам со тоа што ти го напиша,и јас ти го потврдувам тоа.. муслиманите се денеска понижени и заостанати затоа што го исфрлиле Куранот од раце и земале некои други книги,следат нечии туѓи обичаи итн итн.