Liber AL е книга - не се поздравува

Што сакаш ти да е за мене Алах? Она што го пишува во Коранот? Не можам, премногу ми е суров тој бог, премногу против човечки, премногу против разумот...
Не бидува, едноставно...Јас не верувам, немам вера... има свој пат и на тој пат научив дека за мене Алах и било кој друг бог опиша во религиите е колку и јас и ништо повеќе.
Како нема што да дискутираме? Па токму бидејќи сме секој по својот пат имаме што да си кажеме...

Имаме и те како момак што да си кажеме...
Некој или нешто да донесува правни закони за верници овде на Земјата, а е опишан во книгите како нешто огромно, бесконечно големо - која е логиката? Нештото постои и за мене бидејќи ти веруваш во него?

Нешто што никој не го видел, освен поетски кажано дека види птица, тоа е богот, види дрво и тоа е богот - треба да ВЕРУВАМ дека постои? Да се држам до тие закони?

Да гледам на христијанинот како непријател бидејќи проповеда свои вери и закони? Или непријател во будистот?
Не е Алах премногу алчен бркајќи земски души тука на оваа мала планета која се тркала како луда низ бесконечниот простор?
Исто така, тоа нешто или некој ако постои, и е безграничен, сезнаен, најмоќен, најмудар, најубав - бара смрт за неверници? Тоа „неверник“ не можам да го сварам. Значи се се врти околу тоа кај вас! Најголемиот репер е - верник. Да веруваш. Не мора да знаеш за работите и светот - верувај! Така?
Ај да си прашам пак бидејќи слабо одговор: како тоа Мухамед е навреден ако некој зборува лошо за него или ако некој што не е муслиман го нацрта, како тоа неверникот - според вашите книги го навредил и исламот (кој што е религија и нема логика да е навреден), или Мухамед кој е мртов, или пак богот кој што е... па бог е, што има да се навредува од еден поединец?
Дали е тоа навреден муслиманинот бидејќи не му се почитува религијата?
И што ако не му се почитува религијата? Па ете ти како муслиман не го почитуваш Исус како бог, па што? Никој од христијаните не е навреден толку длабоко како што глумат муслиманите и нивните толку лесно навредливи души во врска со религијата...
Зошто би се заморувал муслиманинот со тоа дали некој Македонец нацртал смешна слика од Мухамед? Секако муслиманинот верува дека постои бог, кој што верува ќе ги казни неверниците кога ќе умрат, што има да се крева галама околу тоа и да бара и смрт и да се заканува муслиманинот како ќе се казнуваат неверници итн итн?
Секој по својот пат! Но сепак постои казна физичка од страна на човек верник врз неверник нели? Ако премногу ти е слободен патот, дури и да е против законски може да бидеш убиен во името на богот?
Уште да се жртвуваат луѓе на боговите? Мислиш дека тоа е ок?
Од друга страна: како може да не се сомневаш или од мене бараш да не се сомневам, дека твојата религија не е иста како и претходните, од кои е и изникната?
И велиш немало што да се дискутира... Абе ајде, тоа во маало
