Докажи дека нештата се случиле како шпто ти тврдиш. Кажи кој, како и кога ја сменил Библијата и принеси докази. И не, зборовите во Куранот за мене не се доказ.
Прашање -
Има ли објаснување зошто Исламот се појавил баш во Арабија и последниот пророк бил испратен баш кај Арапите? Зошто Бог не им испратил ниеден пророк на Индијците, на Кинезите, на племињата во Африка и оригиналните староседелци во Австралија и Америка?
И ќе поставам уште едно прашање, дали во Куранот се спомнуваат Северна и Јужна Америка, Австралија, Антарктикот и сите други територии кои не биле откриени од човекот во тоа време?
Според мојата логика, Бог да им дадел упатства на муслиманите како да стигнат до Америка, ќе ги направел многу развиен и богат народ, но тоа тој не го направил.
И уште едно прашање, малку контроверзно, се надевам ќе го одговорите-
Дали, според Куранот, ако мажот има сексуален однос со својата жена, а она се противи за тоа во тој момент, дали тоа е забрането и се смета како силување?
За тебе Библијата која ја измислил Ватикан е доказ :kesa: . За мене пак Курано непроменет 1400 години зборови на свевишниот и милосливиот кој преко Ангелот Џебраил му ги пренесол на Мухамед а.с се доказ и начин на живот.
Нема да навлегувам кој е во право , тоа приватно право кој бо што ќе верува и во што е убеден, ај да се потрудам да ти одговорам на прашањата кои ги знам..
Библијата ја смениле Римјаните на никејскиот собир во 3 тиот век, и Исус го прогласиле за Бог до тогаш бил човек.
Исламот не се појавил во Арабија него Исламот се појавил со појавување на првиот човек Адем и Ава а.с биле Муслимани, А Куранот како последна објава е пратен на потомците на Ибрахим а.с (Аврам) кои што потекнуваат од лозата на Исмаил кој што бил син на Аврам и Хатиџе а.с а од неговиот друг син Исак кој што го имал со Сара потекнуваат Евреите.
Имено сите претходни објави биле објавени на Евреите и потомците на Исак како што се Тората (Тевратот ) Библијата ( Инџилот) и Давидовите записи( Зебунот ) А Куранот како последна објава и надополнување на претходните бил објавен на нивните браќа Арапите децата на Исмиал а.с.
Мухамед а.с во еден хадис пренесува дека Бог му рекол . Ние не оставивме ниеден народ, ниедно племе без да му испратиме верогласник ( пејгамбер) во Истиот Хадис Муахмед а.с нагласува дека Алах џ.ш од Адема а.с до Мухамеда а.с има испратено 124000 пејгамбери на секој народ на секое племе . Додека во Куранот под име се спомнати само 25 пејгамбери
Во Куранот не се спомнува ниеден континет ама затоа Куранот земјата је преставил ко Округла , Додека Христијаните уште мислеле дека е плоча и дека Колубо ќе падне во Бездна додека пловел накај Америка. Додека Христијаните се занимавале дали два три бика или китови ја носат земјата , Куранот ни објаснувал како настанал универзумот, како е створена земјата, по кој редослед, ни ги објаснувал природните и биолошките процеси на земјата, ни го објаснал настанувањето на човекот и неговото зачнување, ни објаснал дека дека солената и слатката вода не се мешаат , ни објаснал дека се во универзумот е поврзано, ни објаснал за потопот, за другите димензии непознати за нас ни објаснал многу работи.
За сексуалните односи во брак незнам многу уште не сум женет сега читам баш една книга правата и обрските на жената бо брак па кога ке дојдам до тоа поглавје ќе ти одговорам .
Селам Алејкум