Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Само 4те евангелија се запишани во првиот век. Сите останати фалсификати (апокрифи) се напишани многу подоцна (2ри век, 3ти век, 15ти век) а потоа биле потпишани како демек да се од Барнаба, Мариа Магдалена, Петар, Тома и сл. Бројката од 60 е исламска бројка. Повеќето од нив воопшто и немаат структура на евангелие, туку повеќе личат на некакви хаотични збирки од поговорки, гностички афоризми итн. Тие дури ни самите не се нарекуваат евангелија. Црквата ги препознала како лажни уште во првите векови, пред Никејскиот собор. Од друга страна 4те канонски евангелија исто така биле препознаени и широко користени уште во првите два века, исто така долго време пред Никејскиот собор.
Но да се вратиме на темата, веродостојни историски извори за исламскиот Иса не постојат. Постојат луѓе кои не го прифаќале Исус како Бог, но тие воопшто не тврделе дека Исус не бил распнат и дека некој друг бил распнат наместо него. Христовата егзекуција била општо прифатен историски факт и никој до времето на Мухамед не тврдел дека Исус не бил распнат. Потоа се појавил Мухамед и почнал да проповеда дека сите предходно биле во заблуда и дека Исус всушност не бил распнат, туку друг распнале наместо Него итн. Нешто за што историјата крева раменици.
Но, нејсе, секој си е одговорен за себе во што и како верува.
Види вака пејгамберите на Возвишениот Аллах проповедале само вера во Бога. Никаде во Библијата не е спомнато дека Бог рекол да се проповеда Христијанска вера. Кога Мухаммед дошол како последен пејгамбер ја донесол и верата, каде во Куранот јасно стои дека Аллах ја избрал таа вера. Значи сите пејгамбери проповедале едно- ВЕРУВАЊЕ ВО ЕДЕН БОГ!! Една е верата која ја донесол последниот Аллахов пејгамбер!!Сите пејгамбери доаѓале како исправка, кога народот од другите пејгамбери ќе почнел да верува во заблуда.
Ајде нека каже некој како е опишан историскиот Исус. Не се согласувам дека се совпаѓа со Библијата.
Ајде нека каже некој како е опишан историскиот Исус. Не се согласувам дека се совпаѓа со Библијата.
....
Јас ете кажав освен во Библијата и Куранот, каде на друго место е спомнат. Знаеш ли ти да ми одговориш.? И каков е тој историски Исус.?
Мислам како е опишан. Знам дека е истиот од Куранот.
Точно е дека никаде во Библијата не пишува дека треба да се слави Христијанска Вера.Христијаните сами себе се нарекле така, затоа што поверувале во Исус Христос.
Друго, и христијаните веруваат во еден бог!
велиш дека исус немал татко , и адам немал татко. И двајцата имале, а тоа е Бог кој е семоќен и единствен.
И како ти го објаснуваш тоа дека Исус немал татко?
Постојат повеќе вонбиблиски историски извори кои дирекно или индирекно го спомнуваат Исус Христос , но еве ќе наведам некои од нив каде експлицитно се вели дека Исус бил егзекутиран/распнат од Понтиј Пилат. (како што вели Библијата, а со што не се согласува Кyранот)
На пример, познатиот римски историчар Таицит опишувајќи го пожарот што се случил во Рим, ги спомнува и христијаните кои императорот Нерон ги прогласил за виновници (затоа тие биле и главните жртви). Еве еден извадок од неговите записи (аналите):
„ Името христијанин доаѓа од Христос, кој бил егзекутиран за време на владеењето на Тибериј од страна на прокураторот Понтиј Пилат. Опасното суеверие, запрено за кратко, повторно почнало да се шири не само низ Јудеја, изворот на "болеста", туку дури до Рим..“
(Тацит, Анали 15:44)
Еве и еден извадок од писмото на гувернерот на Битанија Плиниј Помладиот до Римскиот император Трајан:
„ Тие (христијаните) се собирале во одреден ден пред зајдисонце и му пеат на Христос како на бог...“
(Плиниј помладиот, писмо 10:96)
Јосиф Флавие, еврејски генерал кој подоцна станал историчар, пишувал кон крајот на првиот век. Во неговите дела има еден впечатлив запис за Исус, кој вреди целосно да се цитира:
"Таму во тој период се појави Исус, мудар човек, ако можеме да го наречеме човек, зошто правеше величевствени дела и ги учеше лугето кои вистината ја прифаќаат со задоволство. Тој придоби многу Евреи, а исто така и многу Грци. Овој човек бил Месија. И кога Пилат го осуди на смрт со распнување на инсистирање на нашите сопствени духовни лидери, оние што го сакаа не се разотидоа веднаш. По три дена Тој повторно се појавил пред нив, жив, како што претскажаа светите пророци, кои навестувале и многу други чудесни работи за него. А христијанството, движење чие име потекнува токму од неговото, се уште не е згаснато.
(Јосиф Флавие, Еврејски антиквитети 18.3.3)
Тацит, Плиниј помладиот и Јосиф Флавие се едни од најпознатите антички историчари и нема студент на историја што не ги познава. Како што гледаш тие, иако не биле христијани, сепак нивниот опис на Исус Христос се согласува со библискиот опис на Исус, а не се согласува со исламскиот опис на Иса каде се вели дека Иса не бил распнат.
Впрочем, исламскиот опис за Иса воопшто не се смета за веродостоен и валиден историски документ, затоа што е напишан со векови далеку од настаните кои ги опишува.
Од друга страна, не постои НИТУ ЕДЕН историски документ до времето на Мухамед кој вели дека Исус не бил распнат. Таков документ историјата не познава, ниту од Христовите пријатели (учениците, следбениците), ниту од Христовите непријатели, ниту од независните историчари, писатели и сл.
Ете тоа вели историјата, без разлика дали тоа нам ни се допаѓа или не. Сепак, секој има право да ги затвори очите пред неа и да си верува во што сака да си верува, или пак во она што му е наложено да верува.
Во врска со пророкот Мухамед би сакала да прашам колку жени имал во својот живот. Според преданијата имал 10, но според исламот не смеел да има повеќе од 4.Колку жени може да има мажот муслиман според куранот?
Второ прашање е зошто Мухамед водел војна и ги убивал своите непријатели?
Така, првата војна се одвила во 624 година, кога мединските муслимани под раководство на самиот Мухамед ги нападнале трговците од Мека во Битката кај Бедра и им нанеле тежок пораз. Но во Битката кај Ухуда, муслиманите биле поразени. По две години, Мека со 10 000 војници ја опседнала Медина, која имала само 3 000 војници. Но, на крајот сепак Мека била поразена. http://mk.wikipedia.org/wiki/Мухамед
Покрај нив Мухаммед а.с. имал и други противници како еврејските племиња кои живееле во Медина. Тоа биле племињата Бену Курејза, Бену Надир и Бену Кајнукаа. Со овие племиња Мухаммед а.с. склучил примирје меѓусебно да се бранат и чуваат од надворешен непријател.
Меѓутоа Евреите тој договор го прегазиле и се здружиле со мекканските мушрици против муслиманите дури се обиделе и да го убијат. Затоа дошло до нивно протерување од Медина. Долгогодишното непријателство и судир со мек-канските мушрици завршило со историското освојување на Мекка. По тоа Мухаммед а.с. прогласил општа амнестија и ја повратил светоста на Кабето, отстранувајќи ги од неа сите идоли кои биле повеќе од 360 кипови. Сите во Мекка примиле ислам. Кој не примил ислам не можел да живее во светиот град. Тогаш ислам примил и Ебу Суфјан и неговата жена Хинд кои биле водачи на мекканските мушрици.
Ти не праша дали е спомнат Исус на друго место освен во Библијата и Кyранот. Ти самоуверено напиша потврдна реченица дека Исус никаде ама баш никаде не бил спомнат освен во Библијата и Кyранот.
Епа ако знаеш дека никаде ама баш никаде не е спомнат, тогаш зошто сега прашуваш како каков бил спомнат таму каде што не бил спомнат?
Ако сакаш сериозно да дискутираме, тогаш не се залетувај со такви смели изјави во областите кои што не ти се познати и наместо самоувереност покажи поучлив дух. Ако нешто не ти е познато, слободно прашај, а не само да одиш контра.
Ajde malku da razjasnime nekoi nejasnotii..
"Hristos" ne e Isusovoto prezime,
toa e evrejski zbor koj sto znaci "mesija"
proucete gi prorostvata za mesijata vo stariot zavet i ke otkriete koj e toj mesija.
A zosto ne moze muslimanka da ima cetiri mazi??
Fer li e? Ili diskriminacija?
I zosto e toa taka?
Можат ли Муслиманите да се женат за Христијанки.?