Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.

Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Ово више није љубав него ратовање !!!:duel::violent1::costumed2:eek:jea::angel1::love3:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Само 4те евангелија се запишани во првиот век. Сите останати фалсификати (апокрифи) се напишани многу подоцна (2ри век, 3ти век, 15ти век) а потоа биле потпишани како демек да се од Барнаба, Мариа Магдалена, Петар, Тома и сл. Бројката од 60 е исламска бројка. Повеќето од нив воопшто и немаат структура на евангелие, туку повеќе личат на некакви хаотични збирки од поговорки, гностички афоризми итн. Тие дури ни самите не се нарекуваат евангелија. Црквата ги препознала како лажни уште во првите векови, пред Никејскиот собор. Од друга страна 4те канонски евангелија исто така биле препознаени и широко користени уште во првите два века, исто така долго време пред Никејскиот собор.

Но да се вратиме на темата, веродостојни историски извори за исламскиот Иса не постојат. Постојат луѓе кои не го прифаќале Исус како Бог, но тие воопшто не тврделе дека Исус не бил распнат и дека некој друг бил распнат наместо него. Христовата егзекуција била општо прифатен историски факт и никој до времето на Мухамед не тврдел дека Исус не бил распнат. Потоа се појавил Мухамед и почнал да проповеда дека сите предходно биле во заблуда и дека Исус всушност не бил распнат, туку друг распнале наместо Него итн. Нешто за што историјата крева раменици. :toe:
Но, нејсе, секој си е одговорен за себе во што и како верува.
Не лажи по втор пат!

Евангелието на Јаков (братот Исусов) воопшто не го спомнува воскресението.

Првиот пат ми рече дека познаваш само едно такво евангелие според Бернаба напишано од муслиман. Сега спомнуваш и други апокрифи напишани во 2 и 3 век. Вероватно и тие ги пишувале муслимани. :tv::tv:

Значи да резимираме: -Се што не е во склад со поборниците на Тројството, тоа го измислиле (напишале) муслиманите. Куку! :tv:

Ај лека ноќ на сите, отидов јас. :helou:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не ги извртувај моите зборови. Јас реков дека познавам само едно апокрифно "евангелие" кое се сложува со исламската верзија за Исус и додадов дека тоа е потврден и докажан фалсификат кој датира некаде од 15 век и дека најверојатно е напишан од муслиман за да одговори на потребите на исламот. Но сепак доста аматерски направено и повеќе донело брука, отколку некаква поткрепа за исламот.
Ај добра ви ноќ на сите. Верувајте си во шо сакате, се додека имате мирна совест знаејќи ги историските факти :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Dali vo Islamot se dozvoluva vodenje ljubov za ljubov (ne samo sex, cuvstva da ima, ama da e onaka) ili samo za prokreacija??
 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Види вака пејгамберите на Возвишениот Аллах проповедале само вера во Бога. Никаде во Библијата не е спомнато дека Бог рекол да се проповеда Христијанска вера. Кога Мухаммед дошол како последен пејгамбер ја донесол и верата, каде во Куранот јасно стои дека Аллах ја избрал таа вера. Значи сите пејгамбери проповедале едно- ВЕРУВАЊЕ ВО ЕДЕН БОГ!! Една е верата која ја донесол последниот Аллахов пејгамбер!!Сите пејгамбери доаѓале како исправка, кога народот од другите пејгамбери ќе почнел да верува во заблуда.
Точно е дека никаде во Библијата не пишува дека треба да се слави Христијанска Вера.Христијаните сами себе се нарекле така, затоа што поверувале во Исус Христос.
Друго, и христијаните веруваат во еден бог!

велиш дека исус немал татко , и адам немал татко. И двајцата имале, а тоа е Бог кој е семоќен и единствен.
И како ти го објаснуваш тоа дека Исус немал татко?
 

allahov_rob

لا اله الا الله محمد رسول
Член од
7 мај 2009
Мислења
728
Поени од реакции
12
Ајде нека каже некој како е опишан историскиот Исус. Не се согласувам дека се совпаѓа со Библијата.

Moram da kazam deka ti gi postavi najdobrite i najlogicnite prasanja do sega sto sum gi procital,no drugarcinjava napravile karma kasa od temava i vo isto vreme zborat za 500 temi i ne se zane na sto da se odgovori.... ni pocetok ni kraj.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ајде нека каже некој како е опишан историскиот Исус. Не се согласувам дека се совпаѓа со Библијата.
....
Јас ете кажав освен во Библијата и Куранот, каде на друго место е спомнат. Знаеш ли ти да ми одговориш.? И каков е тој историски Исус.?
Мислам како е опишан. Знам дека е истиот од Куранот.

Постојат повеќе вонбиблиски историски извори кои дирекно или индирекно го спомнуваат Исус Христос , но еве ќе наведам некои од нив каде експлицитно се вели дека Исус бил егзекутиран/распнат од Понтиј Пилат. (како што вели Библијата, а со што не се согласува Кyранот)

На пример, познатиот римски историчар Таицит опишувајќи го пожарот што се случил во Рим, ги спомнува и христијаните кои императорот Нерон ги прогласил за виновници (затоа тие биле и главните жртви). Еве еден извадок од неговите записи (аналите):

„ Името христијанин доаѓа од Христос, кој бил егзекутиран за време на владеењето на Тибериј од страна на прокураторот Понтиј Пилат. Опасното суеверие, запрено за кратко, повторно почнало да се шири не само низ Јудеја, изворот на "болеста", туку дури до Рим..“
(Тацит, Анали 15:44)

Еве и еден извадок од писмото на гувернерот на Битанија Плиниј Помладиот до Римскиот император Трајан:


„ Тие (христијаните) се собирале во одреден ден пред зајдисонце и му пеат на Христос како на бог...“
(Плиниј помладиот, писмо 10:96)

Јосиф Флавие, еврејски генерал кој подоцна станал историчар, пишувал кон крајот на првиот век. Во неговите дела има еден впечатлив запис за Исус, кој вреди целосно да се цитира:

"Таму во тој период се појави Исус, мудар човек, ако можеме да го наречеме човек, зошто правеше величевствени дела и ги учеше лугето кои вистината ја прифаќаат со задоволство. Тој придоби многу Евреи, а исто така и многу Грци. Овој човек бил Месија. И кога Пилат го осуди на смрт со распнување на инсистирање на нашите сопствени духовни лидери, оние што го сакаа не се разотидоа веднаш. По три дена Тој повторно се појавил пред нив, жив, како што претскажаа светите пророци, кои навестувале и многу други чудесни работи за него. А христијанството, движење чие име потекнува токму од неговото, се уште не е згаснато.
(Јосиф Флавие, Еврејски антиквитети 18.3.3)

Тацит, Плиниј помладиот и Јосиф Флавие се едни од најпознатите антички историчари и нема студент на историја што не ги познава. Како што гледаш тие, иако не биле христијани, сепак нивниот опис на Исус Христос се согласува со библискиот опис на Исус, а не се согласува со исламскиот опис на Иса каде се вели дека Иса не бил распнат.

Впрочем, исламскиот опис за Иса воопшто не се смета за веродостоен и валиден историски документ, затоа што е напишан со векови далеку од настаните кои ги опишува.
Од друга страна, не постои НИТУ ЕДЕН историски документ до времето на Мухамед кој вели дека Исус не бил распнат. Таков документ историјата не познава, ниту од Христовите пријатели (учениците, следбениците), ниту од Христовите непријатели, ниту од независните историчари, писатели и сл.

Ете тоа вели историјата, без разлика дали тоа нам ни се допаѓа или не. Сепак, секој има право да ги затвори очите пред неа и да си верува во што сака да си верува, или пак во она што му е наложено да верува.

 

radica

never mind
Член од
21 октомври 2007
Мислења
599
Поени од реакции
36
Во врска со пророкот Мухамед би сакала да прашам колку жени имал во својот живот. Според преданијата имал 10, но според исламот не смеел да има повеќе од 4.Колку жени може да има мажот муслиман според куранот?
Второ прашање е зошто Мухамед водел војна и ги убивал своите непријатели?
Така, првата војна се одвила во 624 година, кога мединските муслимани под раководство на самиот Мухамед ги нападнале трговците од Мека во Битката кај Бедра и им нанеле тежок пораз. Но во Битката кај Ухуда, муслиманите биле поразени. По две години, Мека со 10 000 војници ја опседнала Медина, која имала само 3 000 војници. Но, на крајот сепак Мека била поразена. http://mk.wikipedia.org/wiki/Мухамед
 

Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Точно е дека никаде во Библијата не пишува дека треба да се слави Христијанска Вера.Христијаните сами себе се нарекле така, затоа што поверувале во Исус Христос.
Друго, и христијаните веруваат во еден бог!

велиш дека исус немал татко , и адам немал татко. И двајцата имале, а тоа е Бог кој е семоќен и единствен.
И како ти го објаснуваш тоа дека Исус немал татко?

Бог не може да им биде татко, бидејќи тој е БОГ, не може да биде татко на луѓе. Тој и не е Бог, какво е тоа викање Бог, тоа е само едно од неговите атрибути. Тој е сила, тој е енергија, тој е Бог.
Еве како го објаснувам тоа што Исус немал татко.
Адем а.с бил направен од земја, Аллах му рекол БИДИ и тој Биднал !!

Аллах го испратил Мелекот Џиврил, тој и вдахнал во Мерјем со дозвола Аллахова и така Мерјем забремени, а не беше чепната од маж.
Значи Мелекот Џиврил кој вие го нарекувате свет дух, не ја засенил Марија така што тој лично ја забременил, него тој само дувнал и така се зачна Иса а.с на најчесниот можен начин, секој мир и спас нека е врз него.

Иначе во право си Христијаните така се нарекле бидејќи верувале во Христа. Исламот е единствена религија која не го носи името по пратеникот. Ние не сме Мухаммедани. Муслиман значи само Верник во Бога, а Ислам значи покорност кон Бога.


Постојат повеќе вонбиблиски историски извори кои дирекно или индирекно го спомнуваат Исус Христос , но еве ќе наведам некои од нив каде експлицитно се вели дека Исус бил егзекутиран/распнат од Понтиј Пилат. (како што вели Библијата, а со што не се согласува Кyранот)

На пример, познатиот римски историчар Таицит опишувајќи го пожарот што се случил во Рим, ги спомнува и христијаните кои императорот Нерон ги прогласил за виновници (затоа тие биле и главните жртви). Еве еден извадок од неговите записи (аналите):

„ Името христијанин доаѓа од Христос, кој бил егзекутиран за време на владеењето на Тибериј од страна на прокураторот Понтиј Пилат. Опасното суеверие, запрено за кратко, повторно почнало да се шири не само низ Јудеја, изворот на "болеста", туку дури до Рим..“
(Тацит, Анали 15:44)

Еве и еден извадок од писмото на гувернерот на Битанија Плиниј Помладиот до Римскиот император Трајан:


„ Тие (христијаните) се собирале во одреден ден пред зајдисонце и му пеат на Христос како на бог...“
(Плиниј помладиот, писмо 10:96)

Јосиф Флавие, еврејски генерал кој подоцна станал историчар, пишувал кон крајот на првиот век. Во неговите дела има еден впечатлив запис за Исус, кој вреди целосно да се цитира:

"Таму во тој период се појави Исус, мудар човек, ако можеме да го наречеме човек, зошто правеше величевствени дела и ги учеше лугето кои вистината ја прифаќаат со задоволство. Тој придоби многу Евреи, а исто така и многу Грци. Овој човек бил Месија. И кога Пилат го осуди на смрт со распнување на инсистирање на нашите сопствени духовни лидери, оние што го сакаа не се разотидоа веднаш. По три дена Тој повторно се појавил пред нив, жив, како што претскажаа светите пророци, кои навестувале и многу други чудесни работи за него. А христијанството, движење чие име потекнува токму од неговото, се уште не е згаснато.
(Јосиф Флавие, Еврејски антиквитети 18.3.3)

Тацит, Плиниј помладиот и Јосиф Флавие се едни од најпознатите антички историчари и нема студент на историја што не ги познава. Како што гледаш тие, иако не биле христијани, сепак нивниот опис на Исус Христос се согласува со библискиот опис на Исус, а не се согласува со исламскиот опис на Иса каде се вели дека Иса не бил распнат.

Впрочем, исламскиот опис за Иса воопшто не се смета за веродостоен и валиден историски документ, затоа што е напишан со векови далеку од настаните кои ги опишува.
Од друга страна, не постои НИТУ ЕДЕН историски документ до времето на Мухамед кој вели дека Исус не бил распнат. Таков документ историјата не познава, ниту од Христовите пријатели (учениците, следбениците), ниту од Христовите непријатели, ниту од независните историчари, писатели и сл.

Ете тоа вели историјата, без разлика дали тоа нам ни се допаѓа или не. Сепак, секој има право да ги затвори очите пред неа и да си верува во што сака да си верува, или пак во она што му е наложено да верува.



Ова може да се објасни во Куранот. Не постои нешто што не може да го објасни Куранот затоа не радувај се пред време. Во Куранот многу убаво пишува дека Иса а.с не бил распнат, туку тоа им се причинило. Аллах никогаш не би дозволил неговиот пејгамбер на кого му ветил спасување да биде распнат. Иса а.с не беше распнат, се испотепаа меѓу себе тие што го предадоа. А да го убија Иса а.с не го убија, туку им се причини.


An-Nisa'
157. I zbog riječi njihovih: “Mi smo ubili Mesiha, Isaa, sina Merjemina, Allahova poslanika!” A nisu ga ni ubili ni raspeli, već im se pričinilo. Oni koji su se o njemu u mišljenju razilazili, oni su sami o tome u sumnji bili; o tome nisu ništa pouzdano znali, samo su nagađali; a sigurno je da ga nisu ubili,

158. Već ga je Allah uzdigao Sebi. - A Allah je silan i mudar.

Ali 'Imran
54. I nevjernici počeše smišljati spletke, ali ih je Allah otklonio, jer On to umije najbolje.

55. I kada Allah reče: "O Isa, dušu će ti uzeti i k Sebi te uzdignuti i spasiću te od nevjernika i učiniću da tvoji sljedbenici budu iznad nevjernika sve do Smaka svijeta. Meni ćete se, poslije, svi povratiti i Ja ću vam o onome u čemu se niste slagali presuditi




И многу убаво кажа сега за тоа ќе те честам кафе :):):)
На другата тема ми викаш Мухаммед чул извртена приказна за Иса а.с и така запишал во Куранот. А сега тука викаш никој не слушнал вакво нешто се додека не дошол Мухаммед. Супер кажано.

Луѓето верувале во заблуда се додека не дојде Мухаммед, кој ќе ги упати на вистината.:pipi:


п.с На крајот во Ајетот пишува за ова што не се согласуваме таму ќе ни пресуди, така да чорбаџи се гледаме на судниот ден :):):)

Во врска со пророкот Мухамед би сакала да прашам колку жени имал во својот живот. Според преданијата имал 10, но според исламот не смеел да има повеќе од 4.Колку жени може да има мажот муслиман според куранот?
Второ прашање е зошто Мухамед водел војна и ги убивал своите непријатели?
Така, првата војна се одвила во 624 година, кога мединските муслимани под раководство на самиот Мухамед ги нападнале трговците од Мека во Битката кај Бедра и им нанеле тежок пораз. Но во Битката кај Ухуда, муслиманите биле поразени. По две години, Мека со 10 000 војници ја опседнала Медина, која имала само 3 000 војници. Но, на крајот сепак Мека била поразена. http://mk.wikipedia.org/wiki/Мухамед



Единствено на Мухаммед с.а.в.с му било дозволено да има повеќе од 4 жени, бидејќи тој не ги земал жените да лумпува и од мерак, туку за да им помогне. Повеќето жени на пејгамберот биле многу стари, напуштени или вдовици. Тој ги земал за да ги заштити, зошто тоа време за жените било многу тешко. Пејгамберот имаше 13 жени. И немал со сите сексуален однос.

А на секој Муслиман му е забрането повеќе од 4 жени.

Иначе не секој Муслиман може да си дозволи повеќе од една жена, ако немаш доволно средства на сите да им пружиш луксуз не смееш да ги земаш.Смееш само една. Само ако можеш сите подеднакво да го задоволиш, финансиски, емотивно и тн, тогаш можеш.

Имаат Арапите по неколку жени, ама тие имаат пари затоа така.


За другото покасно!!

Пејгамберот не сакал да води војни, тој викал најдобро оружје е јазикот.
Тој добил задача од Аллах, која морал да ја изврши. Тој повикувал во Ислам а не присилувал. Луѓето него го напаѓале па тој морал да се брани. И за тоа чекал дозвола од Аллах. Кога Аллах му дозволил да се брани така настанаа битките. Еве цела биографија на последниот Аллахов пејгамбер Мухаммед с.а.в.с читај:


КРАТКА БИОГРАФИЈА ЗА МУХАММЕД А.С.

Мухаммед алејхи селам е роден во Мекка, 12, ребиул-еввел, во годината која Арапите ја нарекувале “Амул-фијл” – слонова година. Тоа одговарало на датумот 20. април 571 година, по раѓање на Иса а.с. Неговиот татко Абдуллах умрел додека тој бил во мајчиниот стомак. Неговата мајка се викала Амина бин Вехб. И таа и Абдуллах потекнувале од угледна и ценета фамилија. Грижата за Мухаммед а.с. ја презел неговиот дедо Абдул-Муталиб кој се викал Шејбел-хамд.

Амина го доила на Мухаммеда а.с. три дена, а потоа со доење продолжила Сувејба, робинката на Ебу Лехеб. Обичај бил курејшиските жени да не ги дојат своите деца. Неговиот дедо го поверил Мухаммеда а.с. на доење кај доилката Халима Са’адије. Живеел Мухаммед а.с. четири години кај доилката Халима надалеку од Мекка во племето на Халима. По враќање на Мухаммед а.с. во Мекка, тој останал кај мајка му две години по што таа се преселила на Ахирет и така Мухаммед а.с. останал сирак на шест години. После тоа уште две години се грижел за него неговиот дедо кој многу го сакал. Тој се гордеел на Мухаммеда а.с. Кога Мухаммед а.с. имал осум години умрел и дедо му Абдул-Муталиб, а за него грижата за одгледување ја презел неговиот стрико Ебу Талиб. Во 25. година од животот Мухаммед а.с. се оженил со Хатиџа бинт Хуве-јлид која била позната по чесност, убавина и богатство во Мекка. Хатиџа имала надимак Тахира - што значи чиста, а Мухаммед а.с. имал надимак ел-Емин - доверлив.

Во четириесетата година почнал да ја прима Објавата. Почетокот на објавата почнал во месецот Рамазан, во пештерата Хира на брдото Нур. Први зборови кои му се објавени на Мухам-мед а.с. биле зборовите: Икре бисми раб-бике… «Читај во името на твојот Господар кој создаде, го создаде човекот од грушка на крв! Читај, зашто Господарот твој, навистина, е Најблагороден…”

Откако објавил дека е избран за последен Аллахов пратеник, Меккелиите не го прифатиле и му пружиле голем отпор во ширење на новата вера. На тој пат му поставиле големи непријатности и потешкотии. Најпосле тоа резултирало со тоа што го протерале Мухаммеда а.с. и него-вите следбеници од своите огништа. Мухаммед а.с. се преселил во Јесриб, која подоцна ќе го добие името Медина.

Во Мекка ширењето на исламот траело 13 години. Преселувањето на Мухаммед а.с. од Мекка во Медина се нарекува хиџра. Во Медина исламот се ширел брзо, секој ден растел бројот на муслиманите. Мекканските мушрици не го оставиле на мира Мухаммеда а.с. и по неговото напуштање на Мекка. Воделе неколку походи и битки со цел да го оневозможат ширењето на исламот, меѓутоа Аллах сакал светлината на исламот да се рашири и пренесе и во другите краеви на светот. Познати се битките на Бедр, Ухуд и Хендек. Сите три споменати битки биле поттикнати од мекканските идолопоклоници и во нив Мухаммед а.с. и муслиманите се бранеле.

Покрај нив Мухаммед а.с. имал и други противници како еврејските племиња кои живееле во Медина. Тоа биле племињата Бену Курејза, Бену Надир и Бену Кајнукаа. Со овие племиња Мухаммед а.с. склучил примирје меѓусебно да се бранат и чуваат од надворешен непријател.

Меѓутоа Евреите тој договор го прегазиле и се здружиле со мекканските мушрици против муслиманите дури се обиделе и да го убијат. Затоа дошло до нивно протерување од Медина. Долгогодишното непријателство и судир со мек-канските мушрици завршило со историското освојување на Мекка. По тоа Мухаммед а.с. прогласил општа амнестија и ја повратил светоста на Кабето, отстранувајќи ги од неа сите идоли кои биле повеќе од 360 кипови. Сите во Мекка примиле ислам. Кој не примил ислам не можел да живее во светиот град. Тогаш ислам примил и Ебу Суфјан и неговата жена Хинд кои биле водачи на мекканските мушрици.

По освојувањето на Мекка, Мухаммед а.с. извршил проштален хаџ, со кого е завршена објавата и потполнети прописите на исламот. Во 63 година од животот Мухаммед а.с. се преселил на Ахирет, откако за 23 години ја извршил пратеничката мисија со која Аллах џ.ш. го задолжил. Тој е испратен како милост на човештвото. Тој им порачал на верниците: “Ви оставам две работи, ако се држ-ите за нив нема да заскитате: Аллахова книга - Кур’ан и мојот суннет како објаснување на Кур’анот и ехли бејт.”

По преселување на Аллаховиот Пратеник а.с. на Ахирет муслиманите го избрале Ебу Бекр за халифа.

Еве ги халифите на Ресулуллах а.с. кои доШле после него:
1. Ебу Бекр р.а.(632-634)
2. Омер ибн ел-Хаттаб ел-Фарук р.а. (634-644)
3. Осман ибн Аффан р.а. (644-656)
4. Алија ибн Еби Талиб р.а. (656-661)
 
Член од
11 април 2010
Мислења
66
Поени од реакции
1
"Иначе во право си Христијаните така се нарекле бидејќи верувале во Христа. Исламот е единствена религија која не го носи името по пратеникот. Ние не сме Мухаммедани. Муслиман значи само Верник во Бога, а Ислам значи покорност кон Бога."

Ajde malku da razjasnime nekoi nejasnotii..
"Hristos" ne e Isusovoto prezime,
toa e evrejski zbor koj sto znaci "mesija"
proucete gi prorostvata za mesijata vo stariot zavet i ke otkriete koj e toj mesija.
 
Член од
24 април 2010
Мислења
58
Поени од реакции
1


Покрај нив Мухаммед а.с. имал и други противници како еврејските племиња кои живееле во Медина. Тоа биле племињата Бену Курејза, Бену Надир и Бену Кајнукаа. Со овие племиња Мухаммед а.с. склучил примирје меѓусебно да се бранат и чуваат од надворешен непријател.

Меѓутоа Евреите тој договор го прегазиле и се здружиле со мекканските мушрици против муслиманите дури се обиделе и да го убијат. Затоа дошло до нивно протерување од Медина. Долгогодишното непријателство и судир со мек-канските мушрици завршило со историското освојување на Мекка. По тоа Мухаммед а.с. прогласил општа амнестија и ја повратил светоста на Кабето, отстранувајќи ги од неа сите идоли кои биле повеќе од 360 кипови. Сите во Мекка примиле ислам. Кој не примил ислам не можел да живее во светиот град. Тогаш ислам примил и Ебу Суфјан и неговата жена Хинд кои биле водачи на мекканските мушрици.

Ова евреиве бе поган народ ццц колку пати прекршиле договор. Го прекршија договорот со Муса, па со Мухаммед навистина луѓево се чудна раса.:tv::tv:

Ти не праша дали е спомнат Исус на друго место освен во Библијата и Кyранот. Ти самоуверено напиша потврдна реченица дека Исус никаде ама баш никаде не бил спомнат освен во Библијата и Кyранот.
Епа ако знаеш дека никаде ама баш никаде не е спомнат, тогаш зошто сега прашуваш како каков бил спомнат таму каде што не бил спомнат? :)
Ако сакаш сериозно да дискутираме, тогаш не се залетувај со такви смели изјави во областите кои што не ти се познати и наместо самоувереност покажи поучлив дух. Ако нешто не ти е познато, слободно прашај, а не само да одиш контра.


Немој да се дериш ок ? Прашав зошто никаде не е спомнат. Јас не знаев дека е спомнат. Сега знам, не се дери :tv:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
A zosto ne moze muslimanka da ima cetiri mazi??

Fer li e? Ili diskriminacija?
I zosto e toa taka?
 

Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Ajde malku da razjasnime nekoi nejasnotii..
"Hristos" ne e Isusovoto prezime,
toa e evrejski zbor koj sto znaci "mesija"
proucete gi prorostvata za mesijata vo stariot zavet i ke otkriete koj e toj mesija.


Па сепак по месијата го носат, не знам што се буниш.

A zosto ne moze muslimanka da ima cetiri mazi??

Fer li e? Ili diskriminacija?
I zosto e toa taka?


Како бе жена да има 4 мажи ? Како прво не и личи, како второ жените не се многу по сексот како мажите како трето, мажот е должен да се грижи за жената и фамилијата. како жената да се грижи за 4 фамилии и децата да и бидат од различни татковци ? Кога мажот има 4 жени, децата имаат само еден татко. Ете од многу проста причина :):):)
 

Eraser

S.... Seni Seviyorum
Член од
12 април 2010
Мислења
422
Поени од реакции
18
Можат ли Муслиманите да се женат за Христијанки.?

Секако дека можат ! Аллах во Куранот кажува дека ако сака може да премине во Ислам ако не нека си ја задржи нејзината вера ама со својата вера да не влијае на верата на Муслиманот. И мене ми беше чудно ова, ама кога човек убаво ќе размисли сфаќа дека и да биде Муслиманка може да биде неверник, а да се кажува верник така да исто се фаќа :):):)

Не можеме со Мудростите на Аллах !!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom