Прашања во врска со математика за матурата

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А знае ли некој кога ќе ги објават клучевите?Барем да знам на што сум :toe:

Лани клучеви објавија дури откако ги објавија резултатите. А толку ли беше тешко??? Леле, лани боза беа математика и основно и напредно ниво.
 
Јас сум презадоволен од моите резултати. Поголемиот дел беа лесни задачите, а имаше и на некој кај шо запнав, а една задача ми е сигурно грешна. Ако ви теквит, требеше да се напишет вредностите на n за кои системот има едно решение и да има бесконечно решенија. Тоа со бесконечно решенија никако не ми теквеше како е.
 
Тежок беше тестот... овие стварно не се нормални... Прво си помисливме ни дадоа тестови за напредно ниво... цел тест стапици имаше бе... на што личи она ебаго.
 
Јас знам дека првата задача ми е точна,
x=1, y=1.
 
Лани клучеви објавија дури откако ги објавија резултатите. А толку ли беше тешко??? Леле, лани боза беа математика и основно и напредно ниво.


Ама лани..Имам ги од лани,ги решавав.Оваа година дефинитивно беа потешки.За напредно зборам,основно не знам.

А како ги класифицираат бодовите спрема нивото?
 
апсолутно сум разочарана јас, толку спремање и труп, сеа ми иде да ги запалам сите тетратки што вежбав,.Значи не упропастија в крајј, една ми е сигурно точна таа со степенот на полиномот пишав 9 а требало 11, како и со доказот пишав дека е периферен агол и го нацртав само другите големи задачи ми беа точни, но сепак кога ќе видиш 180 мин за 53 задачи, имавме само по околу 3 и пол минути по задача:tapp:
крш беше значи не очекував вака да биде.

знае некој од колку до колку биле границите лани? од колку е 5?
 
Oваа година беа многу потешки од лани.Среќа тој што седеше до мене ги знаеше последните 3-4 задачи,инаку многу слабо ќе беше.Ама не викам и дека вака е најсјајно.

Најмногу запнав на онаа да најдеме формула на тежишната линија на страната на триаголникот.Ај ве молам некој да каже како ја решил. :smir:
 
Најмногу запнав на онаа да најдеме формула на тежишната линија на страната на триаголникот.Ај ве молам некој да каже како ја решил. :smir:

Наоѓаш средишна точка на BC страната, односно страната а, и бараш равенка на права низ две точки, од А до средишната од BC.
 
Што е најтрагично не смееше дигитрон. Копилиња!!!
 
в крај не зезнаа значи...господ знае догодина како ќе поминат, од годинешниве 4000 сто полагавме ни пола нема да полагаат математика
 
во струмица сигурен сум дека ако не се препишувале во другите класови 50% ќе паднат на државната матура математика ако не го намалат критериумот под 40 - можеби 25 или така нешо
задачите не беа којзнае колку тешки, али имаше 13 повеќе од лани , исто време и многу повеќе за размислување ,решавање
 
Наоѓаш средишна точка на BC страната, односно страната а, и бараш равенка на права низ две точки, од А до средишната од BC.

Фала. :smir:
Грешка ми е сигурно оваа,барав средишна на АВ и уште од почеток ја згрешив.
 
со доказот пишав дека е периферен агол и го нацртав само

Како периферен агол, не разбирам како тоа испаднало?

една ми е сигурно точна таа со степенот на полиномот пишав 9 а требало 11

Чекај сега, нели 9 е точниот одговор? Што велиш тука?
 
Во училницата кај шо бев јас, немаше никакви шанси за препишување. Дигитрон не беше ни потребен, незнам зошто толку плачење на него. Знам дека само во една имаше да се помножет два броја. И јас мислам дека другата година ќе имат многу помалку шо ќе одет на математика.
Фантом шо напрај ти бе златен?

Како периферен агол, не разбирам како тоа испаднало?



Чекај сега, нели 9 е точниот одговор? Што велиш тука?
Не требеше периферен агол, туку требеа да се разгледуваат аглите од два триаголници: ABC и BCD и во 3-4 реда беше готово.
Јас мислам дека 11 е точниот одговор на таа со степенот. Колку шо памтам имаше Cx^7*y^4
 
Фантом шо напрај ти бе златен?

Моеше и пубо. Се истуривме препишвење со Жанко, Симона и Ковачон, изметивме, ама имаше и заебани, не се надевам на максимум. Потешка и пообемна од ланската беше, прагот ќе е паднат сто посто. Таја со степенот е 11 сигурно, се собирет степените од најголемиот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom