Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека не прифаќаат ниту заверени кај нотар. Најдобро ти е да не ризикуваш и да си поднесеш оригинал, а за тебе да си направиш резервна копија заверена кај нотар, зашто во конкурсот е потенцирано дека документите треба да се оригинал. Ова го прават за да не може да се конкурира на два факултети истовремено

Мене лани за во дом кога конкурирав ми побараа да бидат заверени и копирани, пошо оригиналот веќе го дадов на факс. Така да, ако не ти треба за тоа нема зошто да ги заверуваш. А со копирани и заверени мислам не можеш да конкурираш, пошто секаде е јасно наведено дека бараат оригинал документи.

Фала ама работава е следнава.Знам дека на fax треба оригинал и планирам да ги дадам оригиналните нормално.Е сега за кога се поднесува за во дом незнам дали бараат заверени фотокопии на оригиналните или не.Лани барале а оваа година незнам.На проклетата страна не знаат да напишаат што и како.
 
Ти за секој случај направи си повеќе резервни копии и по една завери си кај нотар за да не те зафркнат после, којзнае што ќе им текне, може за најмала ситница да те вратат. А и мислам дека не би било фер да ни бараат заверени копии, ќе не остават без никаков документ оригиналот на факс, заверените во студентски, срамота е ова што ни го прават, ама ајде така е кога сакаат да соберат што е можно повеќе пари во државната каса, парите си ги оставивме по такви институции плаќајќи пасоши, лични карти, уверенија за државјанство, изводи и други документи
 
Ќути не ми збори... овие врска немаат се зинале за пари :).Како и да е фала на одговорот ќе ги заверам зошто може да се отчекува се и сешто по институциите.:toe:
 
Благодарам girl_girlПретпоставувам може да се уплати утрото пред да ги дадам документите.
Да, појди си малку порано за да имаш време да завршиш работа и да средиш се. Мислам дека во книжарниците ќе ти ги дадат сите потребни документи и уплатници, така што нема да мора да се мачиш многу околу жиро сметки и такви работи
 
И сега што бидна... свидетелство за завршено средно образование како документ не постои?
 
За на 30ти ние ќе треба сами да си носиме индекси? Каде се продаваат, во обичниве книжарници???
 
За на 30ти ние ќе треба сами да си носиме индекси? Каде се продаваат, во обичниве книжарници???

Студентски збор, скриптари на УКИМ, кај прематарине кај електро, во книжарници околу факултети (ама не сите)...
 
Знај некој шо пари се уплаќат на жиро сметка на Правен сега за уписот? Колку треба отприлика?
 
Дали има некој/а да ми кажи нешто повеќе за фак.Јавна администрација во Битола општо за тој смер оти на Менаџмент на информациски системи било мн потешко?
Фала однапред.. ;)
 
Додипломски студии за доктори по стоматологија
Услови за упис: завршено средно 4-годишно образование и положен приемен испит по предметот биологија. -- tocno e ova ??? Zarem i na stomatologija se polaga priemen? Jas znam deka samo na fakultetot za arhitektura i za fizicka kultra ima priemni... Ako nekoj znae neka mi odgovori :)
 
И свидетелствата ли треба да бидат заверени на нотар?
 
дали перценталниот ранг од екстерните предмети треба да се смета и дали има некаков удле во поените?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom