Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира дали свидетелствата треба да се заверуваат кај нотар и зошто треба ? :D

Се извинувам ако е во погрешна тема поставено прашањето
Треба само ако конкурираш со копирани сведителства, само ќе си ги завериш на нотар дека се верни на оригиналот, а ако ти се оригинал, не треба ;)
 
Ме интересира дали свидетелствата треба да се заверуваат кај нотар и зошто треба ? :D

Се извинувам ако е во погрешна тема поставено прашањето

Јас мислам дека не прифаќаат ниту заверени кај нотар. Најдобро ти е да не ризикуваш и да си поднесеш оригинал, а за тебе да си направиш резервна копија заверена кај нотар, зашто во конкурсот е потенцирано дека документите треба да се оригинал. Ова го прават за да не може да се конкурира на два факултети истовремено
 
Ме интересира дали свидетелствата треба да се заверуваат кај нотар и зошто треба ? :D

Се извинувам ако е во погрешна тема поставено прашањето
Мене лани за во дом кога конкурирав ми побараа да бидат заверени и копирани, пошо оригиналот веќе го дадов на факс. Така да, ако не ти треба за тоа нема зошто да ги заверуваш. А со копирани и заверени мислам не можеш да конкурираш, пошто секаде е јасно наведено дека бараат оригинал документи.
 
На која страна излегува конкурсот за 125 стипендии од владата за информатичари ?
 
Извинете едно прашање: Ако има некој кој студира на катедрата за германски јазик и книжевност, ме интересира дали образовната програма им се води стриктно на германски, и дали книгите се стриктно на германски јазик?
Имам желба да го учам јазикот, но пред тоа пример во средно го немав како втор јазик и затоа ме интересираат овие работи.
Друго ако може да ми се објасни дали е вистина тоа дека ако паднеш првиот семестар, вториот немаш право да го полагаш но можеш само да го слушаш; ми дадоа некои такви објаснувања па ме интересира ми треба помош ако може некој да напише подетално и да ми објасни.
Благодарам однапред!
 
Мене лани за во дом кога конкурирав ми побараа да бидат заверени и копирани, пошо оригиналот веќе го дадов на факс. Така да, ако не ти треба за тоа нема зошто да ги заверуваш. А со копирани и заверени мислам не можеш да конкурираш, пошто секаде е јасно наведено дека бараат оригинал документи.

И за во дом ли бараат заверени документи. Ај те молам кажи ми што документи требаат за во студентски дом? И дали ги враќаат после или не? :smir:
 
И за во дом ли бараат заверени документи. Ај те молам кажи ми што документи требаат за во студентски дом? И дали ги враќаат после или не? :smir:

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои ги исполнуваат условите по конкурсот и се избрани на прелиминарниот список, потребно е да ги достават следните документи:
1. Пријава;
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
3. Потврда за остварениот успех во студирањето на студентот;
4. Потврда за редовност во студирањето на студентот;
5. Новозапишаните студенти од I-ва година, наместо потврда за редовност (точка 4), да достават копии од свидетелства за завршена I, II, III и IV средно образование.
6. Изјава за семејната положба на студентот, односно неговото семејство;
7. Потврди за остварените приходи на вработените членови на семејството за месец јуни 2010 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството испратница од пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави препис од извод на умрените (или испратница од пензија); за разведени родители да се достави доказ за разводот, додека за учениците и студентите (сестри, браќа) потврди од училиштето, односно факултетот;
8. Изјава од родителот – старателот за целосно подмирување на трошоците за сместување и исхрана во домот;
9. Уверение за државјанство на Република Македонија.
Горенаведените документи се доставуваат до студентскиот дом за каде се пријавува студентот, од 16.08.2010 година до 20.08.2010 година, а студентите од I година документите ги доставуваат од 31.08.2010 година до 04.09.2010 година.
Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.

Tие се документите. За враќање не памтам стварно(мислам не вратија ама не сум сигурен), ама за ова со заверувањето беше така иако не пишуваше во конкурсот. Другар еден ги даде на факс и после плати за да му ги вратат да ги завери, па пак да го однесе оригиналот во факултет. Околу 900 денари беше, за секој случај завери си, може и за друго нешто да ти требаат.
 
И за во дом ли бараат заверени документи. Ај те молам кажи ми што документи требаат за во студентски дом? И дали ги враќаат после или не? :smir:

Не ги враќаат документите што ги поднесуваш за студентски. Еве кои документи лани ги барале за студентски така да и оваа година најверојатно истите ќе ги бараат http://www.raspredelba.gov.mk/Pages/student/mk/ApplicationDocuments.aspx
 
Фала ви многу, не сум запознаена како одат работите зашто сега ќе бидам прва година, и уште нешто дали може копија од државјанство или мора оригинал, зашто едно веќе вадев и тоа ќе треба да го дадам при упис?
 
Бидејќи сега ќе бидам прва година на факултет ме интересира нешто во врска со документите:- пријава со таксена марка ( на факултетот се зема кога ќе ги даваме документите, нели? )А прочитав и нешто во врска со некаква потврда за уплатени ( не знам колку денари точно ) за студиски програми. Потврдата т.е. парите се уплаќаат кога ќе ги даваме документите таму или после откако ќе видиш дали си примен или не?
 
Пријавата треба да ја пополниш и да ја дадеш заедно со документите кога ќе се пријавуваш на факултетот, исто така треба да уплатиш во банка зависи колку пари пишува на факултетот околу 300 денари и уплатницата да ја приложиш со другите документи
 
Фала ви многу, не сум запознаена како одат работите зашто сега ќе бидам прва година, и уште нешто дали може копија од државјанство или мора оригинал, зашто едно веќе вадев и тоа ќе треба да го дадам при упис?

Оригинал за упис на факултет, копија за студентски
 
Благодарам girl_girlПретпоставувам може да се уплати утрото пред да ги дадам документите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom