Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво,
Ми треба некој што има познавања за Архитектонскиот Факултет на ФОН, односно, да ми објасни некои основни работи. Целта ми е да научам нови работи, а дипломата дали е од приватен или државен универзитет не ми менува, бидејќи имам некои планови за приватен бизнис. За државните универзитети, од искуство знам дека најчесто се користат застарени техники и програми, па не сакам залудно да поминам нови 4 години. Конкретно, прашањето ми е дали вреди да се запишам на овој факултет, дали материјалите за студирање се добри и дали може да се стекне со доволно знаење од таму?
 
Ме интересира дали доколку сум запишан Економски Скопје можам да се префрлам на Економски во Прилеп ?
 
Денеска уплатив за упис на семестар ама на банка не ми удрија печат туку само тоа од компјутерот печатот, време и датум и некоја бројка што се штампа врз уплатницата. Ќе ми прават проблем во студентски прашања дека нема печат?
 
Дечки знаете ли некоја апликација кадешто би означувал колку книги имам прочитано, како на пример како што имам за сериите, нешто слично ми треба.
пс. не знаев каде да го поставам прашањево па ако не е за темава слободно преместете.
 
Дечки знаете ли некоја апликација кадешто би означувал колку книги имам прочитано, како на пример како што имам за сериите, нешто слично ми треба.
пс. не знаев каде да го поставам прашањево па ако не е за темава слободно преместете.
Goodreads?
 
Ми треба помош од професор по матемаика или лектор. Како на македонски правилно се преведува eigenvector? Дали имаме термин или се користи англицизам? Србите користат сопствен вектор, ама не се сеќавам да имам сретнато нешто слично кај нас.
 
Добар ден.
Можеби не е за овде прашањето, но дали некој можеби знае за литература и книги и материјал за самостојно индивидуално учење на Словенечки јазик?

Доколку некој има такви книги и литература за самостојно изучување на Словенечки јазик молам да ми ги даде.
Не ми се оди по училишта за странски јазици, термините за часови не секогаш ми одговараат, а имам и едно лошо искуство со изучување Германски јазик во училиште за странски јазици.

Кога беше првото А1 ниво имаше доволно луѓе за група од 9 -10 ученици.
Потоа на следното А2 ниво со мака, ептен голема мака најдовме 8 учесници за тоа ниво.
И кога завршивме А2 ниво, за следното Б1 ниво Германски јазик едноставно немаше доволно бројка на учесници за да се оформи групата и прекинав тогаш со Германскиот јазик.
Купив во книжара на Просветно дело книги за Б1 ниво Германски јазик и со самостојно изучување дома завршив и застанав со Б1 ниво Германски.

Не сум од Скопје, и веројатно во градовите во внатрешноста луѓето учат само А1 ниво Германски и потоа аплицираат за визи и со А1 почнуваат со работа и живот во Германија.

Молам за одговор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom