1. Зошто државата Македонија не застана во одбрана на Претседателот на Виножито г.Павле ?
Дали тој ги штити правата на вонземјаните во Грција или го штити Македонскиот народ ?
Затоа што некои потпишаа така пред 15-тина години и сменија устав и знаме, тоа е црвената линија понатаму нема остапки ни тронка.
2. Зошто државата Македонија во преговорите со Грција не го отвори прашањето за геноцид на Македонците, не само од 1948 година, не ми глумете лудило него и за време на целиот 20 век.
Затоа што они играат на картата си бараме територија, играт на конра карта, мада во дискусиите што се водени спомнато е и тоа.
3. Зошто кога Грција не го исполни вториот дел од привремената спогодба да не го блокира членстовото на Македонија во непријателските евроатланските сојузи , не се поништи и компромисот кој го даде Македонија а не е мал, промена на знаме, име и устав.
Затоа што ние не сме таков народ, а и да бидеме искрени неаме моќ за да се води инает, гледаш целата ситуација е фино џентламенско преговарање со ниски удари.
Иначе иако Атињаните сакаат да не смачкаат па макар и воено да удрат накај нас, сепак целокупната глобална ситуација не им дозволува тоа, тогаш они ќе бидат оне лошите.
Па нали, целата демократија потекнува од атињаните, европската унија и другите дрн дрн работи, што и повеќе цивилизацијата и културата е од нив
4. Зошто Владата на Македонија финансиски не ги помага невладините организации кои работат на македонската кауза?
Притоа не мислам на организации формирани директно од партијата за веење знамиња, урлање по митинзи и сликање пред камери.
Одма другата страна ( атињаните ) ќе го искористи тоа како аргумент дека владата е националистичка, ти текнва ли кога Груевски положуваше цвеќе на гробот на Гоце Делчев?
5. Зошто во државата Македонија 7 години после конфликтот имаме внатрешно раселени Македонци, етнички очистени од територијата која е замислена како голема Албанија ?
За ова си прашање си згешил адреса, треба лично на Али Ахмети да му го поставиш тоа прашање.
6. Зошто Македонија не гради односи со Русија, Украина, Полска, Чешка, Бугарија, Белорусија?
Не ми текнува посета на некој нивни претседател на Р.Македонија.
Р.Македонија сепак е изворот на славјанската култура и ако за некој има значение Македонија тоа е токму за нив.
Од нив можеш да направиш вистински сојузници на Македонија.
Ова другово е се едно исто срање различно пакување, произведено во римското царство.
Русија да сакаше можеше да ја прифати Македонија уште многу одамна, но од нејз многу корист очигледно нема.
Знам пред едно 10-15 години дојде некој руски министер и се фалеше дека Русија ако сака ќе го откупи целото производтство на вино во Македонија, до тоа за жал не дојде, значи не сакала.
Друга работа, играта на русија е многу прљава уште за време на отоманското царство, тогаш единствено Македонија не доби кнежество.
Треба овие прашања да и ги поставиме на Владата.
Како сакаш се надевам дека добар дел ти одговорив.