Епа тоа и претходно го истакнав. панспермија. Но истиот не го решава проблемот кој го имаат со абиогенезата туку го поместува во друг ѕвезден, галактички систем...го одложува.
За да се пополни дупката во оваа теорија со неуспешните експерименти, истата се модификува во -можен е живот фром аутер спејс, од други места во универзумот. Затоа постоечката теорија е наголемо обременета со сомнежи и од бројни списанија и институти...затоа воглавно не ги ни продолжуваат овие експерименти (со исклучоци од неколкупати пати од 50-тите наваму).
Но пак е прашање на верба и вера.
Повторно грешиш и тоа намерно. Што туку (требаше да) прочита(ш) еден линк на кој ти е експлицитно напишано ШТО Е ТОА ШТО Е ПОСТИГНАТО.
иако ти пишува, уредно анотирано со извор, ти викаш дека НЕМА НИШТО постигнато.
Што е ова, Лурц, ако не е лага, од твоја страна?
Утепав саат време за да ти го прилагодам текстот за методите за утврдување на староста на земјата со четирите контролни механизми
од кои сите се контролираат еден со друг и
сите даваат взаемно потврдливи резултати.
Помина крај текстот (со линкови и референци) БЕЗ ДА КАЖЕШ НИШТО околу тоа. Сега, повторно, во својот стил на искрен скептик „изразуваш сомнеж“. Кој ти е тоа сомнеж, бе Лурц?!?! Кои се тие неуредни наоди за староста на земјата?!?!
Од кое „небо“ го извади ова тврдење:
Шанси има и 1 према 10 на милионита, но тоа изразено во милијарди години, конкретни услови и ...практично и теоретски е невозможно ради староста на земјата. Но добро, ќе ја корегираат староста на 400 милијарди милијарди милијарди...за да го докажат невозможното.
Со каков извор можеш да го птврдиш ова што си го напишал?!?! Или зема од ракав да истресеш бројки мислејќи дека никој нема да ги забележи?!?!
Како е тоа „и практично и теоретски невозможно“? Како е тоа невозможно? Зошто? Кој вика? Како утврдил дека е ем практично, ем теоретски невозможно кога во првиот дел викаш „шансите се...“ Со кого мислиш дека правиш муабет овде, Лурц?
Инаку, НЕ Е прашање на верба и вера.
Како и секој друг револуционерен пронајдок, прашање е на интуиција и темелна напорна работа на
обиди и грешки и учење од истите.
исто како што на животот на земјата му биле потребни стотици милиони години, за да по пат на обиди и грешки ја формира првата РНК, така и за секое откритие и напредок се неопходни илјадници часови напорна работа.
Нема тука вера. Има само труд и желба!
А, ти, Лурц, за промена, можеш да почнеш да зборуваш во прецизни термини и да ги потпрочитуваш одговорите кои ти ги сервираат атеистите.
Иначе нема смисол сето ова.