Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас ги оспорувам тврдењата на теистите. Ти кажав за достигнувањата и мерењето ку*ови. Ако имаш нешто да каѓеш за себе, свое - кажи го. Што ми збориш за луѓе од пред 50, 200 или 3000 години и што тие мислеле?!?

Религијата не им помага на луѓето да го разберат светот!!! Религијата ги лаже луѓето дека има некој кој ги гледа додека какат и се е&ат и ги тера да се осеќаат виновни за нешто што не се. Религијата го затупува човековиот ум и не му дозволува да го разбере светот онаков каков што е.

Ако некој има емотивни или психички проблеми, треба да оди и да посзборува со некој кој може да му/и помогне (пријатели, блиски, психолози...) - не да се моли на нешто што не постои и ко ќе го плацебо го откачи, да трча наоколу викајќи Господ е голем. Како замена за молитва, слободно можеш и аспирин еден да пиеш насабајле. Исти ефект ќе има.

Баш би сакал да го видам будистичкиот свештеник (иако ми се стварно најдраги од сите монаси) како ќе помине на квиз за амазонски инсекти или за географијата на Папуа Нова Гвинеа. Размисли малку пред да постираш така децидно и ексклузивно тврдење.

Религијата е опиум за простите, неуките и мрзливите и атеизмот не е привилегија на интелигентните. Не треба да си претерано интелигентен за да разбереш дека е невозможно да постои библиски бог. Доволно е само да не си индоктриниран и да не живееш во паника од вечен пекол.

Атеизмот е единствено последица од доволна свесност за природата, универзумот и рационалните и логичките закони според кои и ти го живееш целиот свој живот... но вака, гимнастички, по форуми и два-три пути у месецот, за секој случај, ќе си кажеш - ај ја да си се помолам - кој ќе го знае... Ко што викаат пола од верниците: „Абе ништо не нме кошта ако верувам!“ ...а ги кошта и тоа многу, само не контаат.

Тоа со фетишот е чиста заебанција. Не е некоја стилска фигура.


Не знаеш што зборуваш, ама да знајш дека ако не се покајш ќе вријаш во пеколот.

--- надополнето ---

Која е разликата помеѓу душа и дух?

Душата е вдахната од Бог а Духот ја одржува во форма.
 
Човекот се состои од Тело, Душа, Дух, а не свест.
Ти се читаш ли што пишуваш? Човекот не се состоел од свест?!! Па тогаш што е разликата помеѓу тебе и бандера на улица? Како ја дефинираш ти свеста?
 
Ти се читаш ли што пишуваш? Човекот не се состоел од свест?!! Па тогаш што е разликата помеѓу тебе и бандера на улица? Како ја дефинираш ти свеста?

Свеста е производ од Телото, Душата и Духот.
 
Свеста е производ од Телото, Душата и Духот.
А што е душата според тебе? Ако свеста е производ на душата, телото и духот, тогаш како душата останува свесна кога ќе го нема телото?
И што е според тебе разлика помеѓу свест, душа и дух?
 
Не знаеш што зборуваш, ама да знајш дека ако не се покајш ќе вријаш во пеколот.

Душата е вдахната од Бог а Духот ја одржува во форма.


Колку долго че вријам, знајш?

А Светиот Дух, џогира ли и он за да ја одржи во форма душата на Бог? И што праи Исус у меѓу време? Да не им вари кафе?

LDlMD.jpg
 
А што е душата според тебе? Ако свеста е производ на душата, телото и духот, тогаш како душата останува свесна кога ќе го нема телото?
И што е според тебе разлика помеѓу свест, душа и дух?


Ќе ти одговорам Православно :
Прво еве го одговорот од 2то прашање: Душата кога ќе го напушти нашето тело, односно кога нашето тело ќе почини - душата го напушта тоа тело и на онај свет повторно оформува тело во која живее.
Евего и одговорот на 1то прашање: Душата е вдахната од Бог. Душата е да го остај телото во живот.
И за 3то прашање : Како што кажав погоре дека свеста е производ од телото, душата и духот како целина. Додека прашуваш а не веруваш во тоа што ти го кажувам православно, најди одговор во медицината за ова, можи ќе најдиш.
 
Човекот се состои од Тело, Душа, Дух, а не свест.

"You can only lose something that you have , but you cannot lose something that you are ."
Тогаш што можеш да изгубиш ?
Телото....да, тоа сите го знаат, а бидејки телото не е само тело туку тело-ум и двете можеш да ги изгубиш.
Душата....викаат религиите дека може(пеколот), јас незнам ама еве да претпоставиме дека може.
Што ќе остане од тебе ?
 
Мојот атеизам доаѓа од мојот критички поглед на светот. Твојата религиозност, не знам, ти кажи...

--- надополнето ---


Каков вид религија пропагирам?

--- надополнето ---


:D :D :D

Ќе се љутиш ако си го сменам потпис? Пошто ептен посаркастичен ќе ми е овој.
Не се лутам без гајле. Шо сакај стави во потпис. Твој потпис е.
А мојата религиозност доаѓа од мојата вер(б)а.
Во секој случај не негирате дека духот е составен дел на личноста.
 
Не си напишал, или јас не сум разбрал. Ако сакаш за мене уште еднаш пиши кратко.

А што е душата според тебе? Ако свеста е производ на душата, телото и духот, тогаш како душата останува свесна кога ќе го нема телото?
И што е според тебе разлика помеѓу свест, душа и дух?

Е сега вака, ова е од мене:

Ќе ти одговорам Православно :
Прво еве го одговорот од 2то прашање: Душата кога ќе го напушти нашето тело, односно кога нашето тело ќе почини - душата го напушта тоа тело и на онај свет повторно оформува тело во која живее.
Евего и одговорот на 1то прашање: Душата е вдахната од Бог. Душата е да го остај телото во живот.
И за 3то прашање : Како што кажав погоре дека свеста е производ од телото, душата и духот како целина. Додека прашуваш а не веруваш во тоа што ти го кажувам православно, најди одговор во медицината за ова, можи ќе најдиш.
 
А што е душата според тебе? Ако свеста е производ на душата, телото и духот, тогаш како душата останува свесна кога ќе го нема телото?
И што е според тебе разлика помеѓу свест, душа и дух?

Е сега вака, ова е од мене:

Ќе ти одговорам Православно :
Прво еве го одговорот од 2то прашање: Душата кога ќе го напушти нашето тело, односно кога нашето тело ќе почини - душата го напушта тоа тело и на онај свет повторно оформува тело во која живее.
Евего и одговорот на 1то прашање: Душата е вдахната од Бог. Душата е да го остај телото во живот.
И за 3то прашање : Како што кажав погоре дека свеста е производ од телото, душата и духот како целина. Додека прашуваш а не веруваш во тоа што ти го кажувам православно, најди одговор во медицината за ова, можи ќе најдиш.

Малку засукано ми делува, може немам капацитет да го разберам ама у секој случај нема да го прифатам.
Пре би рекол дека духот има душа, а таа душа го има ова тело.
Може не сум свесен за други нивоа на постоење ама за овие две сум.
Е сега дух би го изедначил со свест(или набљудувач, ама не пасивен туку нешто како огледало).
Освен у друго "огледало" нема да може да се препознае.
Ама кога се гледа сваќа дека е неразделно со другото огледало. Односно духот(свеста)- ТИ
на тоа базично ниво си Бог.
На тоа базично ниво сме сите ние Бог. Освен Бог ништо друго не постои. Умот најлесно го прифаќа концептот на холограм и тој е најблиску до вистината. Холограмот како целина се состои во составните делови.
Сите делови се индивидуални но содржат иста информација.
 
Свест, душа, дух.

Свеста е збир на психички функции во еден момент и сознание за себе и за околината. Психичките функции се резултат на работата на одделните центри во мозкот. Секој центар, врши посебна улога и функција. Според истражувањата, современиот човек користи само 10ина проценти од центрите, што значи дека има потенцијал за откривање на нови способности и состојби на свеста.

Духот и душата во ништо не се разликуваат од свеста. Духот, всушност, е измислица. Имено, Душата се асоцира со онаа во жив човек мирјанин, додека духот е измислена градација во религиите (иста како онаа свештеник/светец - човек/мирјанин) и се асоцира со Духот Божји, духот на некој светец и сл.

Кога наредбите што ги даваат мозочните центри до одделните мускули и органи од телото, минуваат низ нас, најмалите и најфини нервни завршетоци реагираат на ваквите импулси на молекуларно ниво, кои како повратна информација до центарот за дразба во мозокот, создаваат илузија за постоење на нешто, еве, конкретно, во нашите гради. Кога мозочните центри ќе престанат да работат, прекинува течењето на импулси, нервните завршетоци не регистрираат ништо, соодветно: нашата перцепција за душата ја снемува, бидејќи не функционираат ниту праќачите на импулси, ниту примачите и центрите во мозокот кои ја обработуваат дразбата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom