Прашања до атеистите

  • Креатор на темата Креатор на темата Дмт
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Зборовите не заплашуваат, доброто со добро се враќа, а злото со зло. Со љубов му се обраќаш на оној, кој исто така ти се обраќа со љубов. Секако не би му се обратил на некој со љубов кој ги напаѓа твоите ближни.
 
Кога човек не сака да сфати нешто сите обиди се попусти. Малку ќе одземам од вашето драгоцено атеистичко време во кое нема место за Бог со следниов текст:
„До кога, вие глупави, ќе ја љубите глупоста, и до кога на потсмевачите ќе им биде мило потсмевањето, и до кога безумниците ќе го мразат знаењето?
Послушајте ја мојата опомена! Ете, го излевам својот дух пред вас, сакам да ве поучам со свои зборови.
Колку ве повикував, а вие одбивавте; ја испружував раката, но никој не ја забележа; туку го отфрливте секој мој совет и не ги послушавте моите опомени.
Затоа и јас ќе се смеам на вашата пропаст, ќе се потсмевам кога ќе ве снајде тешкотија; кога стравот ќе навали врз вас како невреме и кога пропаста ќе ве грабне како виор, кога ќе се навалат врз вас неволјата и маката.
Тогаш ќе ме викате, но јас нема да одговарам; ќе ме барате, но нема да ме најдете.
Зашто го мразеа знаењето и не го избраа Господовиот страв, ниту го послушаа мојот совет, туку ја презреа секоја моја опомена.
Затоа ќе јадат плод од своето владеење и ќе се наситат со сопствени совети.
Зашто глупавите ќе ги убие нивното одбивање, а безумните ќе ги уништи невниманието, а кој ме слуша мене, останува безгрижен и живее спокојно без страв од зло.”

БИБЛИЈА, Мудри пословици на Соломон.

Темата се вика, прашања до атеистите.

Оди тупи го со проповеди од еврејските народни приказни на друга тема.
 
Јас не проповедам, само одговарам на претходните прашања. :)
 
Атеисти... да...?:)
63337_482092591814049_2010153540_n.jpg
 
Зборовите не заплашуваат, доброто со добро се враќа, а злото со зло. Со љубов му се обраќаш на оној, кој исто така ти се обраќа со љубов. Секако не би му се обратил на некој со љубов кој ги напаѓа твоите ближни.

А како беше она - Сврти го другиот образ. Некој Исус ко да беше, како да си го заборавил.
 
Не сум атеист, одговорив на прашањата од атеистите.:)
--- надополнето: 14 ноември 2012 во 10:23 ---
А како беше она - Сврти го другиот образ. Некој Исус ко да беше, како да си го заборавил.
А ова со образот секој различно може да го толкува.
 
Како и секој ред во таа безвезна книга. А иронијата е што никаде во таа иста книга не може да се најде упатство дека таа треба да се толкува некако.

Сврти го другиот образ значи, ДА ГО СВРТИШ ДРУГИОТ ОБРАЗ.

Ти текнува?
 
Чекам второ мислење, ако може и не удостои Микикецот би му бил благодарен.
 
Како и секој ред во таа безвезна книга. А иронијата е што никаде во таа иста книга не може да се најде упатство дека таа треба да се толкува некако.
Зарем бараш упатство за толкување на метафори? Во никоја друга книга не постои никакво упатство за нејзино толкување (пр. „Божествена комедија“ - Данте Алигиери).
 
Во право си. Секоја белетристика е отворена за толкување. Секој може да си толкува како му е ќејф.

Мене ме секура што постојат луѓе кои мислат дека белетристиката е вистина.
 
Зарем бараш упатство за толкување на метафори? Во никоја друга книга не постои никакво упатство за нејзино толкување (пр. „Божествена комедија“ - Данте Алигиери).

Значи Библијата е збирка на метафори? Целата Библија е метафора или само делови од неа? Ако е целата Библија метафора, тогаш секој може да ја толкува како сака, и така се претвора во Алиса во земјата на чудата. Ако се само делови од неа метафори, можеш да ни кажеш по кои критериум бираш кои се метафори а кои не се?

И последно, дало можеш да наведеш место во Библијата каде што пишува дека таа содржи метафори, и дека не треба да се сфати буквално?
 
Само одредени делови во Библијата се напишани со метафора. Многу очигледна е метафората во еден текст.

И во делото „Пророштва“ - Нострадамус, не пишува дека содржи метафори, па сигурно нема да сфатиш буквално на пр. дека ќе се види во мракот свиња наполу човек.
 
Само одредени делови во Библијата се напишани со метафора. Многу очигледна е метафората во еден текст.

Очигледна е метафората а? Мене не ми е толку очигледна, изгледа тебе божјата промисла ти овозможува да видиш што е метафора, а што не е. Она што тебе ти е метафора, некому е буквално, и така влегуваме во зоната на комплетната произволност.

Туку мене ме интересира, дали тоа дека ако некој силува девица потоа треба да му даде пари на татко му и да ја земе за жена треба да се сфати буквално, или е метафора? Ако е метафора, за што е метафора?
 
Ако некој по тебе фрла со камења, ти по него со јаболка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom