Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Е тоа е веќе сарказам. Потписот е иронија. Јас научив што е што уште во шесто, пред гугл да биде измислен. А за правописната грешка искрено забележав ама ме мрзеше да исправам.O, неомнипотентен пророчки Богу на лекот, болеста и песните; Ти беспоштеден заштитнику на младите момчиња (мала саркастична) шала) - си згрешил. (Пиши на google: define:sarcasm)
Секоја ќе ти дефиниција очи отвори пошироко, па „дајбоже“ и нова промоција, овојпат во Бог на семантиката и етимологијата.
Озбилно, провери. Иронија и сарказам се блиски, но мислам дека си се лизнал овој пат. Впрочем, исто како и со правописот подолу, а „бога ми“ и со изборот на цитат. Не знам колку долго пишуваш на Религија, ама овој цитат е катаљон пати обработен. За да не го дрвиме пак, ова е страница со анотирани цитати од Ајнштајн исклучиво на тема господ/религија: http://www.stephenjaygould.org/ctrl/quotes_einstein.html Enjoy!
Да не, случајно, не ти се кликне линкот, ова е воведниот цитат од ценетиот мислител, нотиран само година дена пред неговата смрт:
И стварно доста со вадење цитати од контекст. Дури и вака да го читаш, надвор од муабетот, би требало да ти биде јасно дека се љути на луѓето кои се повикуваат на него како научен авторитет за да извојуваат ситни, безначајни битки во религиозни дебати (као ние сега). Не ја спори својата поддршка на тие гледишта!
...и шлаап, уригиналот (пази го болдот најдоле), да се луѓето не збунат случајно:
Albert Einstein, according to the testimony of Prince Hubertus of Lowenstein
...а принцов вика, жими све, така рече, мајке ми.
Ама Ниче е Дионис.Дали и колку има удел во вашата определба "изјавата" на Ниче дека Бог е мртов ?
Исто ко да е све исцитирано, од што е прекрасно напишано
Потписот е сарказам. Јас го напишав, со саркастична намера да ја исмеам фразата во која очигледно не верувам и ја сметам за смешна. Иронијата во себе не мора да содржи презир или потсмев, едноставно укажува на неконгруентност помеѓу очекуваното и добиеното. Провери си ги дефинициите, пошто одамна било шесто, а сега плус имаш интернет: http://en.wiktionary.org/wiki/sarcasm и http://en.wiktionary.org/wiki/irony
Дали и колку има удел во вашата определба "изјавата" на Ниче дека Бог е мртов ?
Ќе горите во пеколот.
Прашање до атеистите дали сметаат дека свеста е алгоритамска по природа.
Ако е зошто е така и ако не зошто не е така.
wtf is неконгруентност?укажува на неконгруентност помеѓу
Неусогласеност, изместеност, несоодветност... и некомпатибилност, ваљда...
Епа, малку мора, нели...Освен Атеист,математичар претпоставувам!?![]()
..... сте фатени во замката да биде “а“, да се противите, да негирате, да верувате дека нештото во што други веруваат, за вас не постои.
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:
1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?
Доста е за почеток...
Очигледно читаш но не разбираш. Кај атеистот не постои верување дека нештото не постои. Не постои верување воопшто, во ништо, ни во постоење ни во непостоење.