Прашања до атеистите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Прашање до атеистите дали сметаат дека свеста е алгоритамска по природа.
Ако е зошто е така и ако не зошто не е така.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
389
Поени од реакции
42
O, неомнипотентен пророчки Богу на лекот, болеста и песните; Ти беспоштеден заштитнику на младите момчиња (мала саркастична) шала ;)) - си згрешил. (Пиши на google: define:sarcasm)

Секоја ќе ти дефиниција очи отвори пошироко, па „дајбоже“ и нова промоција, овојпат во Бог на семантиката и етимологијата.

Озбилно, провери. Иронија и сарказам се блиски, но мислам дека си се лизнал овој пат. Впрочем, исто како и со правописот подолу, а „бога ми“ и со изборот на цитат. Не знам колку долго пишуваш на Религија, ама овој цитат е катаљон пати обработен. За да не го дрвиме пак, ова е страница со анотирани цитати од Ајнштајн исклучиво на тема господ/религија: http://www.stephenjaygould.org/ctrl/quotes_einstein.html Enjoy!

Да не, случајно, не ти се кликне линкот, ова е воведниот цитат од ценетиот мислител, нотиран само година дена пред неговата смрт:



И стварно доста со вадење цитати од контекст. Дури и вака да го читаш, надвор од муабетот, би требало да ти биде јасно дека се љути на луѓето кои се повикуваат на него како научен авторитет за да извојуваат ситни, безначајни битки во религиозни дебати (као ние сега). Не ја спори својата поддршка на тие гледишта!

...и шлаап, уригиналот (пази го болдот најдоле ;) ), да се луѓето не збунат случајно:


Albert Einstein, according to the testimony of Prince Hubertus of Lowenstein

...а принцов вика, жими све, така рече, мајке ми.
Е тоа е веќе сарказам. Потписот е иронија. Јас научив што е што уште во шесто, пред гугл да биде измислен. А за правописната грешка искрено забележав ама ме мрзеше да исправам.
Инаку Анштајн е агностик. Не е атеист. Иако вие Атеистите се крстите во него. хаха
Одиме со поголем ум Никола Тесла. Тој бил спиритуалист, а според некои и православен христијанин.
Едисон бил атеист признавам. Ама не бил толку бтилијантен, само бил итар па го патентирал тоа што други го измислиле. хаха
Доста со наука. па зарем се во светот се сведува на наука?
Најважна споредна работа во животот е фудбалот. Кои се најдобри фудбслери на светот? Шпанците, бразилците и аргетинците. Што прават овие фудбалери кога влегуваат на терен? Се крстат до земи. Кој е најпознат македонец Горан Пандев. Шо прај Пандев кога влегува на терен? Кој е најпознат атеист од Македонија? Колишевски?

--- надополнето ---

Дали и колку има удел во вашата определба "изјавата" на Ниче дека Бог е мртов ?
Ама Ниче е Дионис.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Исто ко да е све исцитирано, од што е прекрасно напишано
WOW! Па ја, изгледа, во приватниот живот сум Секуларен Хуманист!
Моето друго јас, моето форумско его, очигледно е Милитантен атеист.

...а пошто е ова форумот:

На овој форум пишуваат неколку (самосвесни) подли продавачи на догми и пропаганда мајстори. И се' додека тие се овде и отворено шират извртени, фалични толкувања на светот и ветуваат нешто за што јас знам дека е невистина, јас ќе останам во обид да дадам поинаква - рационално, емпириска, неретко и утилитаристичка - перспектива на конкретното прашање.

Како непоправлив хипих во душа, јас имам огромна почит према неприкосновената слобода на личниот избор. Но, од друга страна, како даскал, знам дека товарот на знаењето лежи на плеќите на оној кој знае - не на оној кој сеуште не дознал. Блажени се оние кои не знаат, а клети оние кои знаат, а не кажуваат.

Прерано ли е, се прашувам. Со се' поголемата слобода на достапност на информацијата (главно мислам на интернет), наместо да се радувам на иминентниот крај на цензурата, јас сум преплашен од моќта на религиозната Христијанско-Исламска пропаганда која ги масакрира умовите на неуките, неинформираните и емоционално ранливите. Клипчињата им се кратки и лесно сварливи, а зборовите слатки и заводливи. Пленот, нели, ранлив и неук. Лешинари.

Јас се сеќавам на време, пубертет и адолесценција, кога сериозно поголемиот дел од луѓето околу мене беа Секуларни Хуманисти (cudos-и за тебе). Мене ме вади од памет апокалиптичниот бран на религиознизирање (ваљда) што брише концепти, умртвува ментална иницијатива и отупува луѓе. Зборувам за Македонија.

Луѓето имаат право на избор, секако. А оние кои знаат повеќе имаат обврска да ги информираат другите, за да овие направат поинформиран избор.
Нека го разбере светот и универзумот и нека се посвети на религија - немам апсолутно никаков проблем со тоа.

Никогаш не би му зборувал на некого што не сака да ме слуша, поготово за ставови, вредности и убедувања.

Среќа што е ова форум.

--- надополнето ---

Потписот е сарказам. Јас го напишав, со саркастична намера да ја исмеам фразата во која очигледно не верувам и ја сметам за смешна. Иронијата во себе не мора да содржи презир или потсмев, едноставно укажува на неконгруентност помеѓу очекуваното и добиеното. Провери си ги дефинициите, пошто одамна било шесто, а сега плус имаш интернет: http://en.wiktionary.org/wiki/sarcasm и http://en.wiktionary.org/wiki/irony

За тоа со научниците, смешно е и доста со мерење. Ко у маало, коа некој се фали дека братучед му завршил факултет. Што е битно дали бил агностик, атеист или џедај? Религиозен не бил и цел живот пишувал против религијата. Можеше барем првиот пасус да го прочиташ, ама изглеа не ти се кликна.

Као да нешто ќе смени во светот денес тоа што Никола Тесла бил според некои православен христијанин. Погледни ги статистиките во светот денес и забележи колку од научниците веруваат во Господ.

Доста со наука? ОК. Ајде тогаш со рацио. Може? Или, еве, ти бирај со што.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Дали и колку има удел во вашата определба "изјавата" на Ниче дека Бог е мртов ?
Зависи кој го чита. Да се прашувам јас Ниче би го забранил за читање пред да се помине соодветен тренинг ко во војска...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прашање до атеистите дали сметаат дека свеста е алгоритамска по природа.
Ако е зошто е така и ако не зошто не е така.
Јас сметам дека не е! :D

...аха... дека e триипол више :|
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Неусогласеност, изместеност, несоодветност... и некомпатибилност, ваљда...

Абе, си чекал едно, а си добил друго - иронија. Пример: Ги бараш цвикерите пола саат, а на нос ти биле цело време. Која иронија, човече... :P
или: Печуркарот се отрул, Кондураџијата - бос!

А сарказам има на претек у оној постот со Богот стрелец - заштитник на малите момчиња. И, да, и потписот мој вришти од сарказам.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
..... сте фатени во замката да биде “а“, да се противите, да негирате, да верувате дека нештото во што други веруваат, за вас не постои.
Очигледно читаш но не разбираш. Кај атеистот не постои верување дека нештото не постои. Не постои верување воопшто, во ништо, ни во постоење ни во непостоење. Тоа беше целта на моето излагање, а жал ми шти ти сам си се пронајде во модерните. Сепак знај дека 100 пати кажана невистина не станува вистина.
Веруваат дека не постои“ и „не веруваат дека постои“ се сосем различни, дијаметрално спротивни ставови.
По дефиниција се знае што е теизам што атеизам, не додавај ни одземај.
Ќе ти направам една споредба. Или си месождер или вегетаријанец, нема трето, во најдобар случај си и едното и другото.
Не можеш да кажеш јас сум вегетаријанец (или шпанец или автомеханичар), не сум ни теист ни атеист.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еве, и јас се надоврзувам, со неколку прашања, на кои очекувам саглам одговори:

1. Како атеистите разликуваат добро од зло?
2. Како атеистите разликуваат праведно од неправедно?
3. како атеистите ја толкуваат вродената човекова религиозност?
4. Како атеистите ја толкуваат човековата љубопитност за барање на „...нешто повеќе...„, како што е смислата и целта од нашето/човековото постоење на Земјава?
5. Како атеистите ја толкуваат идејата за Бога, која на човекот му е „фабрички„ вградена?
6. Како атеистите за разбираат способноста на човековиот дух за тежнее кон бесмртност и кон безмерни категории?

Доста е за почеток...
Предлагам овој прилог на МИКИ1 да се прогласи за најконзистентно одговорен пост на целиот подфорум Религија.
По моите слободни проценки, некои 6-7 луѓе пишаа, горе-доле, ист одговор, без никој да влезе во концептуален конфликт со некого од „својата страна“.
Пробај најди го тоа на прашања за Христијанството/Исламот...
 
Член од
11 февруари 2011
Мислења
20
Поени од реакции
3
milo mi e sto gledam vaka dobri odgovori na glupava tema... :)

ustvari, zasto nekoj ''vernik'' bi otvoril vakva tema ako navistina veruva... ili pak potrebno mu e da si se ubedi

ps. se razbira deka svesta e proizvod na materijata..... koj videl nematerijalna svest neka mi se javi :D
 
L

Liberation

Гостин
Очигледно читаш но не разбираш. Кај атеистот не постои верување дека нештото не постои. Не постои верување воопшто, во ништо, ни во постоење ни во непостоење.
Теизмот и атеизмот се контраат единствено околу концептот на бог, ете ти викаш првите верувале во бог, вторите не верувале. Ама не постоењето верување во ништо е преширок концепт, со оглед на зборот-кованица со кој се идентификуваш во поглед на твојата филозофија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom