Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Од очевидците на тој феномен, нема ни трага ни глас, а моето око се‘уште гледа дека Сонцето се „врти„ околу Земјава, а не обратно.
Епа затоа и ќе останеш поставувач на неодговорени прашања.
 
Не е иронично, оти ова кое го пишуваш, е класична замена на тези, а ја‘ рекол вака: неукиот и ограничен човек си ја има од Бога објавената вистина, а не дека неукиот и ограничен човек се напиња да Го брани Бога.
Не е замена на тези. Има објективни и егзактни методи со кој се утврдува дали и зошто земјата се врти околу сонцето. Наједноставен пример е гравитацијата, таа е појака онолку колку што е поголемо едно тело, сонцето е далеку поголемо од земјата и има поголема гравитација според тоа, земјата се врти околу него а не обратно. Ова е најпрост пример со кој може логички да се донесе заклучок без притоа да се оди надвор од сончевиот систем за да се види тоа движење.
 
Ајде изведи логички заклучок од она кое го гледа моето око: а тоа гледа жолт круг, (не топка), со одредена боја и температура, (не онаа од 5 000 ст. Ц), со занемарлив пречник (а не пречник о 1 380 000 км) кој изгрева, се движи кон зенитот и заоѓа....
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 23:28 ---
Епа затоа и ќе останеш поставувач на неодговорени прашања.

Да де, и затоа поставувам токму такви прашања.
 
Ајде изведи логички заклучок од она кое го гледа моето око: а тоа гледа жолт круг, (не топка), со одредена боја и температура, (не онаа од 5 000 ст. Ц), со занемарлив пречник (а не пречник о 1 380 000 км) кој изгрева, се движи кон зенитот и заоѓа....
Miki постои еден процес кој се вика: "Образование", таму се дознаваат работиве кој ги прашуваш, на пример тоа како да дознаеш големина и димензии на објект во далечина.
 
Ајде нека е точно тврдењето на Црквата дека Сонцето се врти околу Земјата.

Како тоа тврдење го докажува постоењето на Бог, онаков како што го опишува истата таа црква?
 
Miki постои еден процес кој се вика: "Образование", таму се дознаваат работиве кој ги прашуваш, на пример тоа како да дознаеш големина и димензии на објект во далечина.

Тачно: образиванието (по чиј образ?...) образува кадри по одреден шаблон, кои не се сомневаат во „вистините„ кои ги нуди образованието, ама се полни со сомнеж кон образот и подобието Божјо.

Да не тапам многу: темава е наменет за прашања до атеистите па кој се исповеда за атеист, нека одговори на она што е поставено како е прашање...
 
Иако не се чувствувам како Атеист, би прашал на кое прашање мислиш?
 
Како тоа тврдење го докажува постоењето на Бог, онаков како што го опишува истата таа црква?

Доказот е совршено едноставен: преку вера во запишаното и преку емпириска споредба на запишаното и виденото...
Битието точно опишува што е Сонцето и што е неговата улога во Светот и во нашите животи, а што е очигледен доказ, за кој нема потреба од млатење празна слама со вакви, онакви или нечии недостапни и непроверливи докази.
 
Не е иронично, оти ова кое го пишуваш, е класична замена на тези, а ја‘ рекол вака: неукиот и ограничен човек си ја има од Бога објавената вистина, а не дека неукиот и ограничен човек се напиња да Го брани Бога..
А зошто од Бога објавената вистина е иста со ограничената опсервациона моќ на неукиот човек?
 
Иако не се чувствувам како Атеист, би прашал на кое прашање мислиш?

Еве неколку мои, од пред некој ден, иако веќе имам поставено неколку дузини прашања:

- Во што верувате?
- На што се надевате?
- Кого го сакате?
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 23:46 ---
А зошто од Бога објавената вистина е иста со ограничената опсервациона моќ на неукиот човек?

Не е иста, а напишаново е само Твој став, додека темава се‘упште е за атеистите, не е за теистите.
 
Доказот е совршено едноставен: преку вера во запишаното и преку емпириска споредба на запишаното и виденото...
Битието точно опишува што е Сонцето и што е неговата улога во Светот и во нашите животи, а што е очигледен доказ, за кој нема потреба од млатење празна слама со вакви, онакви или нечии недостапни и непроверливи докази.

Хмм. Запишаното и виденото се еквивалентни. Сосема во ред.

Меѓутоа и пред Бибилијата, еден куп народи гледале дека СОнцето се движи околу Земјата.

Ама не запишале, и не велеле дека им го кажал тоа Бог.

Таа вистина "Сонцето се врти околу Земјата" датира од пред Библијата. Да или Не?
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 23:50 ---
Еве неколку мои, од пред некој ден, иако веќе имам поставено неколку дузини прашања:

- Во што верувате?
- На што се надевате?
- Кого го сакате?

Аха ок. Нека ти одговорат атеистите.:)

Моите одговори се следните, и немаат врска со атеистите.

- Во Бог.

- На Живот во Рајот

- Бог и многу луѓе.

п.с. Бог и Рајот не се исти како Богот и Рајот опишани од Црквата;)
 
.
Таа вистина "Сонцето се врти околу Земјата" датира од пред Библијата. Да или Не?

Прашањево е прашање за атеистите или прашање за теистите?

Настрана тоа, еве ќе одговорам: очигледноста на сончевото движење е очигледен феномен, непотребно е тоа да докажува, но за самиот запис во Битието не е најбитното дека Сонцето е природен објект со своја улога во природата и во животот од човекот, туку многу е побитно да осознаеме дека и Сонцето има свој Торец, а не дека Сонцето е само по себе бог, како кај некои народи и нивните религии.

Да поедноставам: Сонцето се „врти„ околу Земјава и пред Библијата да биде запишана.
 
За болдот, ако поставам еквиваленција БОГ = УНИВЕРЗУМ, се добива ли точен исказ?
 
Кога ќе стане Сонцето црвен џин ќе ти биде појасно кој околу кого се врти. :pos:
 
Не е проблемот, што некој ќе каже на форумот, туку како една институција како Црквата, која има милијарди поданици, сеуште се држи до вакви дефиниции.

И после се чудат како им се намалуваат верниците, онакви какви би сакале да си ги имаат - слушај што зборувам, не гледај што правам
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom