Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Хмммм, убеден сум дека себе си се гле‘аш у оние 5%....:sneaky:

Патем кажано, заглупувањето на луѓето не е природен процес, туку е процес кој е наметнат од одредени центри на моќ, или можеби то‘ еволуцијата нешто засрала, фатила погрешен правец и почнала да де-еволуират...

Не бе Мики, глупавите луѓе се опремени со доволо интелигенција за да можат да преживеат. Еволуцијата повеќе заебала кај овие 5%.

:)

Никакви центри на моќ на се потребни за човештвото да биде глупаво. Знаеш како вели Карлин? Замисли колку е глупав еден просечно ителигентен човек. Е потоа сети се дека половина од човештвото е поглупаво од него.
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 09:54 ---
А заеби сеа, не биле твои. Ќе си ги сркаш. Немој сеа и ти као вернициве, јас сум прав атеист а овие се фалш.

No business like show business.

На тоа се сведува целата приказана со атеистичките мега цркви.
 
No business like show business.

На тоа се сведува целата приказана со атеистичките мега цркви.

Немам ја ништо против, чак ми е гаље. Нек се врти пара. Ако, така треба. Доста више црквиве праеја миљарди, еве сеа и атеизмот да се опраи, институционално да ојача.
 
Не бе Мики, глупавите луѓе се опремени со доволо интелигенција за да можат да преживеат. Еволуцијата повеќе заебала кај овие 5%.

:)

Никакви центри на моќ на се потребни за човештвото да биде глупаво. Знаеш како вели Карлин? Замисли колку е глупав еден просечно ителигентен човек. Е потоа сети се дека половина од човештвото е поглупаво од него.

Ставро,

најглупавата работа што еден поединец мож‘ да си ја напра‘и е ако самиот себе почне да се заглупува, така што ќе дозволи да го заглупуваат. Тоа масовно заглупување е процес на кој сме очевидци, а кој се одвива и преку образовниот систем и преку медиумите: разликата е само во то‘, дали сум свесен дека ме заглупуваат или доброволно се препуштам на заглупувањето.
 
Така е Мики, образованието заглупува, а Црквата отелотворена во владиката Петар просветлува.

Повеќе од очигледно е дека е така.
 
Ставро,

темава е за и околу атеизмот, не ми мешај Црква и владици на несоодветни теми. Кој, како, зашто и колку заглупува, тоа е очигледна работа, која е подложна на увид и споредби.
 
Да не беше атеизмот кој беше ослободен од верски догми, денес се уште болестите ќе се лекуваа со молитви и палење свеќи, немаше да имаме абер од биологија, астрономија, филозофија (освен христијанска) археологија и историја ќе се занимаваше само со библиски истражувања, физика ќе беше само “закони божји“ а хемија - третирана како маѓепсништво.
Религијата е лоша за човештвото оти става граници и бариери, не дозволува да се истражува, испитува, тестира, надвор од догмите.
 
Зависи кои религии и за која цел се користат религиите. Има примери кога цивилизации доста напреднале а притоа се почитувале религиозните верувања.
 
Зависи кои религии и за која цел се користат религиите. Има примери кога цивилизации доста напреднале а притоа се почитувале религиозните верувања.
На пример....???
 
Еве баш сега оди на телевизија 1492, Освојувањето на Рајот.

Баш гледам за целата среќа што рисјаните им ја донесоа на домородното население во Јужна Америка.

Ги ископачија во името на Црквата.
 
Ги ископачиа во името на Црквата.

Ставро,

не си чесен до крај, како и секој друг атеист, кој нештата ги гледа еднострано и кој се води само по една вистина: а таа е атеистичката вистина.

Точно е дека освојувачите на Америка ги истребија домородците, но тоа требење го сторија во името од нивната Црква, односно тоа го сторија во свое име, а не во името Божјо.
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 13:02 ---
Да не беше атеизмот .

Атеизмот е појава од понов датум, така да пред да се појави атеизмот, ондосно и пред атеизмот. постоеше Светов, постоеше човекот, постоеше општеството, постоеше државата, постоеше философијата, постоеше уметноста...

...што значи дека Светов може да постои и без атеизмот, кој сам на себе си ги припишува сите денешни достигнувања, сметајќи се за самодоволен, како што би рекол славниот сатанист Маркс.
 
Ставро,

не си чесен до крај, како и секој друг атеист, кој нештата ги гледа еднострано и кој се води само по една вистина: а таа е атеистичката вистина.

Точно е дека освојувачите на Америка ги истребија домородците, но тоа требење го сторија во името од нивната Црква, односно тоа го сторија во свое име, а не во името Божјо.

Името Божјо било предтекст за секое освојување, секој колеж во историјата. И продолжува да биде и сега.
 
Атеизмот е појава од понов датум,
Joк. Атеизмот е стар колку и првите религии
така да пред да се појави атеизмот, ондосно и пред атеизмот. постоеше Светов, постоеше човекот, постоеше општеството, постоеше државата, постоеше философијата, постоеше уметноста...
Постоело сето тоа и пред религиите.
...што значи дека Светов може да постои и без атеизмот, кој сам на себе си ги припишува сите денешни достигнувања, сметајќи се за самодоволен, како што би рекол славниот сатанист Маркс.
Не може. Се додека има религии ќе има и атеизам. Кога ќе ги снема религиите ќе го снема и атеизмот.
 
Атеизмот е појава од понов датум, така да пред да се појави атеизмот, ондосно и пред атеизмот. постоеше Светов, постоеше човекот, постоеше општеството, постоеше државата, постоеше философијата, постоеше уметноста...

...што значи дека Светов може да постои и без атеизмот, кој сам на себе си ги припишува сите денешни достигнувања, сметајќи се за самодоволен, како што би рекол славниот сатанист Маркс.

Секој човек се раѓа атеист - тоа е природна појава. И ти Мики беше атеист, то со христијанството ти е од понов датум и тоа зато што си роден во христијанска средина, инаку ќе беше муслиман или будист или католик.....
Математика, природни науки, географија, медицина, астрономија уметност.. настанаа во пагански и многубожечки цивилизации така да светот си функционираше и без христијанството сосема добро, Денешните основи на модерните науки и достигнувања не лежат во христијанството туку во паганството. Христовите следбеници ги спалуваа делата на античките филозофи и научнициги забрануваа и анатемисуваа.
 
Секој човек се раѓа атеист -

...вели атеистот....:icon_lol:

„Секоја човекова душа е христијанка„, вели Тертулијан христијанинот.
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 13:31 ---
Математика, природни науки, географија, медицина, астрономија уметност.. настанаа во пагански и многубожечки цивилизации така да светот си функционираше и без христијанството сосема добро, .

Наведените науки продолжија да си постојат и по појава на рисјаните.
 
...вели атеистот....:icon_lol:

„Секоја човекова душа е христијанка„, вели Тертулијан христијанинот.
--- надополнето: 15 ноември 2013 во 13:31 ---

Наведените науки продолжија да си постојат и по појава на рисјаните.
То го кажа ко се роди или со подоцнежен датум?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom