Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Дали според вашето “верување“ не верувате во Бог поради тоа што не е појавен да се види на овој свет?

Не мора да се појави физички али некој јасен знак да даде. Мислам ако е семоќен што му е проблемот да не среди сите и да не изнесе на прав пат па веќе да нема дилема.

Башка нема да има поделба Христијани - Муслимани - Евреи - Будисти и нема да се тепаме на таа основа.

Некако за семоќен господар на времето и просторот и целата креација ми изгледа некако................ непостоечки?
 
Се е тоа океј, само околу првата точка. Верувам дека абиогенезата е точна, но иако има одредени докази таа за разлика од ТЕ се уште не е докажана, се уште е само хипотеза. Можеби еден ден ќе се докаже како точна, можеби ќе испадне неточна, но немој да тврдиш со сигурност дека така сме настанале кога се уште не е целосно потврдено, не забегувај и ти во догми.

:)
 
Ех сега и ти не зезај, контрадикторно е. Велиш веруваш во абиогенеза а му велиш не завегувај во догми. :D
Јас лично не верувам во таква теорија. Иста ми е ко прикаската за бог (кој и да е)
 
Ее коа ја пишуев на она темана за Креационизам наспроти Еволуционизам, за фалинките на дел од ТЕ и абиогенезата, сите се крстеа у двете теории дека се небаре апсолутни вистини, припадници на множеството апсолутни вистини кое Гурџи го проучувал:cool:
 
Верувам дека абиогенезата е точна,

Веруваш, ама не си верник...
Веруваш во она кое некој го кажал и недокажал, ама не си догматичар...

Бреее, некои чудни атеисти се „вртат„ по форумов....
 
Ех сега и ти не зезај, контрадикторно е. Велиш веруваш во абиогенеза а му велиш не завегувај во догми. :D
Јас лично не верувам во таква теорија. Иста ми е ко прикаската за бог (кој и да е)
Верувам зошто ми изгледа логично, но има една клучна разлика која ме одделува од Мики полуписмениот. Не верувам слепо, догматично во неа, и доколку испадне неточна веднаш ќе ја отфрлам за разлика од човек кој верува дека Сонцето се врти околу Земјата.
--- надополнето: 8 февруари 2013 во 13:20 ---
Веруваш, ама не си верник...
Веруваш во она кое некој го кажал и недокажал, ама не си догматичар...

Бреее, некои чудни атеисти се „вртат„ по форумов....
Читај:
Околу атеизмот, кажано е стопати, тоа е позиција дека не постои Бог и ништо повеќе. Од таму па натака, секој атеист може да си присвои различни филозофии [и верувања] кои се надвор од самата дефиниција - атеизам.
 
А што е толку чудно од нежива материја да настане жива материја? Состојките се истите, јаглерод, кислород, калциум, железо...итн.
 
Приметувам дека на некои овде не им се јасни основни поими. Ако некој верува во било што, тој е догматичен верник. По таа логика, тој што не верува во вистинска љубов е љубовен атеист?! :confused:

Се знае што значи теизам/атеизам - верник/неверник и кон што се однесува.
 
А што е толку чудно од нежива материја да настане жива материја? Состојките се истите, јаглерод, кислород, калциум, железо...итн.
Што е па чудо од земја да направиш чоек, или од ребро жена, истите состојки нели?
 
Што е па чудо од земја да направиш чоек, или од ребро жена, истите состојки нели?

Бел дедо зел грст земја и направил човек и после од досада од неговото ребро направил жена. Highly possible.
 
А што е толку чудно од нежива материја да настане жива материја? Состојките се истите, јаглерод, кислород, калциум, железо...итн.
И стаор е животинче од месо, беспари можеш да фатиш околу контејнери и канализации, па да си напраиш грав со стаорско... или пиперки полнети со стаор или чорба месната стаорска.
 
И стаор е животинче од месо, беспари можеш да фатиш околу контејнери и канализации, па да си напраиш грав со стаорско... или пиперки полнети со стаор или чорба месната стаорска.

Оууукееееј, господине Менсон, све е во ред.
 
Бел дедо зел грст земја и направил човек и после од досада од неговото ребро направил жена. Highly possible.
Епа истата работа, дури и бетер то абиогенезата, зела сами по себе од неораганска во органска па оп организам.
Двата “метода“ ако може така да речам се крајно дебилни.
 
Епа истата работа, дури и бетер то абиогенезата, зела сами по себе од неораганска во органска па оп организам.
Двата “метода“ ако може така да речам се крајно дебилни.
Не е баш така, ако гледаме рационално. Не се споредуваат. Креационизмот тврди дека натприродно битие го создало човекот од кал као некој скулптор додека абиогенезата говори за спонтано настанување на најпроста органска материја од неорганска и нејзин развиток via еволуција (ТЕ претпоставувам дека ја прифаќаш), во склоп со физичките законитости. Затоа е логички многу поиздржана.

Меѓутоа тоа е сосем друга дискусија, ќе забегаме ептен офтопик. Поентата ми е дека абиогенезата се уште не е докажана, но не е ни побиена. Можеш да не веруваш во нејзината точност, но не можеш со сигурност да кажеш дека е неточна, исто како што јас не можам со сигурност да кажам дека е точна. Времето ќе покаже дали оваа претпоставка е точна, ако е - океј, ако не е - пак океј, ќе ја отфрлам, ништо не ми менува. Разликата од догматичните верници е тоа што јас не тврдам дека ја знам вистината за настанокот на живиот свет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom