Ако сакаш ептен едноставен одговор, да, ама помалце од мене и тебе, но повеќе од вирусите.
Научно барем, свеста е само збор. Не постои како реален ентитет, иако разговорно можеме да ја употребуваме за да поставуваме вакви трик прашања.
Ако научно е земено дека различни видови манифестираат различни активности со помош на нивниот мозок, зависно од тоа до кој степен се еволуирани комплексноста на акциите варира од вид до вид, од животно до животно. Ова е пример, не го зимај како некоја референца за вистината, колку да ти ја покажам поентата.
0.1 степен на „свесност“ = вирус
1-2 степен на свесност = прости габи/медузи
3-4 степен на свесност = риби/жаби
5-6 рептили
6-7 цицачи
7-8 цицачи како делфини, мајмуни
9-10 луѓе.
Во неврологијата, популарниот збор свесност е ригиден, пошто има разновидни функции на мозокот кои вклучуваат меморија, социјална активност, блаблалба...
Така што кога ги анализираат видовите се задржуваат на тоа што се анализира...
Меморија на стаорците, способност за диференцирање на различни бои кај гавраните итн.. и не се употребува зборот свесност.
Се анализираат сите одделени функции, и се прави мапа на мозокот на видовите.
А разговорно, ние го нарекуваме свест. Порано верувале дека таа способност е резултат на некој метафизички необјаслив феномен. Научно, е збор без некое емпириско значење.
Истото важи за концептот на „интелигенција“. Порано се верувало дека е некој унифициран феномен, сега се разгледува како збир од многубројни когнитивни функции кои даваат „перформанс“ кој ние го нарекуваме интелигенција.
Да....поврзаности, а не потекло. Тоа е друга работа веќе, се слагам за поврзаностите. Да бидеме реални, не постои ни еден доказ дека свеста се создава било каде во мозокот. За манифестација преку мозокот може да зборуваме. Мислам дека се разбираме.
Читај што пишав погоре.