Прасе и пици во затворот за убиецот на Мартин Нешкоски

  • Креатор на темата Креатор на темата Exclusivux
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Проблемот е онолку комплексен колку што го правиме да биде.

Mojoт предлог повеќе се однесуваше за државата и за општеството. Тоа да им се дозволи на поединците активно да се бранат е втората опција, и само во ситуации кога државата нема да успее да ја заврши обврската.

Кога сме веќе на подтема „иницирање на криминални дејствија врз оние кои веќе се криминалци од страна на оние кои не се„. Кажи ми дали мислиш дека е исправно тоа што во земјава скоро никако не можеш легално да имаш лично огнено оружје (теоретски е возможно, во пракса не е)? Не само тоа, туку дали мислиш дека е ОК да не можеш легално да поседуваш макар и пепер спреј или тејзер за самоодбрана?

И не само тоа, згора на се „приципот на неупотреба на прекумерна сила„, значи дека дури и ако имаш легално оружје и ако те нападне орангутан како убиецот од темава... пак не смееш да употребиш оружје за да се одбраниш, макар и кога е како неубиствена сила.

Доколку законот е почитуван од сите, тогаш неможноста да се поседува огнено оружје се разбира ќе донесе до негова намалена употреба. Ваквиот принцип до пред некој месец беше симболичен за САД, па сепак главни причинители за намалувањето на криминалот во САД се продолжените затворски казни, иновацијата во технологијата која помага во борба со криминалот и зголемување на процентот на луѓе над 50 години.
 
Може ли, за да биде според нашите закони, да важи принципот за неупотреба на прекумерна сила? ;)

Хахаха, па убиецот на Нешковски не можеше на должност да не употребува прекумерна сила па за друго да не правиме муабет.

Не, озбилно, не знам што друго би ми предизикало толку задоволство отколу да го гледам типот како го претепуваат до смрт.

Затоа ти викам гладијаторски игри, ќе добијат a taste of their own medicine.

Башка, како што сме заразени со кладилници, знаеш каков бизнис има да се развие. :sneaky:
 
Доколку законот е почитуван од сите, тогаш неможноста да се поседува огнено оружје се разбира ќе донесе до негова намалена употреба. Ваквиот принцип до пред некој месец беше симболичен за САД, па сепак главни причинители за намалувањето на криминалот во САД се продолжените затворски казни, иновацијата во технологијата која помага во борба со криминалот и зголемување на процентот на луѓе над 50 години.
Друга теорија е дека за намалувањето на криминалот во САД е заслужен Stand-your-ground law, со кој се дозволува послободна употреба на сила за самоодбрана.
 
За убијци на млади и невини луѓе ја би им дал само леб и вода.
ниту на учките не им е полошо
а тоа што јаде прасе и незнам што, па само тоа го има, ама цел ден е затворен и децата прашање дали си ги гледа.
 
Затворот е казнено поправна установа, таму треба да седиш зад решетки и да мислиш што си направил и со помош од лицата таму да сфатиш дека било погрешно па да излезеш од него како друга личност.

Во Норвешка затворите се подобри од нашите студентски домови. Секој си има работа од затворениците - за што го бива тоа и си работи. Ако не знае некој занат, ќе го научат. Имаат и посебни правила на социјализација на затворениците со чуварите, им делуваат како психолози, играат и кошарка и фудбал со нив, но затоа навистина е преголем процентот на екс затвореници кои никогаш повторно не се вратиле зад решетки и не направиле повторен престап.

Изволте ако мислите дека лажам http://www.guardian.co.uk/society/2013/feb/25/norwegian-prison-inmates-treated-like-people има доста линкови, може да побарате и сами.

Ова кај нас е се` само не е казнено поправна установа. Спасов ако сака нека јаде и кавијар внатре, но не гледам дека некоја од овие работиве му делува казнено или воспитувачки.
 
муабетот ми беше

Убаво гледајте за да не прашувате после зошто сум за смртна казна. И оние за Смилковско вака ќе си седат и уживаат. Моронот што ја задави и силуваше ќерката на новинарот и интернет има во затвор си се допишувал со девојчиња.
Смртна казна! А не вака да живеат, ова е понижување за сите нас.
 
Друга теорија е дека за намалувањето на криминалот во САД е заслужен Stand-your-ground law, со кој се дозволува послободна употреба на сила за самоодбрана.

Самиот линк содржи статија која ја потенцира контроверзијата околу овој закон.
http://miami.cbslocal.com/2012/03/20/deaths-nearly-triple-since-stand-your-ground-enacted/
Ваквиот начин на терање на работата, покрај масакрите кои се случија на Американско тло(Делумно поради лесната достапност на оружје и муниција), го наведе Обама на сцена да ги изнесе рестрикциите во врска со поседување на огнено оружје.
http://www.nationaljournal.com/whit...-gun-control-proposals-an-easy-guide-20130116
 
Самиот линк содржи статија која ја потенцира контроверзијата околу овој закон.
http://miami.cbslocal.com/2012/03/20/deaths-nearly-triple-since-stand-your-ground-enacted/
Порастот на смртните случаи само по себе не мора да е лоша вест. Целта е намалување на криминалот, а статијата не наведува колку од убиените се криминалци. По некој невин ќе отиде јабана, ама барем сите имаат еднаква можност да се одбранат.

Назад на ситуацијата кај нас, тука криминалците се сите вооружени со секакво огнено оружје. Целата држава е преполна со нелегално оружје и ништо конкретно не се презема за негово намалување. Каква корист од недозволување на обичните граѓани легално да купат оружје за самоодбрана?

Има конкретни случаи и тука, овој дедото што го нападнаа двајца разбојници и се одбрани себе си и бабата со ловечка пушка?
 
Кај си УДБА маме му ебам??

Само Голи Оток поправа, мислам навистина има сведоци кои се реинтегрирале после тешката работа.;)

Убаво и јасно се констатира дека Р.М нема правен систем вклучително и казнен.
 
Друга теорија е дека за намалувањето на криминалот во САД е заслужен Stand-your-ground law, со кој се дозволува послободна употреба на сила за самоодбрана.

Овде никогаш нема да се донесе таков закон, прво и основно оние кој ги носат законите не се ставаат во улога на чесен граѓанин кој што би се заштитувал себе си својот имот и семејство, се ставаат во улога на манипуланти, преваранти, криминалци,ОЛОШ
. И вика а ако некој убие некого дома па рече дека му влегол и го нападнал ?
АААА не може тоа така секој може такво нешто да направи боље нека си седи дека никој не смее никого да укока.
Едноставно е расипани се во душа и се ставаат на местото и во улога на некој што би го злоупотребил законот.
 
Порастот на смртните случаи само по себе не мора да е лоша вест. Целта е намалување на криминалот, а статијата не наведува колку од убиените се криминалци. По некој невин ќе отиде јабана, ама барем сите имаат еднаква можност да се одбранат.

Назад на ситуацијата кај нас, тука криминалците се сите вооружени со секакво огнено оружје. Целата држава е преполна со нелегално оружје и ништо конкретно не се презема за негово намалување. Каква корист од недозволување на обичните граѓани легално да купат оружје за самоодбрана?

Има конкретни случаи и тука, овој дедото што го нападнаа двајца разбојници и се одбрани себе си и бабата со ловечка пушка?

На кој начин порастот на смртните случаи е добра вест? Без разлика на тоа дали станува збор за криминалец или не, зголемување на смртните случаи е показател на неправилна политика. Не постои ниедна држава каде што големиот број на смртни случаи во престрелка е синонимизиран со просперитет во било која сфера.

Тука веќе станува збор за корупција на која ниеден систем не е отпорен. Било кој метод ќе биде засенет и отфрлен како невалиден ако му ја прилепиш корупцијата. Прашањето е дали и кој начин е поподложен на корупција.
Случајот со Trayvon Martin во САД е еден таков пример, бидејќи законот отвара можност да се избегне лежење затвор за убиство на основа на самоодбрана(Доколку не постои евиденција да го докаже спротивното).
 
Затоа и нагласувам постојано дека моментално единствено затворот краткорочно го решава проблемот така што ги држи внатре криминалците, подалеку од општеството. Потребно е да се развијат нови методи кои долгорочно ќе делуваат на декриминализацијата во општеството.

Одамна е измислен таков метод. Се вика смртна казна и чини некаде $50 по затвореник, што е еднакво на само неколку оброци што даночните обрзници треба да му ги платат на зтвореникот додека го чуваш во затвор.
 
И е неефективен во намалувањето на криминални дејанија.
http://www.deathpenaltyinfo.org/det...alty-have-had-consistently-lower-murder-rates
Е сеа... onegai, Light-kun.
tumblr_m0aqo7guQ71rnoyg6o5_r1_500.gif
 
Ирелевантно, ете и затворот не е ефикасен во намалувањето криминал. Етички е многу пооправдано да ги потепаме затворениците, бидејќи се издржувани од даноците на луѓето кои би биле нивни потенцијални жртви ако ги пуштиме надвор од затвор.
 
Етички пооправдано е во очите на тие што не се под нож. Најефикасен метод против криминалот е негово спречување уште пред да се изврши, а такви програми(GED за затвореници итн.) се многу послабо финансирани во споредба со казнените додека студии потенцираат дека првиве се поефективни иако криминалот(неговите причинители) сам по себе е инфлуентиран од повеќе фактори а не само ниво на едукација.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom